Здружение на ограноците на Викимедија/Место на регистрација

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
This page is a translated version of the page Wikimedia Chapters Association/Place of registration and the translation is 100% complete.

Ограноците на Викимедија се независни организации основани со намера да ги поддржат и застапуваат проектите на Викимедија во рамките на дадено географско подрачје (земја). Како и самата Фондација Викимедија, тие имаат за цел да „обезбеди можности и да ги вклучи луѓето ширум светот да собираат и разработуваат образовни содржини под слободна лиценца или во јавна сопственост, и да го шират тоа знаење делотворно и глобално“. Моментално постојат 39 ограноци на секој континент во светот.

Здружението на ограноци на Викимедија или ЗОВ (Wikimedia Chapters Association, WCA) е здружена организација на овие ограноци. Основана е на 31 март 2012 во Берлин. Членките на бараат земја погодна за регистрирање на организацијата. Имајќи ја таа цел на ум, еве ги предложените критериуми за земјата што треба да биде домаќин на организацијата:

Високоприоритетни

  • Стабилен политички/социјален систем без непосредни или идни политички немири.
    • Низок степен на корупција, криминал; со други зборови - стабилност. Ако земјата е нестабилна, може да ги измени законите што се однесуваат на здруженија.
  • Добра правна основа за здруженија, каде здружението може да искористи постоечката повелба без (или со малку) прилагодувања; лесно разбирлива постапка на основање здруженија, низок степен на бирократија.
    • Колку е едноставна постапката за основање на здруженија? Дали се бараат сложени одобренија од владата? Колкави измени треба да претрпи повелбата за да биде подобна? Дали повелбата/уредбите можат да се менуваат по основањето на здружението? Има ли завод за ревизија?
  • Flexible corporate processes for making одлуки/решенија и секојдневно управување.
    • Дали одлуките/решенијата може да се донесуваат на интернет? Дали членовите на советот или одборот (ако е применливо) мора да бидат од извесна националност? Дали донесувањето на одлуки/решенија бара опширни процедури, како на пр. сложена нотаризација?“
  • Стабилен економски систем, лесно примање и испраќање на парични средства од/во други земји. Дозволено организациите да бидат здружени со организации во странство.
    • Стабилен економски систем со јасни правила, за да нема изненадувања. Здрав пазар, можност за непречено испраќање/примање на парични средства од странство со мала или никаква вмешаност на властите или оданочување на истите.
  • Даночно погодна.
    • Бараме ниски или никакви давачки за непрофитни организации. Дали се пресметува ДДВ на доброволните прилози од членовите? данок на приходи? државни давачки? данок на промет? Дали земјата има склучено спогодби со други земји за избегнување на двојно оданочување?
  • Општествено прогресивна (слобода на говорот, медиумите и тн). Лесни закони за авторски права.
    • Суштинска основа на здружението е идејата за слободно знаење за секого. Доколку земјата има закони што ги ограничуваат универзалните права, тогаш здружението нема да може соодветно да ги исполнува своите цели (а може и државата да гледа на него како на противник). Слободата на говорот, слобода на здружување/собир, слобода на медиумите, економски слободи, права на сексуалните малцинства, хабеас корпус/право на исправно судење.

Средноприоритетни

  • Меѓународни врски, добра патна инфраструктура.
    • На здружението може да му треба помош од ограноците во соседните земји. Групите би соработувале полесно доколку не се оддалечени.
  • Трошоци на деловно работење: Трошоци за изнајмување на деловен простор, работна сила, услуги (правни, финансиски, ревизорски, административни).
  • Повеќејазичност во секојдневното живеење (добавувачи, таксисти).

Нископриоритетни

  • Јазик на деловното работење.
    • Некои влади бараат службените односи да се одвиваат на извесен јазик, не само кај здруженијата, туку и во дописката со надворешни службени лица. Дали уредбите, годишните извештаи и сл. мора да се преведуваат? Дали во земјата се бара „главен/службен/државен јазик“?
  • Споредни трошоци: Даноци и надоместоци на персоналот, дали владата бара други задолжителни трошоци? (социјално осигурување, градинка и тн).
    • Здружението во секој случај има физичко присуство, а со време и персонал. Систем на плати, закони за работен однос, исплата на даноци за персоналот и тн. задолжителни надоместоци, социјално осигурување, градинка, породилно отсуство.
  • Близина до постоечки ограноци.

Претставувања

Првичниот комитет назначен во Берлин ги претстави следниве места:

‬Поврзано: споредба на можни места.