Research:Wikipedia Editors Survey 2011/Translation/mk
Need help? See the Translation FAQ or Meta:Babylon. All translators should also subscribe to translators-l to be kept up-to-date (and to ask questions). |
- ar/العربية (published)
- de/Deutsch (published)
- en/English (published)
- es/español (published)
- fr/français (published)
- it/italiano (published)
- ja/日本語 (published)
- nl/Nederlands (published)
- pl/polski (published)
- pt/português (published)
- ru/русский (published)
- be-tarask/беларуская (тарашкевіца) (in progress)
- bg/български (published)
- ca/català (published)
- cs/čeština (missing)
- cy/Cymraeg (published)
- da/dansk (published)
- el/Ελληνικά (in progress)
- fi/suomi (published)
- he/עברית (published)
- hi/हिन्दी (in progress)
- hu/magyar (published)
- hr/hrvatski (published)
- hy/հայերեն (in progress)
- id/Bahasa Indonesia (in progress)
- ka/ქართული (missing)
- ko/한국어 (in progress)
- mk/македонски (published)
- ms/Bahasa Melayu (in progress)
- nb/norsk bokmål (missing)
- ne/नेपाली (missing)
- sr/српски / srpski (published)
- sv/svenska (in progress)
- sw/Kiswahili (in progress)
- ta/தமிழ் (in progress)
- zh-hans/中文(简体) (published)
- zh-hant/中文(繁體) (published)
Вовед
[edit]Анкета за уредниците
2011
Фондација Викимедија
Сан Франциско, Калифорнија, САД
Ви благодариме што ја пополнувате Анкетата за уредниците за 2011 г. Вие ги направивте Википедија и братските проекти она што се, и токму со вашето учество проектите ќе станат уште подобри. Целта на анкетава е да добиеме увид во проблематиката на уредувањето и што повеќе да ви го олесниме. Кога ќе заврши сето анкетирање, ќе ги ви ги доставиме на увид наодите од анкетата и нашите заклучоци.
Анкетава ќе ви одземе околу 20-30 минути. За аналитички цели ќе искористиме и основни информации од вашиот профил.
Свесни сме дека ова не е баш кратко време и би сакале однапред да ви се заблагодариме за учеството во собирањето на драгоцени информации што ќе ни бидат од помош на сите нас.
Ви благодариме за вашето време и придонес!
Доверливост и лиценцирање
[edit]Фондацијата Викимедија посветува особено внимание на Вашата приватност. Сите поединечно препознатливи податоци остануваат кај нас и не се даваат на надворешни организации. Податоците не ги користиме на ниеден начин што не е поврзан со целите на анкетава. Резултатите од анкетата ќе ги објавиме во јавнa сопственост, секако, во анонимизиран облик
Ако имате било какви прашања во врска со оваа анкета, или пак сте загрижени за доверливоста, тогаш слободно пишете ни анонимно на страницата survey anonymously at: http://strategy.wikimedia.org/wiki/Editor_survey_feedback
Воведни прашања
[edit]- D1a. Ви благодариме што се согласивте да одговорите на овој прашалник за уредници. За почеток би Ви поставиле неколку прашања за самите Вас. Во која година почнавте да работите на Википедија?
- _____
- D1b. Приближно колку уредувања имате направено откако почнавте да работите на Википедија? (Напомена: без промени направени со ботови)
- _____
- D2. Колку години имате?
- _____ Години
- D3a. Какво образование имате?
- Основно
- Средно
- Високо
- Постдипломско (магистратура)
- Постдипломско (докторат)
- D3b. Дали моментално посетувате училиште или факултет?
- Да
- Не
- D4. Дали сте моментално вработени?
- Да, работам полно работно време
- Да, работам скратено работно време
- Не, моментално немам работа
- D5a. Дали сте во брак, друга заедница или сте сами?
- Во брак
- Во заедница, но не е брак
- Сам(а) сум
- D5b. Дали имате деца?
- Да, имам деца
- Не, немам деца
- D6. Колкава е Вашата месечна бруто плата? (вкупни месечни приходи, со додатоци, но пред оданочување)?
- _____ Месечен износ
- _____ Валута
- D7a. Што сте по националност?
- __________
- D7b. Во која земја живеете?
