Чествување на жените/Создајте статија
Видеоупатство за создавање статии на Википедија користејќи го Нагледениот уредник.
9 прости правила за пишување на биографии на жени на Википедија
Овие напатствија имаат за цел да им помогнат на уредниците кои првпат пишуваат биографии на жени. Даден е преглед на најосновните законитости на пишување на статии кои би имале добри изгледи да станат дел од енциклопедијата.
Најдобар начин да стекнете искуство е да погледате како се напишани постоечките биографии на Википедија. Најдете неколку статии за други личности чии живот и дело се слични со личноста што сакате да ја обработите. Можеби ќе се сетите на некои имиња, но можете и да се послужите со еден од многуте списоци на располагање за да најдете корисни примери кои одговараат на занимањето и/или националноста на личноста за која сакате да пишувате.
Правило 1. Бирајте внимателно
Не Википедија не може да се пишуваат статии за било која жена во историјата или во тековните збиднувања. Не е доволно да постои примарен извор како нечие мрежно место, резиме или опис на работно место, колку и тоа да делува впечатливо. На Википедија, значајноста зависи од недвосмисленото признание за важноста на лицето од трети лица, кое го нарекуваме „значајност“. Не пишувајте за себеси, вашите колеги, пријателки (или вашата организација).
Начелно земено, полесно е да се пишуваат биографии на жени кои починале отколку биографии на живи личности, каде е потребно многу поголемо внимание и поподробни извори.
Правило 2. Истражување
Значајноста ќе ја утврдите по присуството на личноста во познати доверливи извори со уредништво како што се весниците, стручните списанија, книгите или доделувачите на награди. Не користете лични, обожавателски или работодавачки мрежни места; или блогови; или промотивни места како Твитер, Фејсбук или LinkedIn.
Правило 3. Напишете зошто личноста е значајна
Воведот, т.е. првите два-три реда на статијата треба да дадат краток преглед на текстот од понатамошната содржина и со тоа да образложат зошто лицето е значајно. Самата содржина на статијата треба да го обработи истото поподробно, давајќи наводи.
Rule 4. Наведувајте сè
На статијата ѝ требаат наводи кон изворите на вашиот материјал. Ова значи, во најмала рака, еден извор по пасус. Тука ќе дознаете како да додавате наводи. На крајот од статијата ставете поднаслов „Наводи“.
Правило 5. Пишувајте со свои зборови
Плагијаризмот (препишувањето) е неетички и може да биде противзаконски доколку користите материјал заштитен со авторски права без соодветно припишување на изворот. Општо земено, сето она што ќе го најдете ќе мора да го пресрочите со свои зборови. Ако ставате непосреден цитат, тогаш треба јасно да бидат посочени, наведувајќи го авторот и изворот; тие мора да се форматираат како цитати.
Правило 6. Врски до други статии
Секоја статија треба да содржи многу врски до други статии, за читателите да можат лесно да дознаат повеќе за дадената тематика.
Правило 7. Распоред
Идеално, статиите треба да имаат неколку стотини збора, иако добредојдени се и информативни никулци. Статијата треба да почнува со краток вовед, проследен од биографски дел под поднасловот „Биографија“, „Живот“ или „Живот и дело“; ова можете понатаму да го разделите на оддели како „Младост“, „Кариера“ и "„Награди“. Не заборавајте на крајот од статијата да ставите поднаслов „Наводи“. Потоа може да следи и поднаслов „Надворешни врски“ со URL-адреси до портал на личноста или кон примарни извори.
Правило 8. Слики
Статиите по можност треба да се збогатуваат со слики. Но не смеете да ставате слики што сте ги нашле некаде доколку тие не се водат според авторскоправните правила. Од друга страна, слободно можете да користите слики што самите сте ги направиле. (Не е тешко да ги подигнете на Ризницата.) За да бидете апсолутно безбедни, не треба да ставате фотографии или уметнички слики од личности доколку авторот не починат барем пред 70 години. Ако не сте сигурни, побарајте совет.
Правило 9. Побарајте помош и поразговарајте со другите
Кога не сте сигурни за нешто, побарајте совет и помош од некого.
Пронајдете потребна статија
Пронајдете потребна статија што сакате да ја пишувате. Тука може да најдете предлози.