Значајни новости за Викимедија, мај 2012

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
This page is a translated version of the page Wikimedia Highlights, May 2012 and the translation is 100% complete.

Значајни новости од Извештајот на Фондацијата Викимедија и Инженерскиот извештај на Викимедија за месец мај 2012, со избор на други поважни збиднувања во движењето Викимедија

Значајни новости за Викимедија

Нови стипендисти работат на разрешување спорови и мали викија

Стипендискиот програм на Викимедија додаде двајца стипендисти од заедницата: Стивен Џанг (википедијанец од 2008) го анализира разрешувањето на спорови на англиската Википедија. Танвир Рахман (активен на бенгалската Википедија од 2009, и избран за надзорник од глобалната заедница во 2011) експериментира со вики-стратегии за зголемување на бројот на уредниците на мали викија, со првична задржка на бенгалската Википедија.

Друг стипендиски проект, наречен Teahouse (каде искусните википедијанци им помагаат на новодојденците), ја заврши тримесечната пилотна фаза на англиската Википедија и подготвува целосна анализа. Првичните резултати укажуваат на тоа дека проектот има позитивно влијание врз новите уредници. Замислата на проектот Teahouse („Чајџилница“) веќе се прилагодува за примена на проектите на арапскиот и индиските јазици.

Статистички преглед на употребата на Помошникот за подигање на Ризницата за периодот јануари 2011 до април 2012 (шпицот во септември 2011 се совпаѓа со „Вики сака споменици“)

Подигнати милион податотеки со Помошникот за подигање

Една година по неговото најавување, Помошникот за подигање (Upload Wizard) може да се пофали со 1 милион подигнати слободни податотеки, придонесувајќи о засилувањето на растот во заедницата. Програмерите моментално работат на пофункционална можност за подигање на големи податотеки (до 500 МБ), на на мобилен прилог за подигање, наменет за конкурсот „Вики сака споменици“ во септември, како и на подобрување на складноста со Flickr и поддршка за геоположба во Помошникот за погање.

Почетната страница на „Википедија Нула“ за корисниците на Digi во Малезија

Викимедија Нула проработе во Азија

Википедија Нула (Wikipedia Zero) е иницијатива на Викимедија да се овозможи бесплатен пристап на Википедија. На 21 мај, иницијативата за прв пат проработе во Азија: малезискиот мобилен оператор Digi почна бесплатно да им ја нуди на своите 10 милиони корисници текстуалната верзија на Википедија. Програмот веќе функционира во Тунис и Уганда, а ќе биде спроведен и во многу други земји во месеците што претстојат.

Податоци и трендови

Глобални поединечни посетители за месец април:

473,38 милиони (-3,27% во однос на март; +24,34% во однос на лани)
(Податоци од comScore за сите Викимедиини проекти; comScore ќе ги објави мајските податоци подоцна во јуни)

Барања на страници во мај:

18,0 милијарди (3,9% во однос на април; 19,0% во однос на лани)
(Податоци од опслужувачкиот записник, сите Викимедиини проекти, вклучувајќи мобилен пристап)

Активни регистрирани уредници за април 2012 (>= 5 уредувања месечно):

78.519 (-1,71% во однос на март / -1,60% во однос на лани)
(Податоци од базата, сите Викимедиини проекти освен Заедничката Ризница)

Основни показатели' (опфаќа разни статистички податоци и трендови за Викимедиините проекти) за месец април 2012:

http://reportcard.wmflabs.org/

Финансии

Приходите од почетокот на финансиската година до 30 април 2012
Расходите од почетокот на финансиската година до 30 април 2012

(Во моментот на составување на извештајов, на располагање се само финансиските информации за месец април 2012.)

Сите наведени финансиски информации важат за периодот 1 јули 2011 - 30 април 2012.

Приходи $ 34,904,252
Расходи:
 Технолошка група $ 9,295,397
 Група за поддршка на заедницата/прибирање на средства $ 3,429,034
 Група за глобален развој $ 3,342,651
 Група за раководење $ 809,714
 Група за финансии/право/човечки ресурси/администрација $ 5,225,408
Вкупно расходи $ 22,102,204
Вкупен вишок/(загуба) $ 12,802.047
  • Приходите за месецот изнесуваат $ 2,8 милиони наспроти планираните $ 272.000, т.е. околу $ 2,6 милиони или 947% повеќе од планираното.
  • Приходите од почетокот на финансиската година досега изнесуваат $ 34,9 милиони наспроти планираните $ 28,8 милиони, т.е. околу $ 6,1 милиони или 21% над планираното.
  • Расходите за месецот изнесуваат $ 2,8 милиони наспроти планираните $ 2,4 милиони, т.е. околу $ 374.000 или 15% повеќе од планираното.
  • Расходите од почетокот на финансиската година досега изнесуваат $ 22,1 милиони наспроти планираните $ 23,5 милиони, т.е. околу $ 1,4 милиони или 6% помалку од планираното.
  • Готовинската состојба изнесува $ 31,6 милиони (на 30 април 2012) – околу 13,6 месеци расходи.
Видео за месечните показатели на Фондацијата Викимедија и активностите на фондацијата за месец мај (7 јуни 2012)

Други поважни новости од движењето

Од ограноците избрани двајца нови доверители

Патрисио Лоренте (лево) и Алис Виганд (десно) се предложени и потврдени како членови на Одборот на доверители на Викимедија од ограноците. На функцијата ќе стапат во јули.

Прва пробна верзија на Википодатоци

Проектот Википодатоци (Wikidata) пушти пробен систем и објави нацрт-опис и определби кајшто е опишано на кој начин податоците од централното складиште на Википодатоци ќе се прикажуваат на википедиите (на пр. во инфокутиите).

Знак на влезот на Монмут: „Прв википедиски град во светот“

Монмут прогласен за „Прв википедиски град во светот“

Проектот „Монмутпедија“ (Monmouthpedia) беше свечено отворен на 19 мај. Има за цел да ги опфати сите позначајни теми поврзани со градот Монмут (Велс) на што повеќе јазични верзии на Википедија. Статиите се поврзани со знаците од QRpedia кои се поставени на значајните градби и разни други места во градот. Подготовката на проектот траеше шест месеци, со заеднички средства од Викимедија Британија и локалниот грофовиски совет. Стотици медиуми објавија статии за „Првиот википедиски град во светот“.

Лого на WikiWomenCamp

WikiWomenCamp

Од 23 до 25 мај, во Буенос Аиурес се одржа настанот „WikiWomenCamp“ („Женски вики-камп“). На исклучиво женската конференција, викимедијанките од најразлични земји ги дискутираа проблемите со кои се соочуваат жените што учествуваат во движењето за слободно знаење, ги споделија искуствата и разгледаа некои стратегии за придобивање на учесници во различни земји и култури.