Соопштение за последниот чекор во спроведувањето на еднокорисничката најава/Соопштение за преименување
Оваа page се чува само за историски интерес. Споменатите правила може да бидат застарени. Ако сакате да ја заживеете темата, послужете се со разговорната страница или започнете разговор на форумот на заедницата. |
This will be posted to Village Pumps on Wikimedia projects with bureaucrats on Monday, 8 September 2014. Please translate this message into any other languages you know to help our communities. |
Како што можеби знаете, по долги одложувања, во тек е последниот чекор од спроведувањето на еднокорисничката најава (SUL) преку напорите на месните бирократи, надзорниците на Викимедија и техничкиот кадар на Фондацијата. Целта на овој потфат е секој уредник да има само една глобално признаена сметка со исто корисничко име на сите Викимедиини проекти. Со ова се овозможува и развојот на алатки за употреба на глобално ниво за задачи како соопштенија и набљудувања. Засега нема предодреден датум за завршувањето на последниот чекор.
Дел од постапката подразбира менување на сите преименувања во глоблани. Можноста месните бирократи да преименуваат корисници на ова вики ќе биде исклучена во понеделник, 15 септември 2014 г. како еден од првите чекори. Во фаза сме на назначување на глобални преименувачи за да обезбедиме навремена претставеност на проектите и јазиците. Пред три недели им ги испратив соопштение на сите бирократи во врска со оваа постапка, со покана да учество во неа. Многумина поднесоа барање да бидат дел од оваа група на глобални преименувачи. Заедно со надзорниците, глобалните преименувачи ќе им помагаат на уредниците да поминат низ често сложената постапка за добивање на глобално име.
За крај, посетете ја страницата Special:MergeAccount за да си ја обедините сметката ако го немате направено тоа. Доколку вашите месни страници за преименување сè уште не се подновени, тогаш направете го тоа и упатете ги корисниците на страницата m:SRUC за секое идно барање за преименување, особено ако овој проект нема бирократи што имаат дозвола за глобално преименување. Доколку имате некакви прашања, прочитајте повеќе на оваа страница на Мета. Можете и да го следите техничкиот напредок на mediawiki.org. Покрај ова, обратете ми се и на мене по било кое прашање контактирајте ме на Мета. Ви благодарам на посветеното внимание.