Fundraising 2010/Joan Gomà/mk

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
Jump to navigation Jump to search

Need help? See the Translation FAQ or Meta:Babylon. All translators should also subscribe to translators-l to be kept up-to-date (and to ask questions).
General Fundraising Translation Guidelines: Fundraising 2010/Translations.

Жоан Гома[edit]

  • Прочитајте:
  • Лично обраќање на
  • Жоан Гома - уредник на Википедија
  • Порака од Жоан Гома - уредник на Википедија

Не беше погрешно, но не беше доволно исправно. Додека учев математика, најдов статија на Википедија на тема која ја обработувавме. Забележав дека неколку важни нешта недостасуваа во текстот. Стиснав да уредам, направив некои измени, и оттогаш не престанав да пишувам и уредувам.

Википедија е збир од сите тие мигови на откритие што ги искусуваат милиони уредници како мене. Луѓето ширум светот го додаваат своето време и енергија во огромното и се поголемо складиште на информации наречено Википедија.

Секој месец над 400 милиони луѓе ја користат Википедија и збратимените проекти. Впрочем, таа е петтата најпопуларна страница во светот.

Но најзначајно е тоа што Википедијае производ на заеднички труд на доброволци, кои ја градат статија по статија. А бидејќи Википедија нема реклами, ние, творците и корисниците на Википедија, воедно треба и да ја заштитиме и одржиме.

Затоа ја имаме годишната кампања за прибирање средства. И затоа јас лично направив донација.

Се надевам дека ќе се сложите да ми се придружите денес со донација од $20, $35, $50 или онолку колку што можете да си дозволите - за Википедија да остане слободна.

Ви благодарам,

Жоан Гома

Барселона, Каталонија