Fundraising 2010/Lilaroja Appeal/mk

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
Jump to navigation Jump to search

Need help? See the Translation FAQ or Meta:Babylon. All translators should also subscribe to translators-l to be kept up-to-date (and to ask questions).
General Fundraising Translation Guidelines: Fundraising 2010/Translations.

Лилароха[edit]

  • Прочитајте:
  • Лично обраќање
  • од Лилароха - уредник на Википедија
  • Порака од Лилароха - уредник на Википедија

Долар, љубовна белешка и скршено срце.

Како доброволец во Фондацијата Викимедија во Сан Франциско, имам прилика да прочитам доста е-пошта и испратени писма кога ја пуштаме годишната кампања за поддршка.

И веднаш сфаќање дека луѓето не даваат само пари, туку и љубов. Дете со задоволство одвоило долар од малиот неделен џепарлак. Друг испратил чек со ливче на кое напишач „ЈА САКАМ ВИКИПЕДИЈААААА!!!“ Понекогаш пораките се тешки за читање.

Никогаш нема да заборавам едни мајка и татко чиј син починал од ретка болест. Луѓето изразија благодарност што Википедија има статија за таа болест, и така може да ги извести другите за постоењето на ваквата болест, која му го одзела животот на нивниот син.

Википедија ни значи многу различни нешта на нас кои ја користиме. Какви и да ви се личните побуди, вие сте дел од една волшебна заедница. Секој месец над 400 милиони луѓе ја користат Википедија и збратимените проекти -- речиси една третина од сите светски корисници на Интернет.

Ова е тој период од годината кога луѓето ширум сета заедница на Википедија се здружуваат со цел да го одржат нашиот заеднички потфат со донација од €30, $20, ¥4.000 или онолку колку што можете - да помогнеме Википедија да остане слободна..

Википедија ја градиме збор по збор. Така треба и да ја зајакнуваме и развиаме - донација по донација.

Се надевам дека овој миг е погоден да ѝ испратите малку љубов на Википедија.

Ви благодарам,

Лилароха Олива, Шпанија