Jump to content

Испитување на желбите на заедницата/Како да направите добар предлог

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
This page is a translated version of the page Community Wishlist Survey/How to create a good proposal and the translation is 92% complete.
Outdated translations are marked like this.

Што е добар предлог? Овие напатствија се наманети да му помогнат на предлогот да има што подобри изгледи да биде избран за исполнување.

Во делокругот на Техничарите на заедницата

Предлогот треба да се однесува на техничка потреба на активните уредници на Википедија. Треба да бара инженерска работа и да НЕ биде врзан за правила или друштвени промени.

Техничарите на заедницата ги одбиваат предлозите ако Предлози на кои им треба инженерска работа се
  • Се бара само вршење уредувања на вики, дури и ако се однесува на „технички“ уредувања (во предлошки, модули итн.)
  • Веќе се во плановите на екипите на Фондацијата Викимедија
  • Во минатото биле одбиени од Техничарите на заедницата или други екипи на Фондацијата Викимедија
  • Повик за отстранување или овозможување на функција на која работела екипа на Фондацијата Викимедија
  • Изработка на алатки за Викимедиини проекти
  • Утврдување и подобрување на функционалноста на важни неподдржани алатки
  • Создавање н аподобра документација за овие алатки, со цел да можат подобро да се користат
  • Создавање на алатки, ботови и помошници за да им се помогне на корисниците во она што веќе го прават
  • Изработка на алатки за википроекти
  • Менување на постоечки алатки и ботови за да можат да работат на повеќе проекти
  • Претворање на често употребуван код напишан од заедницата (алатки и кориснички скрипти) во дел од програмот МедијаВики

Проект пократок од една година, повеќе од грешка

Испитувањето на желбите на заедницата е ограничено на можностите на Техничарите на заедницата. Екипата е благодарна за „големите идеи“ за Фондацијата и нема да ги занемари.

The team is grateful for "big ideas" for the Foundation and doesn't ignore them. However, some proposals require a dedicated team other than Community Tech.

Сепак, некои предлози бараат посветена екипа, поинаква од Техничарите на заедницата. Таквите ќе бидат преместени на одделна страница и по нив нема да се гласа. Подоцна, врската до таа страница ќе биде споделена со други екипи на Фондацијата Викимедија.

Примери:

Make SecurePoll accessible through local wikis (too large)
"POV Detector" for articles (too large)
Make a mobile application for Wikivoyage (too large)
Истек на набљудуваните (големко)
Спомнување на корисници од описот на уредувањето (идеална големина)
Прекопирање од разликата (мало, но не премало)

Одберете еден конкретен проблем и опишете го подробно

Дајте контекст со кој обнаснувате зошто проблемот е важен за корисниците. Добриот предлог точно образложува:

  • Во што е проблемот,
  • Кој е засегнат од него.
  • Додајте екрански снимки, врски и разговорни страници со подробна расправа за проблематичниот простор, ако е возможно.

Ова ќе им помогне на Техничарите на заедницата да добијат слика каде да почнат со работа.

Не велете просто „(функцијата x) е застарена“, „ѝ треба подобрување“ или „има многу грешки“. Тоа не ни дава доволно информации за да разбереме што треба да направиме.

Предлозите можат да се поднесуваат на било кој јазик. Техничарите на заедницата им препорачува на доброволците да ги преведат, за секој да може да ги прочита и да гласа по нив. Прочитајте повеќе на „Фаза на разгледување“.

Примери:

Додајте подобри ботови (не е доволно уточнето и се чита меѓу редови, преголемо)
Да го направиме викито полесно за највеќето луѓе (не е еден проблем, туку начело за многу разни промени)
Воведете вештачка интелигенција (не е еден проблем, туку начело за многу разни промени)
Подобра работа со разлики во одвојување на пасусите
Прикажувај ги сите активни седници
Користи Википодатоци за да се подобри пребарувањето

Не грижете се за изнаоѓање решение

Не морате да предложите како да се реши проблемот. Тоа е задача на Техничарите на заедницата.

Пропишувањето на решение понекогаш може да биде ограничување. На пример, гласачите може по грешка да поддржат решение кое подоцна ќе се испостави неизводливо, а Техничарите на заедницата би можеле да изнајдат друг приод кон негово решавање.

Примери:

Ознаки (како evernote, пребарливо, категоризирање) (нема информации за проблемот)
Програм за масовно подигање (нема информации за проблемот)

Поразговарајте со другите членови на заедницата

Веројатно ќе треба да им ја ставите вашата идеја на знаење на другите, и да поразговарате за тоа дека таа идеја се разгледува на друго место. Соберете мислења и споделете го предлогот. Ова можете да го направите рано, пред фазата на гласање. Така учесниците ќе бидат запознаени со проблемот и ќе запомнат да учествуваат и гласаат за неа кога ќе дојде време.

Воедно, погледајте ги нашите промотивни материјали. Можете да се послужите со нив.

Избегнувајте предлози одбиени во минатото

Ова е список на некои од проектите кои добиле многу гласови. Техничарите на заедницата биле посветени на нивно остварување, но морале да ги одбијат. Не е веројатно, а можеби е невозможно, дека екипата би работела на нив годинава.

Издание на испитувањето Место во исходот Проекти Образложение
2019 2 Темен изглед Се преклопува со проект на друга екипа. Преклопениот проект е is Подобрувања на работната површина. Прочитајте повеќе.
2019 6 Вратете го mw.toolbar Проблемот во голема мера бил решен без било каква вклученост на Техничарите на заедницата. Освен тоа, Техничарите на заедницата по правило не ги поништуваат промените направени од други екипи. Прочитајте повеќе.
2019 8 Потсетници за статии Ова е технички пресложено. Исто така, на тоа ќе мора да работи друга екипа на Фондацијата Викимедија. Постојат други начини да се дојде до истиот резултат. Прочитајте повеќе.
2019 10 2FA достапно за сите засегнати уредници Ова е технички пресложено. Исто така, на тоа ќе мора да работи друга екипа на Фондацијата Викимедија. Прочитајте повеќе.
2017 6 Напомени за статии за повеќе јазици Ова е технички пресложено. Воедно, Техничарите на заедницата не се во можност да изработат и одржуваат таква алатка. Прочитајте повеќе
2016 1 Глобални алатки Ова е технички пресложено. Воедно, Техничарите на заедницата не се во можност да изработат и одржуваат таква алатка.
2015 3 Централно складиште за алатки, предлошки и Lua-модули
2015 6 Овозможи категории на Ризницата на сите јазици Се преклопува со проектите на друга екипа. Преклопените проекти се Структурирани податоци на Ризницата и Структурирани податоци ширум Викимедија.
2015 4 Набљудувања ширум сите викија Ова е технички пресложено. Прочитајте повеќе.
2015 8 Глобална разговорна страница ширум сите викија Се преклопува со проектите на друга екипа. Преклопените проекти се Тек/Структурирани расправи и Известувања ширум сите викија.
2015 10 Додај кориснички набљудувања Употребувајќи ја злонамерно, оваа алатка може да го олесни малтретирањето на корисниците. Прочитајте повеќе.