Темелни начела

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
This page is a translated version of the page Founding principles and the translation is 100% complete.

Проектите на Викимедија се засноваат на извесни темелни начела заедничи за сите нив. Овие начела може да се развиваат и уточнуваат со текот на времето, но се сметаат за идеали неопходни за темелот на Викимедиините проекти — што е различно од Фондацијата Викимедија (која исто така произлезе од Викимедиините проекти). Лицата што силно се противат на нив сепак се очекува да ги почитуваат кога работат на викиајта или да си одат на друго место. Оние што не сакаат или не можат да ги почитуваат понекогаш го напуштаат проектот.

Овие начела се:

  1. Неутрална гледна точка (НГТ) како водечко уредничко начело.
  2. Можноста речиси секој да ги уредува (највеќето) статии без зачленување.
  3. „Википроцесот“ како конечен одлучувачки механизам за сите содржини.
  4. Создавањето на пријатна и колегијална уредувачка средина.
  5. Слободно лиценцирање на содржините; in practice defined by each project as јавна сопственост, ГЛСД, CC BY-SA или CC BY.
  6. Оставање простор за наредба за помош во решавањето на особено тежок проблем. На дузина проекти врховната надлежност ја има Арбитражната комисија која носи извесни обврзувачки конечни одлуки како забранување на некој уредник.

Варијанти

Не сите проекти ги следат овие начела на истиот начин.

  • Некои применуваат неутрелност дозволувајќи мноштво единици кои сами по себе не се неутрални (Ризница, што гласи „Ризницата не е Википедија, и таму подигнатите податотеки не мора да се придржуваат до неутралноста на гледната точка“), или пак имаат поедноставно начело на „праведност“ (Википатување, кое вели „Туристичките водичи не треба да се пишуваат од неутрална гледна точка“).
  • Некои начини соработка вон вики и одлучување во некои делови од нивните процеси (МедијаВики).
  • Некои дозволуваат ограничена употреба на медиумски содржини за праведна употреба или други такви содржини кои не се слободно лиценцирани.

Поврзано