Wikimedia Commons/mk
| Wikimedia projects |
|---|
| Complete list of Wikimedia projects — List of Wikimedia projects by size |
| Јазик: | English • العربية • български • česky • Deutsch • македонски • română • русский |
|---|
Заедничката Ризница на Викимедија (македонска страница) е централно складиште за слободни слики, музика, аудио и видео снимки, и spoken texts. Лансирана е на 7 септември, 2004 г.
Contents |
Управување со Ризницата [edit]
Членот на одборот на Викимедија Тинг започна дискусија на страницата на селската чешма на англиски јазик во врска со управувањето со Ризницата.
Што е Ризницата? [edit]
Ризницата, меѓу другото, спречува дуплирање на подигнати медиумски податотеки со тоа што се нуди како едно заедничко место за подигање на податотеки, кои потоа можат ги користат сите проекти на Фондацијата Викимедија. На пример, една слика подигната на ризницата може да се вметне на Википедиите на сите јазици.
Ризницата е и повеќејазична. Тоа значи дека на една иста страница постојат повеќе јазици. Ова е изводливо бидејќи највеќето „статии“ се слики со краток опис.
Погледајте го планот на проектот за сите подробности.
Мотиви [edit]
Порано секој проект на Викимедија -- секоја Википедија, Викиречник, како и Викикниги, Викиизвор и Викицитат -- користеа свои именски простори за слики. Вака нема солиден начин на наведување на слики од други проекти. Многу добри, слободни подигнувања на едно вики остануваа незабележани на друго. Така, се јавуваше непотребно дуплирање на интелектуална и креативна работа, како и бесцелни вишоци и непотребно и поголемо одржување.
Шаблони [edit]
За поставување на врски кон Ризницата на другите братски проекти на Викимедија (т.е. Википедија, Викикниги, Викивести...), употребувајте го шаблонот {{Commons}}. Видете template:Commons.
Директни врски кон проектот [edit]
Посетете ја главната страница на проектот на http://commons.wikimedia.org/wiki/Главна_страница (македонски) и http://commons.wikimedia.org/ (англиски) за подетални информации.