Fundraising 2010/mk

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
Други јазици
  Вовед       Пораки       Одбор       Тестирање       Превод       Новости    



Новости!

Приклучете се[edit]

Сакате да се приклучите? Овогодишната акција за прибирање средства се темели на заедницата, која ќе ги преведува пораките и ќе се увери дека оваа акција нè претставува сите нас. Предложете плакат, приклучете се во одборот, испратете повратни информации, уредете ја оваа страница!

Предложете и дискутирајте Приклучете се Тестирање Преведување
Предложете плакати и коментирајте ги со другите Пријавете се во одборот за да помогнете! Дознајте што досега е тестирано и како тоа функционира. Помогнете ни во преведување на постоечките плакати и страниците за донации.

За донациите во 2010[edit]

Како и претходните години, пораките кои се појавуваат на врвот на страниците на Викимедија сочинуваат одредници на акцијата. Секој четврток, спроведуваме тест со кој ќе ги анализираме различните пораки кои ги предложиле читателите.Членовите на Викимедија и надворешните соработници кои изразиле интерес да помогнат. Заедно ги изнесуваме сите наши идеи во голем лонец и ќе видиме што ќе произлезе.

Овогодишното прибирање на средства се заснова на соработката. Воочивме дека пораките, кои имаат добри резултати во Соединетите Американски Држави, немаат секогаш добри резултати и во другите делови на светот, па затоа бараме од заедницата, интензивно да се вклучи во размената на пораки, планирањето и спроведувањето на овогодишното прибирање средства.

Основни начела:

  1. Пораките ќе бидат одраз на она што сме ние. Тие ќе претставуваат вредност и интегритет на проектите и организацијата.
  2. Пораките ќе се разгледуваат праведно, без оглед на тоа од каде се пристигнати и сите пристигнати пораки ќе бидат еднакво третирани (пораките кои се предложени од стручни лица ќе се разгледуваат на ист начин како и пораките кои се предложени од заедницата) и тестирани праведно. Основниот механизам ќе биде со цел да се добијат пораки од целокупната заедница (вклучувајќи и лица) и консултантите и истите да се тестираат.
  3. За пораките ќе се одлучува врз основа на факти. Пораките кои се користат ќе бидат ригорозно тестирани, а оние кои не функционираат нема да се користат. Ќе биде прецизно дефинирана методологијата на тестирање, која нам ни обезбедува вистински и добро разгледани податоци за донесување на одлуки.
  4. Пораките ќе бидат прилагодени. Ако локалната заедница (огранок, јазичен одбор, проект) смета дека одредена (соодветна) порака подобро функционира во односното опкружување, ние ќе ја подржиме.


Прочитајте повеќе