Главна страница

Од Meta
(Пренасочено од Главна страница)
Оваа страница е преведена верзија на страницата Main Page, а преводот е 100% потполн и тековен.

Мета-вики

Добре дојдовте на Мета-вики — мрежно место на глобалната заедница посветена на Викимедиините проекти и Викимедииното движење воопшто. Разговорите кои се водат на Мета се со различен карактер: од координација и документација, па до планирање и анализа на идните активности во рамките на движењето.

Другите викија што се задржуваат на вакви тематики, како „Досег“ (Wikimedia Outreach), се наменски проекти кои водат потекло од Мета. Дискусии од овој вид се одвиваат и на поштенски списоци (особено на wikimedia-l и нископрометниот подружник WikimediaAnnounce), на ИРЦ-канали на Libera, на поединечните викија на подружниците и разни други места.

Заедница и општење
Фондација Викимедија, Мета и братските проекти
Фондацијата Викимедија е опсежна непрофитна фондација која ги поседува опслужувачите на Викимедија заедно со доменските имиња, логоата и заштитните знаци на сите Викимедиини проекти и МедијаВики. Мета-вики е вики кое служи за координација на разните Викимедиини викија.