Википедија 15/Медиуми/Соопштение за јавноста/Пример
Ова е пример за соопштение за јавноста во врска со 15-тиот роденден на Википедија. Слободно користете го, прилагодувајте го според јазик и место и преведувајте го! Предлозите ги ставивме со задебелени букви.
Пример за соопштение за јавноста: Википедија 15
Википедија прославува 15 години слободно знаење
Википедијанците ширум светот приредуваат глобална забава со настани на шест континенти по повод 15-годишнината на Википедија
[ГРАД, ЗЕМЈА], 15 јануари 2016 г. -- Денес се одбележува 15-годишнината на Википедија, светската слободна енциклопедија што секој може да ја уредува. Оваа седмица, уредниците и читателите ширум светот го чествуваат слободното знаење и радоста што ја предизвика во изминатите 15 години. [Ставете ваши планови за месна прослава.]
Википедија беше пуштена на 15 јануари 2001 г. со смела задача: свет во кој секое човечко битие ќе има слободен пристап и удел до збирот на човековото на сето знаење. Во тоа време, замислата дека луѓето ширум светот ќе земат да соработуваат на бесплатна енциклопедија била незамислива. Оттогаш, Википедија порасна на 35 статии на стотици јазици, со стотици милиони читатели ширум светот. И денес ја градат доброволци од целиот свет: секој месец на на учествуваат 80.000 доброволни уредувачи.
Денес, на нашата петнаесетгодишнина, 28 отсто од живите на планетава не познаваат свет без Википедија. Иако голем дел од интернетот денес е личен простор, Википедија му служи секому на светот, на сите возрасти и занимања.
На 15 јануари не го одбележуваме само раѓањето на Википедија, туку и почетокот на едно движење. Википедија е многу повеќе од мрежно место. Таа, заедно со братските проекти, претставува глобален и сè поголем ресурс и заедница за слободно знаење. Еве само некои примери:
- Википедија започна во јануари 2001 г. на англиски, но набргу се прошири и на други јазици — истата година се појави на 18 јазици. Денес ја има на стотици јазици.
- Доброволците постојано ја уредуваат и подобруваат Википедија. Секој час се прават околу 15.000 уредувања. Секој ден се создаваат 7.000 нови статии.
- Википедија во 2007 г. стана едно од 10-те најпосетувани мрежни место во светот, и единствено непрофитно меѓу нив.
- А не е само Википедија. Имаме уште 11 други Викимедиини проекти посветени на слободното знаење, како што се Ризницата, Викиречник, Викицитат, Викивидови и други.
- Глобалниот фотографски натпревар „Вики ги сака спомениците“ започна во 2010 г. со цел да документира слики од места што преставуваат културно наследство. Во 2011 г. стана најголемиот фотографски натпревар во светот. Во разни земји се јавија и придружни проекти, како „Вики ја сака Земјата“, „Вики ја сака Африка“, „Вики го сака сирењето“ и др.
- Доброволците ширум светот изградија стотици соработки со галерии, библиотеки и музеи, овозможувајќи поширок пристап до содржините во тие установи.
- [Слободно одберете ги достигнувањата што би сакале да ги истакнете и ставете ваши! Тука собираме идеи. ]
[ПОПОЛНУВАЧ ЗА ЦИТАТ ОД ЏИМИ ВЕЛС: Наскоро ќе има текст!]
Денес не ја чествуваме само Википедија, туку и сите проекти, соработки, настани и радоста која ни ја донесоа овие 15 години и многуте години што претстојат. Уредувачките заедници ширум светот приредуваат забави, конференции и други настани за да соберат членовите на заедниците и да го прослават 15-тиот роденден на Википедија. [Тука напишете за плановите на вашата заедница.]
Доколку сакате да се вклучите, посетете ја страницата посветена на Википедија 15, од каде се координираат настаните. Можете да ни кажете што претставува Википедија за вас преку друштвените медиуми, означувајќи @Wikipedia [или вашата месна сметка] и користејќи ја тарабната ознака #wikipedia15.
За Википедија
Википедија претставува најголемата збирка на слободно знаење во човечката историја. Таа е заедничко дело, изградено во соработка помеѓу милиони луѓе од целиот свет од 2001 г, до денес. Секој може да ја уредува, ви секое време. Се нуди на стотици јазици и содржи преку 35 милиони статии. Секој месец имаме повеќе од 15 милијарди посети на страниците. Во создавањето на содржините учествува заедница од околу 80.000 доброволни уредници секој месец.
За [ТУКА ВМЕТНЕТЕ ОРГАНИЗАЦИЈА]
[Незадолжително: тука можете да ставите краток опис на вашиот огранок/подружница.]
Контакт за медиумите
[Внесете име, број и е-пошта за прашања од медиумите]