Мисијата
Прогласот за мисијата на Фондацијата Викимедија ги опишува нашите тековни активности и цели, делокругот на нашите проекти, и нашите основни вредности. Ова се разликува од прогласот за визијата. Нашиот моментален проглас за мисијата, кој е елаборација на кратката верзија in Одредба за здружување, и гласи:
Мисијата на Фондацијата Викимедија е да обезбеди можности и да ги вклучи луѓето ширум светот да собираат и разработуваат образовни содржини под слободна лиценца или во јавна сопственост, и да го шират тоа знаење делотворно и глобално.
Во соработка со мрежата на ограноци, Фондацијата овозможува основната инфраструктура и огранизациона структура за поддршка и развој на повеќејазични вики-проекти и други потфати кои ќе ѝ служат на мисијата. Фондацијата ќе создава и нуди полезни информации од нејзините проекти на Интернет бесплатно, засекогаш.
Ова е точна копија на изворниот проглас за мисијата и како таква е соодветно формулирана. Сите предлози за менување на зборовите во прогласот треба да се упатуваат на страницата Mission/Unstable, и сите предлози ќе бидат разгледувани барем еднаш годишно.