ВикиЗаЧовековиПрава/ЧПП

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
This page is a translated version of the page WikiForHumanRights/FAQ and the translation is 98% complete.
Outdated translations are marked like this.
Header for Wiki for Human Rights 2024 Meta Page: Right to a Healthy Environment GIF
Header for Wiki for Human Rights 2024 Meta Page: Right to a Healthy Environment GIF
#WikiForHumanRights 2024:Knowledge for a Sustainable Future

Што подразбира походот „ВикиЗаЧовековиПрава“?

Походот „ВикиЗаЧовековиПрава“ настана во партнерство со организациите за животна средина и човекови права на ООН со цел да се поттикнат викимедијанците и поборниците за оваа кауза да ги работат на на Википедија и другите Викимедиини платформи во документирањето на сознанија во врска со здравите природни сисеми од кои зависиме за водата што ја пиеме, воздухот што го дишеме и храната што ја јадеме, но и други неопходни ресурси.

Како поточно да учествувам?

Во походот може да учествувате на неколку начини. Дали сте дел од месна Викимедиина заедница или организација која се занимава со човекови права или животната средина? Ни треба вашата помош да се организираме! Можете да:

  • Приредите уредувачки маратон или работилница во вашата земја/заедница
  • Приредите мал уредувачки натпревар во вашата земја/заедница
  • Приредите вебинар на темата
  • Учествувате во Глобалниот уредувачки предизвик
  • Учествувате со содржини на Википедија
  • Преведувате постоечки статии на темата на вашиот јазик}}

Напомена: Можете и да учествувате на постоечки настан или да се приклучите кон Глобалниот предизвик

На кои теми да работам?

Иако не исклучуваме други теми за човековите права, походот годинава се задржува на Правото на здрава животна средина со следниве задршки:

  • Важноста на еколошката правда, климатската правда и човековите права во приодот кон месната, националната и меѓународната акција против климатската криза
  • Човечката благосостојба соочена со штетата врз животната средина предизвикана од загадување, со задршка на непосредното влијание врз другите човекови права (т.е. загадувањето и здравјето, правото на вода итн.)
  • Биоразновидноста и човековите права — како човечката благосостојба зависи од биоразновидноста на природниот екосистем

Што можам да приредам?

За овој поход можете да приредите неколку настани. Некои од досегашните се

  • Месен уредувачки натпревар
  • Месни вебинари
  • Месни уредувачки маратони и уредувачки седмици

Би сакале да бидете иновативни во настанот што ќе го приредите

Кој има право на учество?

Секој со интерес за походот и желба за приредување на или учество во Глобалниот предизвик. Тоа може да бидат

  • Поединци
  • Организации
  • Викимедијанци
  • месна подружница на Викимедија
  • Стручњаци за животната средина или човековите права

Како да учествувам во Глобалниот предизвик?

Просто е. Само ставете си го името и врската до придонесите на копчето на страницата Учествувајте

Какви награди се доделуваат за Глобалниот предизвик?

  • Уверение од организацијата за човекови права на ООН
  • Подарок од Викимедиината продавница за десетте најуспешни учесници

На која платформа да ви се придружам?