Правила за дарителите

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
Jump to: navigation, search
This page is a translated version of a page Donor policy and the translation is 100% complete.

Other languages:
العربية 100% • ‎অসমীয়া 6% • ‎български 100% • ‎čeština 15% • ‎dansk 100% • ‎Deutsch 100% • ‎Deutsch (Sie-Form)‎ 100% • ‎Zazaki 49% • ‎English 100% • ‎Esperanto 19% • ‎español 100% • ‎euskara 6% • ‎فارسی 51% • ‎suomi 96% • ‎français 100% • ‎galego 100% • ‎italiano 100% • ‎日本語 100% • ‎한국어 6% • ‎Ripoarisch 2% • ‎Lëtzebuergesch 47% • ‎lingála 17% • ‎македонски 100% • ‎Nederlands 100% • ‎occitan 2% • ‎ਪੰਜਾਬੀ 19% • ‎polski 15% • ‎پښتو 17% • ‎português 100% • ‎português do Brasil 100% • ‎русский 100% • ‎svenska 17% • ‎Kiswahili 100% • ‎Türkçe 2% • ‎українська 100% • ‎ייִדיש 9% • ‎中文(简体)‎ 100% • ‎中文(繁體)‎ 100%

Повелба за правата на дарителите[edit]

Ние ја поддржуваме Повелбата за правата на дарителите (Donor Bill of Rights).

Филантропијата се темели на доброволни чинови за општото добро. Ова е традиција на дарување и споредлување која е од суштинско значење за квалитетот на животот. За да се осигураме дека филантропијата ја заслужува почитта и довербата на јавноста, а дека дарителите и можните дарители може да имаат полна доверба во непрофитните организации и потфати кои од нив бараат поддршка, изјавуваме дека сите дарители ги имаат следниве права:

  1. Да бидат известени за целите на организацијата, за начинот на кој таа има намера да ги искористи собраните средства и за нејзината способност да ги користи целисходно за предвидените намени.
  2. Да бидат известени за идентитетот на лицата што членуваат во управниот одбор на организацијата и да очекуваат одборот да носи мудри и внимателни одлуки при раководењето.
  3. Да имаат пристап до најновите финансиски извештаи.
  4. Да им се гарантира дека подарените средства ќе се искористат за целите за кои се дадени.
  5. Да им се оддаде соодветно признание.
  6. Да им се гарантира дека со информациите за нивните дарувања ќе се постапува со почит и доверливост како што налагаат законите.
  7. Да очекуваат дека сите односи со лицата што ги претставуваат организациите за кои е заинтересиран дарителот ќе бидат од службена природа.
  8. Да бидат известени дали оние што молат за дарување се доброволци, вработени во организацијата или најмени правници.
  9. Да ја имаат можноста името да им се избрише од поштенските списоци кои организациите би можеле меѓусебно да ги споделат.
  10. Слободно да поставуваат прашања кога даруваат и да добиваат брзи, точни и искрени одговори.

Текстот на оваа изјава во целост е дело на Здружението на прибирачи на средства (AFP), Здружението на здравствена филантропија (AHP), Советот за унапредување и поддршка на образованието (CASE) и Институтот за дарување: Водечки консултанти на непрофитни организации.

Заштита на личните податоци на дарителите[edit]

Содржината на оваа страница е официјално правило одобрено од Одборот на доверители на Фондацијата Викимедија. Викимедија има најголема почит кон приватноста на своите дарители. Во прилог на тоа нашата посветеност на вашите права, ние ги изработивме овие Правила за заштита на личните податоци на дарителите наменети за нашиот персонал и доброволци, каде објаснуваме што претставува правилна и дозволена употреба на вашите лични податоци.

Кои информации ги прибираме[edit]

Викимедија. Личните податоци на дарителите ги користиме за обработка на уплатите и преписка со дарителите во врска со Викимедија, прибирањето на средства и други работи на Викимедија. Во овие податоци спаѓаат име и презиме, подарен износ, адреса, телефонски број, коментари на дарителот, е-пошта и други информации што ни ги дал („Податоци за дарителот“). Во случај на прилози што се уплатени со чек, во податоците за дарителот се вклучуваат и оние што се испишани на чекот.

Како дел од нашата посветеност на квалитетно дарување, може да зачуваме разни податоци што се прибираат како дел од стандардната работа со мрежното место (како низи од корисничкиот агент, IP-адреси, упатни низи и колачиња). Овие податоци би се употребувале за целите опишани во овие правила, вклучувајќи го задоволувањето на аналитичките потреби и подобрување на функционалноста на мрежното место. Колачињата од дарителите и трети лица (како оние што го обработуваат плаќањето) имаат ограничена употреба: за проследување на сесиите, помош при складирање на податоците и исполнување на целите зацртани со овие правила. Доколку сакате да оневозможите колачиња или да ги избришете, тоа можете да го сторите во поставките на прелистувачот, но имајте на им дека тоа веројатно ќе влијае на функционалноста на мрежното место.

Обработувачи на уплатите и други услужници. Обработувачите на уплатите овозможуваат електронско дарување со платежна сметка, кредитна акртича и други начини на плаќање. Тие заведуваат извесни податоци од дарителите, а нивниот пристап кон заштитата на податоците можете да го дознаете доколку се обратите кај нив.

За да обезбедиме што е можно подобра услуга за дарителите, ние работиме со услужници и понекогаш со нив ги делиме, или преку нив ги пренесуваме личните податоци. Такви услуги се, на пример, складиштата, оние што го овозможуваат преносот на податоци и организациите што им помагаат на непрофитните организации во прибирањето на средства.

