WWC2023/Стипендии

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
This page is a translated version of the page WWC2023/Scholarship and the translation is 94% complete.

Годинашниот WikiWomenCamp (кампот на ВикиЖени) ќе се одржи во Њу Делхи, Индија од 20 до 22 октомври 2023 г. Приклучете ни се во ова преобразувачко искуство посветено на раст, водство и поврзаност. Овогодишната тема гласи „Ставете се на карта, Издигнете се“, со која го подвлекуваме оспособувањето на жените и надминувањето на општествените пречки.

Што е тоа стипендија?

Ова е финансиската поддршка која му се дава на поединец за да ги покрие трошоците поврзани со присуството на конференција. Целта на стипендиите за женскиот камп е да се создадат еднакви можности за учество во активностите на кампот, уникатните активности, учењето и можностите за личен развој што ги нуди кампот.

Категории

Со намера да обезбедиме делотворно спроведување и да постигнеме што поголемо влијание, програмата на женскиот камп поделена на два оддела — Стратегија и Градење на капацитети.

Двете теми — стретегија и градење на капацитети ќе овозможат задржан и опфатен приод. Стратегијата се занимава со визијата, планирањето и работата со заинтересирани страни, а градењето на капацитети се занимава со подобрување на вештините, ресурсите и одржливоста.

Местата добиени со стипендија исто така се поделени на два оддела — 25 места за стратегија и 35 места за градење на капацитети.

Резервирани се вкупно 45 места за меѓународни и 15 за регионални учесници.

Очекувања од примачотн на стипендијата

  • Да ги посетува претконференциските седници во август и септември
  • Дневни отчети со камповска другарка
  • Пополнување на прашалник/ци по завршувањето на кампот
  • Учество во повремени стратешки состаноци (Стратешки оддел)
  • Примена на стекнатите вештини (Оддел за развој на капацитет)

Што сè покрива стипендијата

  • Повратно патување до настанот
  • Сместување и храна додека трае настанот
  • Пари за виза

Важни датуми

Ова се очекуваните рокови за стипендиите на WikiWomenCamp 2023:

  • Пуштање на образецот за поднесување: 13 јуни 2023 г.
  • Затворање на образецот за поднесување: 4 јули 2023 г.
  • Соопштување на исходот: средина на јули 2023 г.

Пријавување

За да се пријавите, пополнете го овој образец.

Applications have closed.