- ______
- D8. Дали во Вашата земја има локален огранок на Викимедија?
- Да
- Не
- Не знам
- D8a. Дали членувате во локалниот огранок на Викимедија?
- Да
- Не
- D9. Кој е вашиот главен јазик (или јазици)? (одберете колку што е Ви потребно).
- D10. Кој е вашиот пол?
- Машки
- Женски
- Транссексуален
- Трансродов
- D11. Колку време проведувате на сметачот во еден просечен ден?
- Над 10 часа
- 8-9 часа
- 7-8 часа
- 5-6 часа
- 3-4 часа
- 1-2 часа
- Помалку од еден час
- Не користам сметач секој ден.
- D12. Би сакале да знаеме колку умеете со сметачот и сметачките програми. Еве список на нивоа на умеење. Одберете го нивото што највеќе одговара на Вашите познавања.
- Не ми е баш лесно со сметачите.
- Сметачот го користам за е-пошта, разгледување по интернет и пишување/обработка на текст.
- Знам како да преземам податотеки и да инсталирам програми.
- Знам да програмирам свои програми.
Дел I: Учество и придонес
[edit]СЛедниве неколку прашања се однесуваат на Вашето учество на Википедија.
- Q1a. На која јазична верзија на Википедија ПРИДОНЕСУВАТЕ? Одберете колку што Ви е потребно.
- Q1b. На која јазична врзија на Википедија ПРЕТЕЖНО ПРИДОНЕСУВАТЕ? Одберете ЕДНО.
- Q2a. Кои јазични врзии на Википедија ги ЧИТАТЕ? Одберете колку што Ви е потребно.
- Q2b. Која јазична врзија на Википедија ПРЕТЕЖНО ЈА ЧИТАТЕ? Одберете ЕДНО.
- Q3. Кој е Вашиот степен на кориснички пристап? (Одберете колку што Ви е потребно)
- Нерегистриран корисник (без сметка)
- Регистриран корисник (основна сметка)
- Администратор
- Бирократ
- Надзорник
- Проверувач
- Надгледувач
- Q4a. Би сакале да дознаеме повеќе за тоа во какви активности на Википедија и нејзината заедница учествувате во последно време. Наведете колку често учествувавте во секоја од следниве активности во текот на изминатите 30 дена.
- Воопшто немам учествувано
- Ретко
- Понекогаш
- Често
- Многу често
- Пишувам нови статии
- Истражувам теми за статии
- Уредувам постоечки статии
- Преведувам
- Проверувам дали има прекршоци на авторски права, вандализам и други пороблеми
- Одговарам на прашања и поплаки од читатеите
- Решавам спорови помеѓу доброволците (посредување, просудување)
- Организирам или помагам на настани, работилници, викисредби и конференции „Викиманија“
- Работам на досег - проповедам/ја застапувам Википедија вон нејзината заедница
- Вршам технички задачи како одржување на опслужувачите и програмите
- Учествувам во работата на огранокот
- Учествувам во дискусии за статии
- Изработувам и одржувам начела и правила, напатствија и слични постапки за заедницата
- Q4b. Еве сличен список на учеснички активности. Наведете колку често учествувавте во секоја од следниве активности во текот на изминатите 30 дена.
- Воопшто немам учествувано
- Ретко
- Понекогаш
- Често
- Многу често
- Подигам или уредувам снимки, слики, дијаграми, карти и тн.
