User:Engin90

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki

Арапско мерење


Во почетокот на 19 век (827 год.) , Арапите почнале да вршат мерења на димензиите на Земјата. Барем досега се знае дека тие се први кои , освен астрономски , вршеле и геодетски мерења. Мерења на должината на меридијанскиот степен вршеле во Месопотамија. Тие претходно го провериле порано исвршеното мерење во Сириската пустина помеѓу местата Тадмор и Вазита. Тука ја одредиле висината на небескиот пол и се поделиле на две групи. Резултатите од нивните мерења биле различни , но се договориле должината на поминатиот пат од 1º да биде еднаква на 56,66 арапски милји. Се знае дека 1 арапска милја е еднаква на 4000 лактови , а 1 лакт = 0.5 m.

Ако се земе дека арапската милја , како што кај некои се наведува , изнесува 1921 m , тогаш произлегува дека 1º меридијански има должина од 108, 844 m . Во тој случај би се добиле 39,184 km за обемот на Земјата , што послабо од Ератостеновиот резултат.

По овие мерења немаме нови се до 16 век . Во 16 век започнале доста живи активности во врска со мерењето и одредувањето на димензиите на Земјата. Меѓу сите изтражувачи , со својата оригиналност и духовитост за мерењата ма Земјиниот обем се истакнал парискиот лекар Жак Фернел. Мерењата ги извршил во 1528 година , со мерење на растојанието помеѓу Париз и Амиен. Овие два града меѓу себе се оддалечени за нешто повеќе од 1º меридијански , а лежат на ист меридијан. Оддалеченоста помеѓу овие два града ја измерил со помош на инструмент кој го прицврстил на тркалото од еден пајтон со цел да ги регистрира обртите од Париз до Амиен. На тој начин , тој дошол до доста точен резултат , и тоа : 1 º = 57.060 тоази ; 1 тоаз = 1,94904 m . Во обзир ги зел нерамините и наклонот на патот и во 1525 година добил извонредно прецизен резултат за меридијанскиот обем на Земјата : 40.045 km , што само за околу 36 km отстапува од вистинскиот обем на Земјата.


Подготвиле : Енгин Сулкоски Слободан Коцев