Како ги користиме тие податоци[edit]

Податоци на дарителите. Податоците од дарителите може да се користат за следниве цели:

  • Доставување на потврди и заблагодарување на дарителите за подарените средства
  • Известување на дарителите за престојни прибирања на средства и други активности на Викимедија
  • Внатрешна анализа, како истражување и аналитика
  • Деловодство
  • Давање отчет на владини агенции како што налага законот
  • Испитувања, метрика и други аналитички цели
  • Други цели поврзани со прибирањето на средства

Совен ако не е поинаку наведено, ние не ги објавуваме, продаваме, разменуваме и најмуваме податоците на дарителите. Во промотивни активности или прибирање на средства понекогаш користиме анонимизирани информации од дарителите. Коментарите што ги пишуваат дарителите може да се објават јавно и во промотивен материјал. Расположивите податоци може да ги искористиме како надополнување на податоците на дарителите за да ги подобреиме информациите во прибирањето на средства. На дарителите може да им биде понудена можноста прилогот што го дале да биде јавно поврзан со нивното име, освен ако не се бара поинаку во склоп на постапката на дарување.

Податоците собрани за обработувачите на уплатите и другите услужници се користат само за целите опишани во овие правила.

Финансиски информации[edit]

По правило, пристапот до финансиските податоци е ограничен. До нив можат да дојдат само професионалните членови на кадарот и доброволците што треба да ги обработат информациите од горенаведените причини. Личните финансиски податоци не ги продаваме и разменуваме со другите странки.

Уплатите направени преку интернет се вршат преку нашите соработници. Нивните правила за заштита на личните податоци се истакнати на нивните матични мрежни места, каде ве води самата постапка на уплаќање. Доколку плаќаре со кредитна нартичка, знајте дека ние не ги зачувуваме податоците од картичката, бројот на сметката и другите податоци кои одат право крај службите за обработка на уплатите.

Прилозите уплатен си чек се заклучуват во сеф. Ова овозможува особено висок степен на безбедност и доверливост.

Контакт[edit]

Доколку имате прашања во врска со овие Правила за заштита на личните податоци на дарителите или за состојбата и исправноста на вашите податоци како дарител, обратете ни се на donate <at> wikimedia.org или пишете на адресата:

Wikimedia Foundation Inc.
149 New Montgomery Street, 3rd Floor
San Francisco, CA 94105
USA

Доколку сакате да уплатите прилог со чек, испратете го на:

Wikimedia Foundation, Inc.
P.O. Box 98204
Washington, DC 20090-8204
USA
Note: donations by check are processed directly at our centralized lockbox location which is in Washington, DC.

Безбедност[edit]

Ние сме посветени на заштитата на личните податоци на нашите дарители од неовластен пристап, измена, обелоденување и уништување. Меѓу другото, за оваа цел, практикуваме низа безбедносни постапки, вклучувајќи мерки за обезбедување на пристапот до чувствителните податоци и настојуваме да направиме сè за да се справиме со можните слабости во безбедноста кај разните алатки и бази на податоци.

Обелоденување на податоците[edit]

Податоците може да ги обелодениме доколку тоа се бара по закон; кога ќе се јави потреба да ги заштитиме нашите права, приватност, безбедност, имот, дарители или корисници; и кога мораме да ги наложиме условите на нашите услуги.

Измени[edit]

Повремено може да се случи да ги измените овие Правила за личните податоци на дарителите. Сите такви измени ќе се појават на оваа страница. Посодржајните промени ќе бидат соопштени преку вообичаените механизми по кои општиме со нашите корисници и заедницата. Препорачуваме повремено да ја отворате оваа страница за да видите дали има измени во правилата.

Одредиште на податоците[edit]

Викимедија е светска организација. Дарувајќи, вие се согласувате со пренесувањето на собраните податоци во Соединетите Држави и други места, според потребите за исполнување на целите опишани во овие правила.

Чување на податоците[edit]

Податоците од дарителите ги чуваме не подолго од онолку колку што е потребно за исполнување на целите опишани во овие правила, освен ако подолг период не се бара по закон или уредби. На пример, даночните закони во Флорида налагаат Фондацијата да ги чува евиденција со контактните податоци и степенот на придонес.

Права[edit]

Вие имате извесни права што се однесува до вашите податоци кои ги заведуваме. Доколку побарате, ќе ви соопштиме кои ваши податоци ги чуваме во евиденција и ќе ги исправиме оние што се погрешни. Исто така ќе направиме разумни напори за да ги избришеме вашите информации доколку тоа го побарате од нас, освен во случај да ни е наметнато да ги чуваме.

Делокруг[edit]

Ова конкретно правило се однесува на лицето што го објавува. Ако ја посетите страицата за дарување од место кајшто имаме Огранок, може да бидете – иако не мора да значи – одведени на мрежното место на тој Огранок. Ограноците се независни и може да објават поинакви правила и практики, зависно од локалните закони, услови и од други причини. Меѓутоа, Ограноците што учествуваат во прибирањето на средства мора да се придржуваат до начелата зададени во овие правила. Овие правила не се однесуваат на податоците од извори кои не се дарителски, како уредувања и придонеси во содржините на проектите и функциите.

Последните измени се извршени во стептември 2011
Претходни правила (јули 2011) (за прирачен увид)
Претходни правила (2009) (за прирачен увид)