- Го прегледувам квалитетот на статиите и ги оценувам дали да одат за „Избрана статија“
- Учествувам во постапките на бришење како брзо бришење, предложено бришење и во разговорите за статии за бришење
- Работам на помош и упатување на нови корисници
- Друго (напишете): ______
- Q5a. Еве список на причини што ги наведуваат некои нови уредници да ПОЧНАТ да придонесуваат на Википедија. Која или кои од следниве причини Ве наведоа да ПОЧНЕТЕ да придонесувате на Википедија? (одберете колку што Ве е потребно)
- Сакав да проверам дали секој може да уредува
- Видов грешка, па решив да ја исправам
- Видов црвена врска или забележав дека нема извесна статија, па затоа ја напишав
- Имав доста познавања на темата што не беше баш застапена
- Моите пријатели, семејство или колеги придонесуваат на Википедија
- Сакав да го покажам моето знаење пред пошироката јавност или заедница
- Ми се допаѓа идејата за доброволно учество и споделување на сознанија
- Сакав да стекнам нови способности
- Сакав да учествувам во разговор на Википедија
- Имам задача да уредувам што ми ја зададоа на училиште или работа
- Q5b. Еве список на причини поради кои некои уредници ПРОДОЛЖУВААТ да придонесуваат на Википедија. Која или кои од следниве причини Ве наведува да ПРОДОЛЖИТЕ со уредување на Википедија. (одберете колку што Ве е потребно)
- Придонесувам од професионални причини
- Постојано наоѓам или барам грешки
- Наоѓам статии што се нецелосни или пристрасни
- Сакам да придонесувам на теми на кои имам стручни познавања
- Сакам да го покажам моето знаење пред пошироката јавност или заедница
- Сакам да ги популаризирам темите што ми значат
- Ми се допаѓа философијата на отвореност и соработка што ја има Википедија
- Сметам дека секој треба да има слободен пристап до информации
- Саскам да стекнам углед во заедницата на Википедија
- Ми се допаѓа идејата за доброволно учество и споделување на сознанија
- Забавно е
- Q6. Еве список на алатки што им се на располагање на уредниците. За секое од следниве, кажете дали Ви прави разлика при уредувањето на Википедија.
- Не ми е позната оваа функција
- Со ова полесно се уредува Википедија
- Ова не ми прави разлика во уредувањето
- Ова ми го отежнува уредувањето на Википедија
- Страници за помош
- Страници со содржина и правила
- Викиознаки или HTML-виден јазик
- Посредникот за уредување
- Автоматизирани помошни алатки како Twinkle, Huggle, AWB и тн.
- Форуми и разговори на заедницата
- Ботови
- Кориснички скрипти и алатки
- Q7a. Колку бевте активни ЛАНИ (2010) на Википедија во споредба со преклани (2009)?
- Помалку во 2010 отколку во 2009
- Исто
- Повеќе во 2010 отколку во 2009
- Q7b. Зошто станавте помалку активни на Википедија? Одберете колку што Ви е потребно.
- Немам време
- Проведувам повеќе време на други активности на интернет
- Проведувам повеќе време на други активности вон интернет
- Напусто ќе си го трошам времето бидејќи знам дека ќе ми ги вратат уредувањата
- Сметам дека немам доволно стручни познавања за да придонесувам
- Други придонесуваат, па не морам и јас
- Не сакам да уредувам нешто што го сработиле други уредници
- Сакам да читам, а да не придонесувам
- Не сакам да проведувам време во уредување
- Не уредувам бидејќи тоа се коси со други уредници
- Правилата и напатствијата за уредување станаа премногу сложени
- Друго (напишете): ______
- Q7c. Ако станете помалку активни на Википедија во текот на СЛЕДНИТЕ ШЕСТ месеци, која би била најверојатната причина? Одберете ЕДНО.
- Мислам дека ќе имам помалку време
- Очекувам да проведувам повеќе време на други активности на интернет
- Очекувам да проведувам повеќе време на други активности вон интернет
- Напусто ќе си го трошам времето бидејќи знам дека ќе ми ги вратат уредувањата
- Сметам дека немам доволно стручни познавања за да придонесувам
- Други придонесуваат, па не морам и јас
- Не сакам да уредувам нешто што го сработиле други уредници
- Сакам да читам, а да не придонесувам
- Не сакам да проведувам време во уредување
- Не уредувам бидејќи тоа се коси со други уредници
- Правилата и напатствијата за уредување станаа премногу сложени
- Друго (напишете): ______
Дел II: Технологија и вмрежување
[edit]Следниве неколку прашања се однесуваат на Вашата употреба на разни видови на технолошки уреди и мрежни места на интернет.
- Q8a. Еве список на електронските уреди што ги имаат некои луѓе. Кои од следниве уреди ги имате?
- Столен сметач
- Преносен сметач
- Табличен уред како iPad
- Мобилен телефон
- MP3-уред како iPod
- Ниедно од наведените
- Q8b. Дали имате „паметен“ телефон како iPhone, Android, Blackberry?
