Capacity development for underrepresented communities/Evaluation/mk

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
Other languages:


Оценувачката фаза имала за цел да се изврши преглед на наученото од проектот и да се определи неговото влијание. Оваа фаза била спроведена во периодот од 1 до 31 јануари 2023 година.

link Научени лекции
  • Заедниците е потребно темелно да се истражат за да се дознаат нивните потреби и очекувања. Истражувањето е важен пристап за стекнување вредно знаење коешто би можело да се искористи како основа за развојот на спроведувачки план. Постојат повеќе истражувачки алатки, така што темелното разбирање зависи од нивната вистинска комбинација. Обично, разумно е да се користи непосредно анкетирање на членови заедницата и посредно интервјуирање на стручни лица.
  • Секоја заедница е различна со посебни потреби и очекувања. До кој степен и да е слична состојбата на недоволно застапенити заедници во општеството, нивните разлики секогаш се поизразени. Ова значи дека кон секоја заедница мора да се пристапи одделно за да се стекне добро разбирање на нејзините потреби и очекувања.
  • Говорниците кои течно ги говорат загрозаните јазици тешко се наоѓаат и уште потешко се мотивираат. Мнозинството говорници на загрозените јазици се луѓе на возраст на работоспособно население, чијашто секојдневна работа е неповрзана со зачувувањето на нивниот мајчин јазик. Овие луѓе се малубројни и до нив не може лесно да се стигне, така што стратегија којашто вклучува соработка со здруженија на заедницата може да биде од полза. Покрај тоа, вклучувањето на овие лица во викимедииното движење претставува вистински предизвик којшто бара многу внимание и вложено време затоа што нивната замена е сериозно ограничена поради нивниот мал број.
  • Достапноста на литература на теми поврзани со заедниците може да е оскудна. Обично, членовите на недоволно застапените заедници не се само заинтересирани да создаваат содржина на својот јазик, туку и да ја промовираат својата култура. Сепак, литературата на тие теми е обично оскудна, што може да е обесхрабрувачки за нивна вклученост. Оттука, соработка однапред со здруженија коишто располагаат со или имаат пристап до такви дела строго се препорачува пред да пристапи кон непосредно поврсување со членови на заедницата.
  • Заедниците може да претпочитаат создавање содржини за нивната култура на други јазици. Во зависност од состојбата на недоволно застапената заедница во општеството, неговите членови може за поважно да го сметаат создавањето непристрасни и веродостојни содржини за нивната култура на најзастапените јазици во нивното подрачје на живеење. Во вакви случаи, практично е невозможно да се вклучат членови на заедница во уредување на викимедиините проекти на нивниот јазик затоа што тие се мачат да се стекнат со основни права и нивната главна цел е да ја подобрат општествената положба на својата заедница.
  • Хибридните настани можат да помогнат во значително зголемување на досегот. ЧЛеновите на недоволно застапените заедница обично се распрскани во големо географско подрачје, па физичкиот досег до сите нив бара многу време и напори. Меѓутоа, зголемената популарност на хибридите настани за време на пандемијата на КОВИД-19 и достапноста на платформи за организирање настани на далечина овозможуваат да се одржат хибридни настани со физичко и присуство на далечина. Дополнително, технологијата којашто се користи за организирање хибридни настани овозможува лесно снимање и споделување со останати лица.
  • Соработката со толкувач на знаковен јазик е неопходна. Кога се работи со група луѓе коишто не го разбираат говорниот јазик, вклучувањето на лице коешто ќе посредува во општењето е неопходно. Ова лице обично е стручна и има добро разбирање за заедницата и може да обезбеди корисни информации во истражувачката фаза, како и да учествува во развојот на спроведувачки план.
  • Корисниците на знаковниот јазик главно не го разбираат течно мајчиниот јазик којшто се говори во нивното семејство. Поради фактот што мнозинството говорници на знаковен јазик никогаш не го слушнале говорниот јазик во нивното семејство, тие веројатно немаат течно разбирање на јазикот во пишан облик. Со други зборови, тие јазикот го сметаат за странски и може да не се во можност да создаваат висококвалитетна содржина.
  • Работењето со заедница на знаковен јазик бара иновации во слободното знаење. Како последица на отсуството на течно разбирање на мајчиниот јазик којшто се говори во семејството, се јавува потребата за откривање други начини на коишто корисниците на знаковниот јазик би се вкличиле во викимедииното движење. Една можност е да се создаваат слободни видео-записи коишто документираат содржина на знаковен јазик како нов облик на слободно знаење.
  • L'important c'est de participer. Пјер де Кубертеновата идеја дека „важно е да се учествува“ (француски: L'important c'est de participer) целосно се однесува на активностите со недоволно застапените заедници. Со оглед на тоа што множеството можни уредници од ваквите заедници е многу мало и огромни напори се потребни за да се мотивираат да се вклучат, неблагодарно е да се постават повисоки очекувања од бавен развој на нова викимедијанска заедница.
link Идни планови
  • Заедница на влашки јазик. По успешното спроведување на планираните активности со заедницата на влашки јазик, идните планови вклучуваат понатамошна интеграција на новопојавената заедница во Викимедија на Средна и Источна Европа. Во таа смисла, можните идни активности би се состоеле одучество на натпреварот СИЕ Пролет, приклучување на мрежата на викимедииното СИЕ-средиште и испраќање претставници на викимедиината конференција на Средна и Источна Европа.
  • Заедница на ромски јазик. Со оглед на тоа што спроведувањето на планираните активности со заедницата на ромски јазик беше неуспешно, што можеби се должи на склоноста кон создавање содржини за нивната култура на други јазици, идните планови вклучуваат соработка за организирање настани на коишто членови од заедницата би уредувале непристрасни и веродостојни статии за рушење на стереотипите за Ромите во општеството.
  • Заедница на македонски знаковен јазик. Бидејќи соработкта со заедницата на македонски знаковен јазик доведе до откривање нов облик на слободно знаење, се роди идеја за спроведување проект за создавање видео-записи коишто ќе документираат стручна терминологија толкувана на македонски знаковен јазик. Поконкретно, проектот би бил насочен кон толкување економски и правни поими со коишто членовите на оваа заедница секојдневно се среќаваат, но не го разбираат нивното значење.