Mobile Projects/Mobile Gateway/Mobile homepage formatting/mk

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki


Доколку главната страница на вашиот Викимедиин проект не е форматирана за читање од мобилни уреди, а вие сте администратор на проектот, тогаш проследете ги долунаведените напатствија.

Наскоро, сите Викимедиини проекти автоматски ќе се прикажуваат со нивниот мобилен изглед кога ќе се отворат од некој мобилен уред (со исклучок на табличните уреди). Погледајте ја предложената хронологија. Дооколку главната страница не е форматирана за мобилниот изглед, тогаш на мобилните корисници нема да им се прикаже никаква содржина. Затоа, важно е да одберете содржини од обичната верзија што ќе бидат погодни за мобилниот изглед.

Напомена: Мора да имате администраторски права за да ја уредувате главната страница.

Чекор 1[edit]

Најпрвин, одлучете кои содржини се погодни за да стојат на мобилната главна страница.

Разгледајте ги елементите на обичната страница (на пр. „Слика на денот“), поставувајќи си ги следниве прашања:

  • колку се популарни?
  • дали редовно се менуваат/подновуваат?
  • дали се погодни за брзо читање?
  • дали можат добро да се сместат на мобилен екран?

Откако ќе решите кои елементи треба да стојат, продолжете на Чекор 2.

Чекор 2[edit]

За да го направите следново, мора да бидете најавени и да имате администраторски права. На обичната главна страница, стиснете на „Edit“ и најдете ги елементите што сакате да стојат на мобилната страница.

Секој елемент треба да добие кратка наредба во викитекстот, наречена „mf-одбирач“ (mf selector), која се става помеѓу div-ознаките вака:

<div id="mf-ABC"> ... </div>

Напомена: буквите АБВ треба да се заменат со неповторлив наслов.

Што се става помеѓу div-ознаките? Најверојатно шаблонот на елементот, како на пр. „Слика на денот“. Назнаката (ID) на одбирачот може да гласи било како, но треба да е единствена и описна.

Стиснете на „Save page“.

(Имајте на ум дека постарите мобилни одбирачи се во форматот „mp-АБВ“, што порано се применувал на разни мрежни места. Одбирачите со овој формат и понатаму ќе работат, но кога го уредувате изгледот наново, се препорачува да користите mf-одбирачи.)

Постапката е речиси готова.

Чекор 3[edit]

Сега одете на URL-адреса, која гласи јазиченкод.m.проект.org. Ако вашиот проект нема мобилна URL, тогаш обратете се кај мобилната екипа на mobile-feedback-l(_AT_)lists(_DOT_)wikimedia(_DOT_)org. Кога ги разгледувате содржините, намалете ја ширината на прелистувачот за да добиете претстава како би изгледала мобилната верзија. Како ви се чини?

Доколку сакате да направите измени, вратете се на Чекор 2. Префрлајте се од Чекор 2 на Чекор 3 сè додека не сте задоволни.

Толку!

Пример[edit]

Главните страници на Википедија (и другите проекти) на разни јазици изгледаат различно, па затоа е невозможно да се даде еден универзален пример. Сепак, еве ја германската верзија на Википедија, за да добиете некаква претстава за изгледот: http://de.wikipedia.org/ Ако стиснете на јазичето за преглед на изворот „Quelltext anzeigen“ веднаш до „Lesen“, ќе ви се прикаже викитекстот и, со функцијата за пребарување во прелистувачот, побарајте го „mf-“.

Во овој случај, div-ознаките за mf-одбирачите се дел од поголемите објекти на страницата. Само оние што се запознаени со форматирањето на страницата имаат подробен увид во ова.

Сега појдете на: http://de.m.wikipedia.org/ Добиената мобилна страница ќе биде видлива и ќе ги прикажува елементите означени со mf-одбирачи.

Соопштение[edit]

Англиските верзии на проектите (освен Википедија) моментално го прикажуваат логото на Википедија кај што треба да стои името на проектот. Оваа грешка ни е позната и ќе биде набргу поправена. Сите други јазични верзии на проектите исправно ги прикажуваат имињата на проектите на матичниот јазик.

Имаме и поставка (бубачка) за мобилната верзија до која се доаѓа со HTTPS користјеќи го SSL-уверението на Википедија наместо доменски уверенија од конкретни проекти.