Значајни новости за Викимедија — мај 2014

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
This page is a translated version of the page Wikimedia Highlights, May 2014 and the translation is 100% complete.


Значајни новости од Извештајот на Фондацијата Викимедија и Викимедииниот технолошки извештај за месец мај 2014 г, со преглед на други поважни настани од движењето на Викимедија

Значајни новости за Викимедија

Нагледно видео на алатката „ZoomProof“, со која се олеснува контролата на текстови во Викиизвор на ерменски јазик — еден од 12-те нови поединечни потфати (IEG)

12 нови доделувања на средства за поединечни потфати

Средствата за поединечни потфати (IEG) на Фондацијата ги поддржуваат проектите на поединци или мали екипи за приредување, градење, создавање, истражување или овозможување на нешто што ја подобрува работата на Викимедиините доброволци. 12-те добитници на средства од првиот круг за 2014 г. беа објавени на 30 мај.

Текст на порака што кани анонимни корисници да направат сметка. Се прикажува откако ќе направат некое уредување (нагледен сликоред)

Покана за анонимни уредници да пристапат кон заедницата на Википедија

Екипата за раст спроведе опити на википедиите на англиски, германски, француски и италијански јазик со цел да ги испроба промените во посредникот наменети за поттикнување на анонимните корисници да се регистрираат и да станат дел од заедницата. Во првата проба, препораката за регистрирање се прикажуваше кога корисникот ќе стисне на „уреди“, а во втората, поканата се јавува откако корисникот ќе ги зачува промените. Првичните податоци во голема мера укажуваат на позитивен исход во смисла на новорегистрирани уредници.

Преглед на предлозите на Комисијата за распределба на сресдтва (FDC) од вториот круг (нагледни сликореди)

Објавени препораките на Комисијата за распределба на средства (FDC)

Во мај, деветчлената Комисија за распределба на средства (FDC) одржа седница и ги објави нејзините препораки за Одборот на доверители на Фондацијата во врска со предлозите од четири организации (три ограноци и Фондацијата) за наменувањето на средствата собрани од доброволни прилози. Одборот ќе се изјасни со одлука по предлозите до 1 јули. The Советодавната група на FDC исто така ја одржа конечната седница, чија цел беше да назначи Извршен директор на Фондацијата, со препорака дали процесот на FDC (започнат во 2012 г.) треба да продолжи, и, ако продолжи, кои измени треба да ги претрпи. Сите едногласно се согласија да препорачаат продолжување со процесот.

Податоци и трендови

Глобални поединечни посетители за месец април:

465 милиони (-6,00% во однос ма март; -9,92% во однос на лани)
(comScore податоци за сите проекти на Фондацијата Викимедија; comScore ќе ги објави податоците за мај подоцна во јуни)

Побарани страници за мај:

20,654 милијарди (-0,2% во однос на април; -1,6% во однос на лани)
(Податоци од опслужувачкиот дневник, сите содржински проекти на Фондацијата Викимедија заклучно со мобилниот притап, но без Википодатоци и главната портална страница на Википедија.)

Активни регистрирани корисници за април 2014 г. (>= 5 уредувања во главниот простор месечно, без ботови):

75.364 (-2,25% во однос на март / -7,25% во однос на лани)
(Податоци од базата, сите проекти на Фондацијата Викимедија.
Напомена: Овие броеви неодамна претрпеа прилагодување со цел да се поправи грешка во IPV6-адресите.)

Основни показатели (опфаќа разни статистички податоци и трендови за Викимедиините проекти):

http://reportcard.wmflabs.org/

(Толкувања)

Финансии

Приходи и расходи од почетокот на финансиската година до 30 април 2014 г. наспроти планираното
Расходите од почетокот на финансиската година до 30 април 2014 г. по функции

(Во моментот на составување на извештајов, на располагање се само финансиските информации до месец април 2014 г.)