- Да
- Не
- Q8c. Еве сличен список на електронски уреди. Дали користите некој од следниве уреди за УРЕДУВАЊЕ на Википедија. Одберете колку што Ви е потребно.
- Столен сметач
- Преносен сметач
- Табличен уред како iPad
- Мобилен телефон
- MP3-уред како iPod
- Q8d. Еве сличен список на електронски уреди. Дали користите некој од следниве уреди за ЧИТАЊЕ на Википедија? Одберете колку што Ви е потребно.
- Столен сметач
- Преносен сметач
- Табличен уред како iPad
- Мобилен телефон
- MP3-уред како iPod
- Q9. Еве список на технолошки активности што некои луѓе ги прават редовно. Наведете колку често, (ако воопшто) го правите секое од следниве во еден просечен ДЕН.
- Повеќе од 8 часа
- 7-8 часа
- 5-6 часа
- 3-4 часа
- 1-2 часа
- Помалку од еден час
- Не го правам ова
- Контактирање со пријателите и семејството на места за друштвено вмрежување како Facebook
- Е-пошта
- Служба за непосредни пораки како MSN и GTalk
- Групни интернет-игри како „World of Warcraft“
- Пазарите
- Интернет-игри на местата за друштвено вмрежување како Farmville и CityVille
- Преземате на музика од места како iTunes
- Гледате на видеоснимки на места како YouTube
- Користите местоположбени технологии како FourSquare и GoWalla
- Блогирате и читате блогови
- Користите Twitter или слично место за микроблогирање
- Ја читате Википедија
- Придонесувате на Википедија
- Придонесувате во изработката на програм со отворен код
- Q10. Еве сличен, но пократок список на нешта што луѓето ги прават на интернет. Наведете од колкава важност е секое од следниве во ВАШИОТ секојдневен живот.
- Крајно важно
- Многу важно
- Донекаде важно
- Не баш важно
- Воопшто не е важно
- Е-пошта
- Интернет-игри
- Испраќање пораки на подлоги како Twitter
- Друштвено вмрежување на места како Facebook.com
- Придонесување на Википедија
- Q11. Денес многумина користат друштвени медиуми на интернет. Дали:
- Да
- Не, но позната ми е оваа активност
- Не, не ми е позната оваа активност
- Имате Ваш личен блог
- Испраќате пораки на Twitter или некоја слична подлога за микроблогирање
- Општите со други корисници на Twitter преку непосредни пораки, одговори и препраќања
- Редовно објавувате коментари или слики на блог
- Објавувате семејни или лични СЛИКИ на интернет за да можат да ги видат другите
- Објавувате семејни или лични ВИДЕОСНИМКИ на интернет за да можат да ги видат другите
- Создавате аудио или видео материјал, што потоа го емитувате (podcast) или го ставате на мреж. места како YouTube.com за да може секој да ги види
- Пишувате во статусот на места за друштвено вмрежување како Facebook
- Коментирате на статусот на пријателите, нивните слики и тн. на места како Facebook
- Споделувате врски на места како Twitter и Facebook.
- „Бендисувате“ (стискате Like на) содржини на места за ДРУШТВЕНО ВМРЕЖУВАЊЕ како Facebook
- „Бендисувате“ (стискате Like на) содржини на БЛОГОВИ, ВЕСНИЦИ и тн.
- Пишувате Ваши мислења за ресторани и производи на места како Yelp и Amazon.
- Споделувате податоци за тоа каде се наоѓате со пријателите на места како FourSquare, Twitter и тн.
- Одговарате, објавувате и оценувате прашања на интернет-заедници како Quora и Fluther
- Q12. Еве список на функции кои се достапни на некои мобилни уреди како мобилни телефони и MP3-уреди. Наведете ги функциите што ги КОРИСТИТЕ на Вашите мобилни уреди.
- Да, ова го користам
- Не, ова не го користам
- Функција/програм што Ви овозможува пристап на Вашиот профил за друштвено времжување
- Функција/програм што Ви овозможува да пишувате блогови
- Функција/програм што Ви овозможува пристап на Twitter
- Функција/програм што Ви овозможува да пребарувате информации
- Функција/програм што Ви овозможува да споделувате/гледате слики
- Функција/програм што Ви овозможува да споделувате/гледате видеоснимки
- Функција/програм што Ви овозможува да пронајдете информации релевантни на место кајшто се наоѓате
- Функција/програм што Ви овозможува да ја читате Википедија
- Функција/програм што Ви овозможува да играте игри
- Функција/програм што Ви овозможува да се најавувате/пријавувате на разни места
- Q13a. Ако Википедија воведе функции кои се ВГРАДЕНИ во мобилното мреж. место на Википедија, колку е веројатно дека ќе ги користите следниве функции за уредување на Википедија?
