Jump to content

Meta:Interlanguage links/mk

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
This page is a translated version of the page Meta:Interlanguage links and the translation is 0% complete.
Outdated translations are marked like this.

За врски помеѓу викија на различни јазици, и помеѓу различни вики-проекти, видете Help:Interwiki linking.

Важните страицци на Мета треба наполно да се преведат на што е можно повеќе јазици. Тука е објаснето како да организирате повеќејазични содржини на Мета.

Наслови на страници

Најпрвин, создајте оригинално издание (на пр. Stewards). Ова треба да биде најновата верзија, и ќе се употребува како извор за преведувачите.

Потоа, создајте го секој превод како потстраница, именувана со ISO639 јазичниот код со мали букви (на пр. Stewards/mk за македонски превод).

Врски

Штом ќе ги завршите преводите, ќе треба да ги поврзете со врски за читателот да може лесно да го најде неговиот сакан јазик.

Како прво, се создава шаблон „other languages“ за тој збир страници (видете инструкции за шаблони). Потоа ставете го шаблонот кој го создадовте на самиот врв на страницата (над сè друго).

Напатствија

Чувајте ги списоците и податоците на едно исто место

Списоците и податоците кои се менуваат со тек на време (како список на надзорници) треба по можност да стојат во шаблон (видете Помош:Шаблони), користејќи што помалку околен текст. Ова им овозможува на преведувачите да ги внесат податоците во секоја страница без да мораат да ја преведуваат или редовно обновуваат.

Друг приод е секој превод може да има врска назад до делот од оригиналната страница (видете Помош:Врски).