Википодатоци/ЧПП
Ова е збир од често поставувани прашања за проектот Википодатоци. Доколку мислите дека нешто недостасува, слободно обратете се кај Лидија за да ви разјасни.
Што е целта на Википодатоци? [edit]
Википодатоците имаат за цел да создадат заедничко складиште на податоци. Со ова ќе се овозможи нивно собирање и згрижување, за да можат да се користат на сите проекти на Викимедија, како и од трети лица. Еве еден пример: Википодатоци содржи датум на раѓање на некоја личност од јавен интерес здружен со неговото име. Ова ќе треба да се одржува само на едно место, но потоа ќе може да се користи на сите Википедии и на други места. По ова проектот е сличен на Ризницата – но тука се во прашање податоци наместо мултимедијални содржини.
Која е временската рамка за првичната разработка на Википодатоци? [edit]
Првичната разработка ќе се одвива во три фази. Во правата фаза ќе се подобруваат јазичните врски. Втората фаза опфаќа инфокутии, и ќе им овозможи на уредниците да ги збогатуваат истите со податоци од Википодатоци. Во третата фаза ќе се работи на списоци, овозможувајќи нивно автоматско создавање врз основа на податоците во Википодатоци, наспроти досегашното рачно создавање и одржување.
Повеќе за секоја фаза ќе најдете во техничкиот предлог.
Првиот дел од екипата почна да работи на 1 март 2012, а остатокот на 1 април 2012. Предвидено е на проектот да се работи сè до крајот на март 2013.
Што, на пример, сака да постигне проектот Википодатоци штом ќе биде готов? [edit]
Википодатоци има задача да даде поддршка на уредништвото и трети лица кои сакаат да користат голема база на згрижени податоци (на пр. за нивните програми).
Што се однесува до уредничките заедници, особена цел на проектот е намалување на товарот при одржување и помош за помалите Википедии. Одржувањето ќе се намали во два облика: прво, податоците што се употребуваат во повеќе статии ќе се одржуваат само од едно место; второ, автоматското создавање на списоци ја отстранува потребата од рачното правење и подновување на истите. Се надеваме дека Википодатоци ќе им помогне и на помалите википедии со готово преземање на содржините во некои од статиите.
Има ли некои претпоставки и услови за Википодатоци? [edit]
Список на основни претпоставки и услови ќе најдете тука.
Како Википодатоци ќе го измени начинот на уредување на статиите? [edit]
Тоа допрва треба да го осмислиме во потесна соработка со заедницата.
Прво, страниците нема да имаат потреба од одржување на јазичните врски. Со тоа се отстранува потребата од многу ботовски уредувања. Потоа, податоците во инфокутиите ќе бидат секогаш тековни, без потреба од нивно одржување (поднова, измени) во самиот текст на статиите. Со ова викитекстот ќе стане многу почист: наместо огромниот нечитлив куп од големи загради, на почетокот од страницата ќе стои само мала ознака за шаблон како {{инфокутија-град}}. Ова ќе го олесни уредувањето на податоци во инфокутиите: наместо да чепкате по синтаксата на параметрите, ќе има многу поедноставни обрасци за внесување на податоците.
Кој ги обезбедува средствата за работа на проектов? [edit]
Средствата за првичната разработка ги добивме како доброволен прилог од Аленовиот институт за вештачка интелигенција, Google, Inc. и Фондацијата „Гордон и Бети Мур“. Понатамошното одржување и работа со Википодатоци ќе го финансира Фондацијата Викимедија, како што е случај со другите проекти (Википедија, Викиуниверзитет и тн.)
Како можам да учествувам? [edit]
Има многу работа, па затоа секоја помош е добредојдена. Најдобро е да се претставите на поштенскиот список на Википодатоци или да дојдете на ИРЦ-каналот #wikimedia-wikidataconnect на freenode. Потоа заеднички ќе одлучиме како со што да помогнете.
Можете да учествувате и на следниве начини:
- да земете учество во дискусии по техничка проблематика (како податочни модели и тн);
- да пишувате код;
- да помагате со сосредоточување на Википодатоци во википедиите (технички и нетехнички);
- да учествувате во самиот проект по неговото пуштање (на пр. со уредување на податоци).
Каде да ги најдам најновите актуелности и соопштенија за проектот? [edit]
Послужете со еден од начините наведени под „Актуелности“ на главната страница на Википодатоците за да бидете во тек со развојот.
Имам многу податоци што сакам да ги приложам. Како да го направам тоа? [edit]
Баш ни е драго што сакате да приложите многу податоци на Википодатоците. Подигањата на големо ќе бидат технички изводливи, но дали и како ќе бидат допуштени ќе биде одлука на заедницата. Во оваа рана фаза, развојната екипа не би сакала да има вакви подигања, бидејќи големото количество на податоци бара голема заедница што треба да ги одржува. Затоа, прво би се задржале на изградба на заедницата, а потоа на количеството на податоци. Со ова ќе се осигураме дека заедницата ќе може долгорочно да се грижи за насобраните податоци. Во меѓувреме можете да се заведете на оваа страница и да им помогнете на сите да добијат претстава за расположивите податоци.