- Крајно веројатно
- Многу веројатно
- Донекаде веројатно
- Не е баш веројатно
- Воопшто не е веројатно
- Функција со која ќе можете да подигате слики од Вашиот мобилен уред на Ризницата
- Функција со која ќе можете на скала да оценувате статии на Википедија
- Функција со која ќе можете да создавате нови статии
- Функција со која уредниците ќе можат да блокираат уредувања како пасуси и реченици
- Функција со која ќе можете да зачувувате статии за да можете да ги читате или уредувате вон интернет
- Функција со која ќе можете преку телефонот да вршите проверки за вандализам
- Q14a. Ако мора да бирате едно, кое би го одбрале?
- Сметам дека повеќе вреди времето потрошено уредувајќи ја Википедија отколку другите активности на интернет како пораки на Twitter, друштвено вмрежување и тн.
- Сметам дека повеќе вреди времето потрошено на Facebook, Twitter и слични места отколку времето потрошено уредувајќи на Википедија
- Q14b. Ако мора да бирате едно, што би правеле?
- Сакам да го проведувам времето во уредување на Википедија за да придонесам кон светското знаење.
- Сакам да го проведувам времето пишувајќи блогови за да добивам признанија за она што го пишувам.
Дел III: Заедницата на Википедија
[edit]Следниве прашања се однесуваат на Вашето општење со другите уредници на Википедија и вашите искуства како член на заедницата на Википедија.
- Q15. Во текот на изминатиот еден месец, со колку уредници имате општено? (на интернет, по телефон или лично).
- Q16. Еве список на алатки за општење со другите уредници. Кои од нив ги имате користено во текот на ИЗМИНАТИОТ МЕСЕЦ за општење со другите уредици? (Одберете колку што Ви е потребно.)
- Селски чешми
- Дискусии на кориснички страници
- Foundation-l и слични поштенски списоци
- Блогот Wikimedia Foundation
- Блогот Planet Wikimedia
- IRC
- Служби за непосредни пораки како GTalk или Yahoo Messenger
- Е-пошта
- Мрежни места за друштвено вмрежување како Facebook
- Мрежни места за микроблогирање како Twitter
- Ниедно од наведените
- Q17. Би сакале да дознаеме како би ги опишале Вашите колеги-уредници. Еве список на зборови кои би можеле да се однесуваат на нив. Одберете ги најкарактеристичните ДВА збора што најдобро им прилегаат на уредниците на Википедија. Одберете два.
- Услужливи
- Пријателски настроени
- Соработливи
- Неучтиви
- Непријателски настроени
- Интелигентни
- Глупави
- Дрски
- Q18a. Еве список на нешта што може да им се случат на уредниците кога општат со други уредници во заедницата на Википедија. За секое од наведените, кажете ни дали сте имале такво искуство.
- Да
- Не
- Друг уредник додал содржини/слики во статијата на која работевте
- Додале неточни информации во статија што Вие сте ја започнале
- Друг корисник Ви доделил значка/ѕвезда
- Изгласале Ваша статија за „Избрана“
- Други корисници исправиле граматички грешки во статија што вие сте ја започнале
- Други уредници додале содржини во статија што вие сте ја започнале
- Ви искористиле Ваша слика во некоја статија
- Ви искористиле Ваши содржини на друго место
- Ги пофалиле Вашите уредувања/статии
- Истакнале Ваша статија на главната страница (преку врски, „дали сте знаеле...“ и сл.)
- Q18b. Еве еден дополнителен список на нешта што може да им се случат на уредниците кога општат со други уредници во заедницата на Википедија. За секое од наведените, кажете ни дали сте имале такво искуство.
