Jump to content

Желби на заедницата

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
This page is a translated version of the page Community Wishlist and the translation is 89% complete.
Оваа страница е посветена на новите тековни Желби на заедницата. За постарото годишно испитување, погледајте Испитување на желбите на заедницата .

Желбите на заедницата се форум за учесници во Викимедиините проекти каде тие споделуваат идеи или „Желби“ за подобрување на нашиот производ и технологија, а потоа да соработуваат меѓу себе и со Фондацијата Викимедија во заедничко одлучување за и решавање на најважните задачи на кои ќе им дадеме предност. За да изгради одржлива програмска опрема за многу поколенија, на Фондацијата Викимедија ѝ треба мислења од заедницата, како и соработка со доброволци за справување со предизвиците и приликите што се отвораат.

Како работи:

  • Доброволците можат да поднесат желба (барање за функција, поправка на грешка, системска промена) во секое време. Им препорачуваме на корисниците да ја поднесат желбата на нивниот мајчин јазик.
  • Поднесените желби ќе бидат разгледани, прокоментирани и уредени од други доброволци, а потоа прифатени од Фондацијата.
  • Фондацијата ќе направи поврзување на желбите и ќе се произнесе со Клучни области пред заедницата. Овие полиња ќе ни помогнат да утврдиме и решиме што повеќе од најголемите проблеми.
  • Учесниците може да гласаат и коментираат за Клучните области, кои потоа ќе бидат усвоени од екипите на Фондацијата, Техниката на заедницата или доброволечките разработувачи.


+ Поднеси желба

Клучни области

Наскоро!

Почнувајќи од август 2024 г. Фондацијата ќе го објави првиот список на клучни области. Секоја област е сочинета од три или повеќе желби кои во основа делат ист проблем.

Recent wishes

These are the recently submitted wishes.

You can learn more about each individual wish, and see other wishes in the same focus areas.

If you don't find what you are searching for, you are welcomed to submit your wish for consideration.

Наслов Клучна област Тип Проекти Датум (UTC) Состојба
Gender marking in job titles tool Неукажано Барање за функција Википедија 2024-07-16T09:14:21.000Z16 јули 2024 Поднесено
Stewardship needed for Adiutor MediaWiki extension Неукажано Барање за функција Википедија 2024-07-16T00:16:10.000Z16 јули 2024 Отвори
DNG support for Commons Неукажано Барање за функција Ризница 2024-07-16T04:02:44.000Z16 јули 2024 Поднесено
Wishlist - identify Structured Data changes Неукажано Барање за функција Ризница 2024-07-15T19:59:42.000Z15 јули 2024 Поднесено
Wikidata: Enable the class and relation parameters on more constraint types Неукажано Барање за функција Википодатоци 2024-07-15T19:41:38.000Z15 јули 2024 Поднесено


All wishes

Како да напишете добра желба

Иако немаме официјални критериуми за „добра желба“, им препорачуваме на предлагачите да го изложат проблемот со кој се соочуваат без да предлагаат конкретно решение, така што доброволците и персоналот би можеле заеднички да дојдат до приод кон неговото решавање.

Желбите кои одразуваат сочувство и ги покажуваат предизвиците и целите на корисникот ја избегнуваат опасноста да бидат тесни, а со тоа избегнувајќи критики врз решенијата од други корисници.

Во долуприкажаниот пример, обата примера (насочениот кон проблем и насочениот кон решение) се стремат да ги подобрат доживувањата на новите корисници. Примерот насочен кон проблем остава простор за решение и повикува на соработка, а оној насочен кон решение може да добие негативни критики од учесниците кои не сакаат да го преименуваат песочникот. Така, желбата насочена кон проблем има подобри изгледи да влезе во клучна област.

Желба насочена кон проблем (препорачано) Желба насочена кон решение (непрепорачано)
Наслов Да им олесниме на новодојденците да ја создадат нивната прва статија Преименување на песочникот во „Уредник на нацрти“
Опис На новите корисници не им е лесно да го најдат нивниот кориснички песочник. Штом ќе го најдат, новите уредници наидуваат на неколку предупредувања кои ги обесхрабруваат во пишувањето на квалитетна статија. Ова влијае врз нивната способност да се прилагодат на Википедија и да стекнат самодоверба како учесници. Ова делумно е намерно — треба да имаме на ум како работат патролерите — но истото воедно е пречка во воведувањето на новите уредници. Поимот „песочник“ е збунителен за нови корисници. Ајде да го преименуваме во „Уредник на нацрти“, и со тоа уредниците поверојатно ќе отворат нацрт-статија.
Тип Системска промена Барање за функција
Проект Википедија Википедија
Засегнати корисници Нови уредници, а со тоа и патролери кои ги проверуваат новите уредувања Уредници
Задачи на Фабрикатор (незадолж.) T123456

Често поставувани прашања

Кој е рокот за изразување на желби?

Нема рок. Изразувањето на желби ќе остане отворено.

Што се тоа „клучни области“?

Фондацијата установува закономерности во желбите кои делат заеднички проблем и ги групира во полиња наречени „клучни области“. Групирањето на желби ќе започне во август 2024 г. засновајќи се на желбите поднесени од јули 2024 г. натаму.

Како да влијаеме врз давањето предност?

На учесниците им се препорачува да дискутираат и гласаат по клучните области за да ја истакнат нивната важност.

Како овој нов систем ќе ги остварува желбите?

Фондацијата Викимедија, подружниците и доброволечките разработувачи можат да усвојуваат клучни области. Фондацијата е посветена на вклопување на две или повеќе клучни области во 2024—25 г. и ќе вклучи уште повеќе во Годишниот план за 2025—26 г.

Клучните области соодветствуваат со хипотези (конкретни проекти, типично во траење од едно тримесечје) и клучните резултати (пообемни проекти кои траат до една година).

Како да поднесам желба? Дали има нешто изменето во поднесувањето?

You can submit wishes at Community Wishlist/Intake .

Направивме промени во она што би сакале да го видиме во желбите. Погледајте го горенаведениот водич за повеќе информации.