Wikimedia Macedonia/Викимедија проекти? Кои? Што? Како?

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki

Викимедија проекти? Кои? Што? Како? е проект на локалниот огранок на Викимедија, Викимедија Македонија. Овој проект треба да биде семинар, на кој ќе биде изнесена презентација, или повеќе кратки презентации (за секој проект оделно)со основните информации за проектите на Викимедија.

Информации[edit]

  • Име: Викимедија проекти? Кои? Што? Како?
  • Категорија: семинар
  • Датум и време: непознато
  • Место: непознато (најверојатно Скопје)
  • Времетраење 1 h - 2 h (овие бројки се случајни и се изведени од првичните анализи; пробниот семинар ќе покаже колку време ќе биде потребно за презентацијата(иите))
  • Простор на одржување непознато
  • Предавачи: членови на Викимедија Македонија
  • Присутни: ученици, студенти, други заинтересирани (новинарите се исто така вклучени)

Цели[edit]

Овој проект има за цел да ги промовира проектите на Викимедија и користите, кои тие ги нудат. Овој проект, исто така е начин за да се интересираат други луѓе (особено ученици и студенти)за да започнат да уредуваат на проектите на Викимедија.

Придобивки[edit]

Придобивките од овој проект би биле:

  • Зголемување на бројот на луѓе во Македонија, кои ги знаат основните информации за проектите на Викимедија.
  • Промовирање на Викимедја.
  • Зголемување на бројот на активни корисници на проектите на Викимедија.

Видете исто така[edit]