- Да
- Не
- Ви вратиле Ваши уредувања без образложение
- Ви вратиле Ваши уредувања со образложение
- Ви избришале статија на која сте работеле
- Ве потцениле некои поискусни уредници
- Расправии со уредници на страници ра разговор или на друго место
- Другите уредници го наметнувале нивното гледиште/став
- Ви додале навредливи/погрешни информации во статиите на кои сте работеле
- Q19. Еве пократок список на општења во рамките на заедницата на Википедија. За секое од наведените, кажете ни во која мера влијае врз Вашето севкупно искуство при уредувањето на Википедија.
- Поради ова веројатноста дека ќе продолжам да ја уредувам Википедија е помала
- Ова не ја менува веројатноста дека ќе ја уредувам Википедија
- Поради ова веројатноста дека ќе продолжам да ја уредувам Википедија е поголема
- Q20. Ако треба да бирате, со кое би се согласиле:
- Мислењата на другите уредници искажани преку враќања, дискусии и тн. ме имаат направено подобар уредник.
- Мислењата на другите уредници искажани преку враќања, дискусии и тн претставуваат непријатни случки за мене.
- Q21. Од ваша гледна точка, кој е најдобриот начин да се стекне углед во заедницата на Википедија? Оценете го наведеното по надолен редослед на важност (од најважно до најневажно).
- Со пишување на нови статии
- Со уредување или исправање на постоечки статии
- Со коментирање на страници за разговор
- Помагајќи во административните задачи како бришење, блокирање и тн.
- Давајќи поддршка на други корисици како раководење со поштенски список или техничка помош
- Помагање при решавање на спорови како посредување или просудување
- Q22. Ако се споредите со други уредници на вашата матична Википедија, на кои сè начини се разликувате од нив? (Одберете колку што Ви е потребно)
- Женско сум, а највеќето уредници се машки
- Живеам во друга земја од онаа на мнозинството уредници што работат на мојата матична Википедија
- Мојата етничка припадност е поинаква од онаа на мнозинството уредници што работат на мојата матична Википедија
- Мојата сексуална ориентација е поинаква од онаа на мнозинството уредници што работат на мојата матична Википедија
- Помлад(а) сум од мнозинството уредници што работат на мојата матична Википедија
- Постар(а) сум од мнозинството уредници што работат на мојата матична Википедија
- Мојата националност е поинаква од онаа на мнозинството уредници што работат на мојата матична Википедија
- Ниедно од наведените
- Q23. Даку НЕКОГАШ сте биле жртва на малтретирање од страна на други корисници?
- Да, ме имаат малтретирано НА Википедија (корисничка страница, страници за разговор и тн.)
- Да, ме имаат малтретирано ВОН Википедија (телефонски повици, Facebook и тн.)
- Не, никогаш ме нема малтретирано ниеден корисник.
- Q24a. Во текот на последните ШЕСТ МЕСЕЦИ, дали паметите случај кога (според Вас) Вашето уредување било вратено или избришано поради едно или повеќе од следниве?
- Да
- Не
- Вашиот пол
- Вашата националност
- Вашата етничка припадност
- Вашата сексуална ориентација
- Вашата возраст
- Q24b. Во текот на последните ШЕСТ МЕСЕЦИ, дали паметите случај кога (според Вас) сте изгубиле уреднички спор поради поради едно или повеќе од следниве?
- Да
- Не
- Вашиот пол
- Вашата националност
- Вашата етничка припадност
- Вашата сексуална ориентација
- Вашата возраст
- Q24c. Во текот на последните ШЕСТ МЕСЕЦИ, дали паметите случај кога (според Вас) сте биле стереотипизирани поради едно или повеќе од следниве?
- Да
- Не
- Вашиот пол
- Вашата националност
- Вашата етничка припадност
- Вашата сексуална ориентација
- Вашата возраст
- Q24d. Во текот на последните ШЕСТ МЕСЕЦИ, дали паметите случај кога (според Вас) другите уредници ги имаат потценето Вашите придонеси Википедија вклучувајќи уредувања, учество во страници за разговор, поштенски списоци итн. поради едно или повеќе од следниве?
- Да
- Не
- Вашиот пол
- Вашата националност
- Вашата етничка припадност
- Вашата сексуална ориентација
- Вашата возраст
- Q24e. Во текот на последните ШЕСТ МЕСЕЦИ, дали паметите случај кога (според Вас) другите уредници Ве имаат потценето поради едно или повеќе од следниве?
