Здружение на ограноците на Викимедија/Основање на Управен одбор на Советот на ограноци

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki

Здраво на сите,

Саботата, 31 април 2012, беше важен ден за движењето на Викимедија, ден кога дваесет и шест ограноци ја изразија својата волја да се приклучат кон Здружението на ограноците на Викимедија. Седум други ограноци изразија поддршка, чие членство ќе започне кога ќе ги задоволат потребните услови.

Здружението е основано по долги и отворени дискусии, при што се дојде до заедничка одлука преку прифаќање или одбивање на одредени амандмани. По прифаќањето на предложената Повелба, собранието избра четиричлен комитет кој ќе има за задача да раководи со постапката на создавање на Здружението. Членовите на комитетот Демијан Финол, Фрида Бриоши, Крег Френклин и Томер Ашур ќе работат доброволно сè до почетокот на Викиманија 2012, кога ќе ги пренесат своите надлежности на избраниот платен Генерален секретар.

Во недела, 1 април 2012, комитетот го одржа својот прв состанок, при што ги донесе следниве одлуки:

  1. Согласно мултијазичната природа на нашето движење, комитетот ќе ги објавува своите резолуции на Есперантно со цел да го олесни преведувањето на други јазици.
  2. Комитетот за својата работа ќе се користи со мета вики, е-пошта, IRC и други комуникациски канали се со цел да досегне до што е можно повеќе заинтересирани за овој процес.
  3. Комитетот ќе изгради инфраструктура за Здружението. Најважни приоритетни работи:
    1. Да се избере земјата каде Здружението ќе се регистрира - одлучено беше комитетот да објави предлог критериуми за избор на место на регистрација. Потоа Комитетот очекува да добие мислење од заедницата за критериумите и истите да ги достави до надворешна фирма специјализирана за регистрација на меѓународни организации со цел истата да предложи можни места за регистрација.
    2. Предлог за Генерален секретар - Комитетот ќе даде предлог опис на работата на Генералниот Секретар врз основа на забелешките добиени од заедницата, истите ќе ги објави со цел да привлече заинтересирани за оваа позиција. Одлуката ќе биде направена онлајн пред почетокот на Викиманија 2012 од страна на избраните членови на Советот/Здружението од страна на членовите ограноци.
    3. Ќе обезбеди отворен и транспарентен процес на донесување на одлуки за работата на Комитетот и Здружението.

Повелбата потпишана од страна на ограноците може да ја најдете на следнава адреса: http://meta.wikimedia.org/wiki/WCA_Charter. Членовите на комитетот се надеваат дека сите ќе се заложат да дадат придонес во постапката на создавање на оваа важна организација.

Ја изјавуваме нашата посветеност на успехот на Здружението,

Фрида Бриоши, Крег Френглин, Томер Ашур и Демијан Финол
Посредници во воспоставувањето на Здружението на ограноци на Викимедија