Jump to content

Fundraising/Translation/Cancel or change recurring giving/mk

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
This page is a translated version of the page Fundraising/Translation/Cancel or change recurring giving and the translation is 100% complete.

Откажување или измена на повторливите уплати

Го цениме вашиот придонес за Фондацијата Викимедија и искажата поддршка за слободното знаење. Свесни сме дека понекогаш околностите знаат да се променат и дека тогаш веќе не сте во можност да да правите постојани уплати повторлива основа. За да ја откажете или измените претплатата, проследете ги напатствијата подолу. Во напишаното не го наведувајте бројот на вашата кредитна картичка или други финансиски информации.

PayPal

  • Пишете ни на donate(_AT_)wikimedia.org и напоменете каква измена би сакале да направите. Притоа наведете што е можно поточни податоци за уплатата што сте ја направиле:
    • е-поштенската адреса сврзана со вашата сметка на PayPal
    • Име и презиме, како што сте го навеле
  • По е-пошта ќе ви пратиме потврда кога ќе ја извршиме промената.
  • Во напишаното не го наведувајте бројот на вашата кредитна картичка или други финансиски информации.

Кредитна картичка

  • Пишете ни на donate(_AT_)wikimedia.org и наведете каква промена сакате да направите. Притоа дајте што повеќе информации за уплатата, како:
    • е-поштенската адреса на која ви стаса потврдата
    • Име и презиме како што сте го навеле
  • Кога ќе ја извршиме промената, ќе добиете потврда по е-пошта.
  • Во напишаното не го наведувајте бројот на вашата кредитна картичка или други финансиски информации.