Wikimedia press releases/PR-1M-MK

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
Jump to navigation Jump to search

English | العربية (Arabic) | Česky | Dansk | Deutsch | Esperanto | Español (Spanish) | Suomi | Français (French) | עברית (Hebrew) | Italiano | 日本語 (Japanese) | 한국어 (Korean) | Македонски | Nederlands (Dutch) | Norsk (bokmål) | Polski | Magyar | Português (Portuguese) | Română | Русский (Russian) | Slovenščina | Српски (Serbian) | Svenska | Türkçe | Tiếng Việt (Vietnamese) | |中文(简) (Chinese, simp) | 中文(正) (Chinese, trad) | (edit this list)


Википедија ја објавува милионитата статија на англиски јазик[edit]

Ст. Петерзбург, Флорида, САД, Март 1, 2006

Викимедија фондацијата денес објави дека е напишана 1.000.000 статија на Википедија на англиски јазик. Статијата е за "железничката станица во Џорданхил". Википедија е слободна, повеќејазична, онлајн енциклопедија која добила повеќе награди и пофалби за детално покривање на актуелните настани, популарни култури, научни теми, својата корисност и интернационалната заедница на корисници. Секој ден се забележуваат десетина милиони посети на страниците на Википедија.

Покрај енциклопедиски статии, англиската википедија има голем број на графички хронологии (пример). Нејзината мултимедијална база содржи четириесет илјади слики и стотини комплетни композиции, видео снимки и анимации.

ББЦ вести ја нарекоа Википедија како „Една од најдоверливите корисни извори на информации, на Интернет или надвор од него“. Даниел Пинк, автор и колумниста во весникот WIRED ја опиша Википедија како „само-организациона, само-поправувачка, хиперадиктивна библиотека на иднината“, а Тим Бернерс-Ли, татко на вебот ја нарече „База на сето знаење“.

Википедија е првиот и најпознат проект на Викимедија фондацијата. Од неа изглегоа голем број на братски проекти, меѓу кои и речник, библотека, збирка цитати, проект посветен на вести и медиско складиште. Сите овие проекти ја користат МедијаВики платформата, издадена со отворен код.

Википедија е достапна бесплатно, и слободна за реклама на својата страна, en.wikipedia.org. Идните соработници можат да ја посетат страницата http://en.wikipedia.org/wiki/Wikipedia:Introduction за да научат како можат да и допринесат на енциклопедијата.

За Википедија[edit]

Замислете свет во кој апсолутно секој човек на планетава има слободен пристап до целокупното човечко знаење. Тоа е она што ние го работиме. -- Џими Велс, основач на Википедија.

Започната во јануари 2001, Википедија е најактуелна, најбргу растечка и најголема енциклопедија на светот, со 3,3 милиони статии кои се под активен развој на повеќе од 125 јазици. Во потполност ја развиваат волонтери кои придонесуваат, освежуваат и ја проверуваат содржината на статиите со заедничка работа. Изданието на англиски јазик содржи 20 милиони внатрешни врски, има дополнителни 65.000 измени и 1.700 нови статии секој ден.

Содржината на Википедија се пишува за пошироката публика и непрекинато се преработува заради јасност, читливост и точност. Оригиналните текстови, слики и звучни записи на Википедија се лиценцирани под ГНУ Лиценцата за слободна документација (ГФДЛ), која им допушта на корисниците да ги копираат и менуваат придонесите на други корисници, што се базира на принципот наречен „копилефт“. Целокупната база на податоци секој може бесплатно да ја преземе.

Иако проектот се соочи со значајни критики во текот на 2005-та, пред се заради неточност во некои статии, научниот магазин Nature оцени дека научната содржина на Википедија има само малку повеќе грешки по статија од изданието-ветеран , Енциклопедија Британика. Сите забележани грешки се исправени во статиите на Википедија.

За Викимедија[edit]

Wikimedia Foundation, Inc. е меѓународна непрофитна организација посветена на подршка на раст, развој и дистрибуција на слободна, повеќејазична содржина на јавноста, како и нудење на комплетната содржина во вики формат без надокнада. Викимедија фондацијата управува со еден од најголемите колаборативно-уредувани проекти во светот, вклучувајќи ја и Википедија, која е една од 25-те најпосетени Интернет локации.

Фондацијата е основата во 2003. за да го надгледува управувањето со постоечките проекти, а седиштето и е во Ст. Петерзбург, Флорида, САД. Викимедија има локални ограноци во Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Србија и Црна Гора и Полска. Ограноците во Канада, Индија и Холандија се едни од оние во процес на основање.

Поголемиот дел од активностите на Фондацијата се финансира од донации на читатели и соработници. Овие донации обично изнесуваат 50 $ или помалку. Буџетот за 2005-та бил $739.200 $.

Понатамошни информации[edit]

Контакт[edit]

Во врска со прашања и интервјуа, ве молиме контактирајте со (само на англиски):

press (at) wikimedia.org

Џими Велс, Претседател, Одбор на доверелители, Фондација Викимедија
Телефон: +1-310-474-3223
Е-пошта: jwales@wikia.com

Анџела Бизли, Одбор на доверелители, Фондација Викимедија
Телефон: (+44)-208-816-7308
Е-пошта: abeesley@wikimedia.org

Регионални контакти[edit]