- Да
- Не
- Вашиот пол
- Вашата националност
- Вашата етничка припадност
- Вашата сексуална ориентација
- Вашата возраст
- Q24f. Во текот на последните ШЕСТ МЕСЕЦИ, дали се сеќавате на случај кога (според Вас) другите корисници ве имаат направено да се почувствувате недобредојдено поради едно или повеќе од следниве?
- Да
- Не
- Вашиот пол
- Вашата националност
- Вашата етничка припадност
- Вашата сексуална ориентација
- Вашата возраст
- Q25. Би сакале да дознаеме како им е на жените во заедницата на Википедија. Еве список на непријатни нешта што може да им се случат на уредниците од понежниот пол. Одберете ги само оние што Ви се имаат случено ЛИЧНО Вам. Одберете колку што Ви е потребно.
- Добивам премногу внимание
- Ме следеа на интернет
- Некој се обиде да ме контактира беспотребно вон Википедија
- Некој се обиде да ме пресретне лично
- Некој искористи моја слиак без мое одобрение
- Некој ми остави неусмесни пораки или коментари на мојата корисничка страница или содржина
- Некој се обиде да флертува со мене
- Други ________
- Ниедно од наведените
- Q26. Би сакале да дознаеме какви лични податоци сте ставиле на јавен увид на корисниците Википедија. Дали следниве лични податоци се јавно достапни на вашиот профил на Википедија? Одберете колку што Ви е потребно.
- Избор на корисничко име
- Корисничка страница
- Пол
- Националност
- Етничка припадност
- Сексуална ориентација
- Возраст
- Q27. Дали сметате дека корисничкиот простор (кориснички страници, страници за разговор и тн.) на Википедија е неумесно сексуализиран (т.е. сексуални разговори, двосмислени искази, слики и тн.)?
- Да
- Не
Дел IV: Читателството на Википедија и прилози
[edit]Следните неколку прашања се однесуваат на Вашите читателски навики на Википедија, како и Вашето учество во Фондацијата Викимедија што раководи со Википедија.
- D13. Со каква цел претежно ја читате Википедија? Одберете колку што Ви е потребно.
- За пронаоѓање на информации
- За истражување за на училиште или факултет, како нешто што ќе можам да го наведам
- За истражување за на училиште или факултет, но не како нешто што можам да го наведам
- За на работа
- D14. Фондацијата Викимедија што раководи со Википедија е непрофитна или профитна организација? Одберете ЕДНО.
- Непрофитна е
- Профитна е
- D15a. Дали имате дадено паричен прилог за Фондацијата Викимедија што раководи со Википедија
- Да
- Не
- D15b. Колку пати имате дадено паричен прилог за Фондацијата Викимедија што раководи со Википедија?
- Еднаш
- 2-3 пати
- 4-5 пати
- Повеќе од 5 пати
- D15b2. Дали прилозите за Фондацијата Викимедија носат даночно олеснување?
- Да.
- Не.
- Не знам
- D15b3 Кога Вашиот прилог за Фондацијата Викимедија не би носел даночно олеснување, дали сепак би го дале?
- Да
- Не
- Не знам.
- D15c. Зошто немате никогаш дадено прилог за Фондацијата Викимедија која раководи со Википедија? Одберете колку што Ви е потребно.
- Не знаев дека позади Википедија стои непрофитна организација
- Не давам доброволни прилози
- Не можам да си дозволам
- Го давам своето време наместо пари
- Прилозите за Фондацијата Викимедија не носат даночно олеснување во местото кајшто живеам
- Не ми е побарано или не знам како да дадам прилог за Фондацијата Викимедија
- Не се согласувам со правилата и практиките на Фондацијата Викимедија
- Мислам дека мојот прилог нема да се искористи мудро
- Се чини дека веќе доволно луѓе даваат прилози за проектите да можат да продолжат со работа
- D16. Дали некогаш сте побарале или добиле информации од Фондацијата Викимедија?
- Да
- Не
- D16a. Дали сте задоволни со квалитеотт на информациите што ги добивате од Фондацијата Викимедија?
- Да
- Не
- D17. Дали некогаш имате гласано на изборите за членови на Одборот на доверители на Фондацијата Викимедија?
