Комисија за распределба на средства/Новости за осмислувањето на распределбата

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of the page Funds Dissemination Committee/Update on the Funds Dissemination Design Process and the translation is 100% complete.
Other languages:
Deutsch • ‎English • ‎Zazaki • ‎español • ‎français • ‎italiano • ‎polski • ‎português • ‎svenska • ‎Ελληνικά • ‎македонски • ‎русский • ‎српски (ћирилица) • ‎українська • ‎العربية • ‎हिन्दी • ‎中文 • ‎中文(中国大陆) • ‎中文(台灣) • ‎中文(新加坡) • ‎中文(澳門) • ‎中文(简体) • ‎中文(繁體) • ‎中文(香港) • ‎中文(马来西亚) • ‎日本語


Фондацијата Викимедија ве замолува за ваше учество во донесувањето на важна одлука на движењето во врска со распределбата на средствата и основањето на Комисијата за распределба на средства

Кон крајот на 2011, Фондацијата Викимедија почна со разгледување на идејата да основа Комисија за распределување на средства (Funds Dissemination Committee, FDC) со улога да решава како ќе се распоредуваат средствата на движењето со цел да се постигне мисијата, визијата и стратегијата на истото. Ова беше дел од пошироката расправа на тема прибирање и распределба на средства што ја предводеше Сју Гарденер, а од која произлегоа препораките што таа ги му достави на Одборот на доверители во март 2012. На Викимедиината конференција 2012 во Берлин, Одборот донесе решение за основање на FDC како орган кој ќе го советува за распоредувањето и распределбата на средствата на разни групи, вклучувајќи ја самата Фондација, без понатамошни барања.

Одборот на доверители побара од Сју да поднесе препорака за тоа како ќе изгледа и функционира Комисијата за распределба на средства најдоцна до 30 јуни 2012. Моментално на Мета разработуваме нацрт-предлог и, благодарение на учеството на заедницата, дојдовме до значајни заклучоци. Со цел да добиеме насоки во разработката на предлогот, основавме Советодавна група за FDC, составена од учесници од заедницата како и неколку неколку стручни лица. Покрај тоа, непрофитната консултативна организација Bridgespan Group, која работеше на стратешкото планирање на Викимедија, сега учествува со организациска и консултациска помош.

Нацрт-предлогот од дискусијата на Мета ги содржи следниве препораки[1]:

Задачи и должности

  • FDC ќе биде комисија на Одборот на доверители со задача да разгледува и дава препораки за молби за доделување средства од подобни организации и други правни лица во рамките на движењето со цел за постигнување на мисијата, визијата и стратегијата на истото.
  • Препораките по молбите за доделување средства од FDC ќе се разгледуваат и одобруваат/одбиваат од Одборот на доверители, кој ја има врховната и конечна довереничка должност кон дарителите на движењето.

Постапка за доделување средства

  • FDC еднаш годишно ќе добива средства кои ќе ги распределува во име на Одборот на доверители. Со овие средства, FDC ќе одговара на молби за доделување на средства доставени од формално признаени Викимедиини организации кои наполно ги задоволуваат условите и имаат историја на успешна работа. Тука спаѓаат молбите за средства кои се „несуштински“ за работата на мрежните места и глобалната организација на Викимедија.
  • Организациите што не се подобни треба да продолжат да бараат средства од Програмот за дотации на Фондацијата Викимедија (со поддршка од Советодавната комисија за дотации (GAC)) и / или преку програмите за дотација на докажаните ограноци и тематски организации.
  • FDC ќе прифаќа молби за средства два пати годишно (веројатно на есен и на пролет) со транспарентна постапка на поднесување молби и донесување на одлуките. Условите и временските рамки на постапката за средства ќе биде јасно зацртана, а целта е постапката да биде што поедноставен и појасен за корисниците.
  • FDC ќе се стреми да биде центар на превосходноста во движењето со тоа што од организациите ќе бара високи стандарди на планирање и примена на замисленото. За оваа цел, FDC ќе ги оценува молбите за средства врз основа на веројатниот придонес кон остварувањето на глобални приоритети на Викимедија, согласно петгодишниот стратешки план. Комисијата ќе раководи и со строга постапка на проверка и проследувацње, каде ќе се оценува успешноста во остварувањето на предвиденото. Една од функциите на FDC ќе биде да ги истакнува успесите и да ги споделува сознанијата со другите организации во движењето, со намера да ја постигне што поголема севкупна делотворност при остварувањето на целите на движењето.

Кадар

  • FDC ќе има своја кадровска екипа во Фондацијата Викимедија која ќе биде одговорна за усогласување на постапката за средства и подготовка на упатни материјали, за да може темелно и објективно да ги оцени предлозите за добивање средства, врз основа на втемелени критериуми.

Членство

  • FDC ќе има девет члена со право на глас, од кои пет ќе ги избира заедницата, а четири ќе ги назначува Одборот. Покрај ова, ќе има и двајца набљудувачи од Одборот кои нема да гласаат, туку ќе служат како врска со него. Ќе биде посветено огромно внимание и грижа FDC, во целина, да биде претставителна за најразличните елементи од движењето и да ги има сите неопходни способности и стручност за делотворно спроведување на задолженијата. Членовите имаат четиригодишен мандат; изборите ќе се распишуваат на секои две години, во исто време со изборите за Одборот на доверители.
  • Првиот (основачки) состав на FDC ќе биде назначен од Одборот, на кој потоа ќе им се придружат нови членови при распишувањето на следните избори за членови на Одборот на доверители. Работиме на прелиминарен список на предложени членови на основачкиот состав и целиме истиот да биде готов до октомври 2012.


Постапката е опишана многу поподробно во нацрт-предлогот кој е во фаза на разработка на Мета. Ви препорачуваме да учествувате во дискусијата со ваши мислења и коментари на тамошната страница за разговор. Во понеделник, 4 јуни ќе го довршиме целосниот нацрт на предлогот, кој потоа ќе биде претставен на состанок на Советодавната група на 9 и 10 јуни. Групата ќе продолжи со претставки на свои мислења и забелешки до Сју, кои ќе бидат вклучени во полната препорака што ќе ја изложи пред Одборот на 30 јуни.


Нажалост, земајќи ги предвид временските ограничувања за разработка на оваа препорака, не сме во можност да понудиме подробни преводи, па затоа би ве замолиле коментарите да ги пишувате на англиски јазик. Доколку ова ви претставува голема пречка, тогаш обратете се кај Мира Чари од Bridgespan Group или кај Асаф Бартов (во Фондацијата) за да ви помогнат да можете да се искажете на претпочитаниот јазик.

Напомени

  1. Препораките сè уште се во нацртна фаза и не се превидени да бидат конечната претставка што Сју ќе треба да му ја достави на Одборот на доверители во јуни.