Значајни новости за Викимедија — март 2015 г.

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of the page Wikimedia Highlights, March 2015 and the translation is 100% complete.

Other languages:
Bahasa Indonesia • ‎Bân-lâm-gú • ‎Canadian English • ‎Deutsch • ‎English • ‎Esperanto • ‎Nederlands • ‎Tiếng Việt • ‎dansk • ‎español • ‎français • ‎português do Brasil • ‎čeština • ‎македонски • ‎русский • ‎українська • ‎ייִדיש • ‎עברית • ‎العربية • ‎ଓଡ଼ିଆ • ‎ไทย • ‎中文 • ‎中文(中国大陆)‎ • ‎中文(香港)‎ • ‎粵語


Ова се позначајните новости од блогот на Викимедија за март 2015 г.

March highlights feature image.jpg

Editatonas photo by Carlos Delgado, CC BY-SA 4.0. Raspberry Pi photo by Janet Chapman, CC BY-SA 4.0. Terry Gilbey photo by Myleen Hollero, CC BY-SA 3.0. Open data graph by Ellery Wulczyn and Dario Taraborelli, CC0 1.0. Kourosh photo by Myleen Hollero, CC BY-SA 4.0.

Викимедија против НСА: Фондацијата Викимедија поднесе тужба против НСА, спротиставувајќи се на масовниот надзор

Извор на правдата
Photo by Roland Meinecke, GFDL 1.2. Овој март, Фондацијата Викимедија поднесе тужба против Националната безбедносна агенција (НСА) и Министерството за правда на САД. Со ова, фондацијата прави напор да се спротистави на програмот за масовен надзор. Дознајте повеќе.

Месец на историјата на жените

Art+fem
Photo by Carlos Delgado, CC BY-SA 4.0.
Минатиот месец истакнавме посебна збирка случки и приказни поврзани со родовата разновидност во Викимедииното движење во чест на Денот на жената и Месецот на историјата на жените во рамките на проектот ВикиЖени. Се надеваме дека ви се допаднаа и вам колку и нам.

Раст на слободното знаење преку отворени податоци

London Clickstream
Graph by Ellery Wulczyn and Dario Taraborelli, CC0 1.0.
Отворените податоци ни помагаат да дознаеме како луѓето го пронаоѓаат и споделуваат знаењето на семрежјето. Екипата за истражување и податоци на Фондацијата Викимедија објави 5 збира отворени податоци за Викимедиините проекти.

Raspberry Pi во Масекело: Википедија во училиштата без струја

Masekelo
Photo by Janet Chapman, CC BY-SA 4.0.
Учениците во средно училиште без струја во Танзанија сега ќе имаат пристап до Википедија преку безжична врска, користејќи го подарениот сметач „Raspberry Pi“. Дознајте како овој великодушен прилог го води училиштето во XXI век.

Фондацијата Викимедија усвои нова Политика за отворен пристап во поддршка на слободното знаење

Library Book
Photo by LSE Library, CC BY-SA 3.0.
Фондацијата Викимедија донесе нова политика, со која сите истражувања под нејзина непосредна поддршка стануваат достапни за јавноста, под отворени лиценци.

Добредојде за новите членови на Фодацијата Викимедија

Guy
Guy Kawasaki, Board of Trustees

Фондацијата Викимедија со задоволство ве известува дека во Одборот на доверители ни се приклучи Гај Кавасаки. Г-дин Кавасаки е знаменит писател, стопанственик и семрежен застапник, кој ни носи богато искуство и преспектива на движењето.
Photo by Nohemi Kawasaki, CC BY-SA 4.0.

Terry
Terry Gilbey, Chief Operating Officer

Овој месец во фондацијата го примивме и Тери Гилби, во својство на меѓувремен Главен оперативен раководител, отчетен пред извршниот директор Лила Третиков. Досега Тери беше Извршен директор на претприемачките операции на „Кајзер Перманенте“ и вршеше разни раководни функции во „IBM Global Services“.
Photo by Myleen Hollero, CC BY-SA 3.0.

Kourosh
Kourosh Karimkhany, VP Strategic Partnership

And Курош Каримхани потпретседател за стратешки партнерства, отчетен пред Лиза Грувел. Како долгогодишен раководител во областа на јавните гласила, Курош има работено во водечки претпријатија како што се Yahoo и Conde Nast — каде беше предводник на преземањето на Wired.com, Ars Technica и Reddit.
Photo by Myleen Hollero , CC BY-SA 4.0.

Ендру Шерман — Практикант по дигитално општење во Фондацијата Викимедија

Фабрис Флорен — Раководител за општење во движењето во Фондацијата Викимедија