- Да
- Не
- D17a. Зошто никогаш немате гласано на изборите за членови на Одборот на доверители на Фондацијата Викимедија? Одберете колку што Ви е потребно.
- Го пропуштив рокот
- Сметав дека немам доволно сознанија за Фондацијата Викимедија за да можам да донесам правилна одлука
- Сметав дека немам доволно сознанија за кандидатите за да можам да донесам правилна одлука
- Сакав да гласам ама не сум подобен корисник
- Не ме интересираа изборите
- Прв пат слушам за овие избори
- Друго ______
- D18a. Сега штом знаете за изборите на членови на Одборот на доверители на Викимедија, дали би биле заинтересирани во иднина да гласате на изборите за членови на Одборот на доверители на Фондацијата Викимедија?
- Да
- Не
- D19. Дали некогаш се се кандидиралеѕѕ или дали би сакале да се кандидирате на изборите за членови на Одборот на доверители на Фондацијата Викимедија?
- Да
- Не
- Не, не бев корисник подобен за да гласа
- D19a. Зошто не сте заинтересирани да се кандидирате на изборите за членови на Одборот на доверители на Фондацијата Викимедија?
- Го пропуштив рокот
- Не се занимавам со кандидатури
- Не се согласувам со правилата и практиките на Фондацијата Викимедија
- Сметам дека немам што да понудам, дури и ако ме изберат
- Не ги имам потребните сознанија или не знам како да се кандидирам
- Друго _____
- D20a. На скала од 0 до 10, каде 0 значи СОСЕМ ЛОШО, а 10 значи ИЗВОНРЕДНО ДОБРО, како би ја оцениле Вашата работа, во поглед на Вашиот придонес во движењето на Викимедија?
- D20b. На скала од 0 до 10, каде 0 значи СОСЕМ ЛОШО, а 10 значи ИЗВОНРЕДНО ДОБРО, како би ја оцениле работата на доброволците на Викимедија во целина во поглед на нивниот придонес во движењето на Викимедија?
- D20c. На скала од 0 до 10, каде 0 значи СОСЕМ ЛОШО, а 10 значи ИЗВОНРЕДНО ДОБРО, како би ја оцениле работата на Фондацијата Викимедија, во поглед на нејзиниот придонес во движењето на Викимедија?
- D20d. На скала од 0 до 10, каде 0 значи СОСЕМ ЛОШО, а 10 значи ИЗВОНРЕДНО ДОБРО, како би ја оцениле работата на ограноците на Викимедија во поглед на нивниот придонес во движењето на Викимедија?
- Не знам
- D21. Би сакале да знаеме по Ваше мислење како Фондацијата Викимедија ви требала да ги троши парите. Ако дадете прилог од 100 долари за Викимедија, како би сакале фондацијата да го распредели овој износ за следниве цели? (проверете дали збирот на сите изнесува $100)
- Технички задачи (повеќе стручен кадар, нови опслужувачи, мерења на работата, подобра работа)
- Развој на технички функции што им даваат поддршка на искусните уредници
- Развој на технички функции што им даваат поддршка на новите уредници
- Работа во заедницата што има за цел да воспостави здрава култура на уредувањеѕ
- Работа во заедницата што има за цел да привлече/даде поддршка на нови уредници глобално
- Работа во заедницата што има за цел да привлече/даде поддршка на нови уредници конкретно од Глобалниот Југ
- Доделување на средства на органоци, поединци и слични организации за приоритетни проекти
- Поддршка за ограноците (на пр. комуникации, надгледување дали се придржуваат на договорите, собирање средства, организациски развој)
- Друго (напишете): ______
- D22a. Ќе спроведуваме слични анкети во иднина за да можеме да ја следиме заедницата на Википедија. Дали би сакале да учествувате во ваква анкета и во иднина?
- Да
- Не
- D22b. Наведете ја Вашата е-пошта. Адресата ќе ја користиме само за да Ве контактираме за учество во вакви анкети во иднина и нема да ја споделиме со никого
Заклучок
[edit]Ви благодариме што учествувавте во анкетата! Податоците од ова испитување ќе бидат анонимизирани и резултатите ќе бидат објавени во јавниот домен.