Сите наведени финансиски информации важат за 30 април 2014 г. од почетокот на годината, односно месецот.

Приходи 49.194.784
Расходи:
 Технолошка група 13.800.658
 Група за прибирање средства 3.209.299
 Група за доделување средства 1.472.907
 Програмска група 1.493.168
 Доделувања на средства 4.066.472
 Група за раководење 725.565
 Група за правни работи/застапништво во заедницата/општење 3.256.914
 Финансова/кадрова/административна група 5.484.592
Вкупно расходи 33.509.575
Вкупно остаток (15.685.209)
во американски долари
  • Приходите за месец април изнесуваат 8,24 милиони наспроти планираните 1,71 милиони долари, т.е. околу 6,53 милиони или 383% повеќе од планираното.
  • Приходите од почетокот на финансиската година досега изнесуваат 49,19 милиони наспроти планираните 46,76 милиони долари, т.е. околу 2,43 милиони или 5% повеќе од планираното.
  • Расходите за месец април изнесуваат 3,19 милиони долари наспроти планираните 4,69 милиони, т.е. приближно 1,50 милиони или 32% помалку од планираното. Ова претежно се должи на пониските кадровски трошоци, капитални трошоци, семрежно вдомување, доделуваните средства и провизија за банкарски промет, делумно надоместени со повисоките трошоци за правни услуги, услоги на надворешни изведувачи и патни трошоци поврзани со собири на заедницата.
  • Расходите од почетокот на финансиската година изнесуваат 33,51 милиони наспроти планираните 41,06 милиони долари, т.е. приближно 7,55 милиони или 18% помалку од планираното. Ова претежно се должи на пониските кадровски трошоци, капитални трошоци, семрежно вдомување, доделуваните средства и провизија за банкарски промет, расходи при кадровскиот развој, доделени средства и патни трошоци, делумно надоместени со повисоки трошоци за надворешни изведувачи.
  • Готовински средства и вложувања — 55,6 милиони, според состојбата на 30 април 2014 г.
Видео за месечните показатели и активности на Фондацијата Викимедија за месец мај (5 јуни 2014)

Други поважни настани од движењето на Викимедија

Групна фотографија на учесниците во „Хакатон 2014“ во Цирих

Годишен „Хакатон“ во Цирих

Од 9 до 11 мај, преку 150 програмери, инженери, системски администратори и љубители на технологијата се собраа во Цирих за да земат учество на годишниот Викимедиин „Хакатон“ во организација на огранокот Викимедија Швајцарија. Покрај многу други теми од интерес, учесниците се задржаа на карти и географски податоци, „Тек“ (новиот систем за разговори наменет како замена за страниците за разговор на викијата) и Википодатоците.

Игра „Википодатоци“: Нов забавен начин да се подобрат Википодатоците

На 20 мај, долгогодишниот викимедијанец и доброволен програмер Магнус Манске (Magnus Manske) ја најави играта „Википодатоци“, која претставува збир прости игрички што бараат од корисникот да донесе некоја одлука за Википодатоците, како на пр. дали два предмета се однесуваат на една иста тема или дали дадениот предмет се однесува на личност. По две недели, „643 играчи донеле неверојатни 352.710 одлуки во играта. Како последица од ова, многу од нив одиграле непосредна улога во подобрувањето на Википодатоците“.

„Вики ја сака Земјата“ доби меѓународен карактер

Вики ја сака Земјата (Wiki Loves Earth) е меѓународен фотографски натпревар со задржшка на природното богатство. Започна во во 2013 г. како проект на локалниот огранок во Украина, но оваа година се прошири во 14 земји и привлече десетици илјади учесници. Натпреварот е сличен на „Вики ги сака спомениците“, по тоа што победниците ги решава жири-комисија во секоја земја, а потоа од нив се избираат глобалните победници.

Слика-учесничка на „Вики ја сака Земјата“ од Бразил: Воздушна снимка на водопадите Игуасу

Поврзано