Jump to content

Fundraising 2012/Translation/Анкета за дарителите

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
This page is a translated version of the page Fundraising 2012/Translation/Donor survey and the translation is 100% complete.


E-mail

Email subject

Анкета за дарителите на Фондацијата Викимедија - Помогнете ни - искажете го Вашето мислење

Email body

Почитуван(а) <name>,

Го добивте ова писмо бидејќи дадовте доброволен прилог за Фондацијата Викимедија во текот на овогодишната кампања. Вашата поддршка навистина многу ни значи и за тоа искрено Ви благодариме.

Би сакале да го дознаеме Вашето мислење за нашата кампања за прибирање средства. Ова е важно, бидејќи вака можеме да го подобриме дарувањето за Вас и дарителите од Вашата земја, па затоа би ве замолиле да одвоите малку време за да одговорите на неколку прашања во врска со дарувањето.

За да ја погледате Анкетата за даритителите, стиснете тука: <survey link>.

Доколку имате некои други мислења или би сакале да ни пишете по е-пошта наместо да го пополните анкетниот образец, тогаш слободно искажете се на адресата donorsurvey@wikimedia.org. Ја цениме Вашата поддршка!

Ви благодариме, Екипата за прибирање средства на Викимедија


Анкета за дарителите

На Википедија ѝ требаат мислења од лица како Вас за да дознае конкретни информации за поединечни земји, и како дарувањето да го направи што посоодветно и подобро. Вашите одговори на долунаведените прашања ќе ни овозможат да го подобриме дарувањето за сите локални дарители.

1. Која е најважната причина што дадовте прилог?

  • Го поддржувам слободното знаење за сите во светот.
  • Обраќањето беше искрено и непосредно.
  • Редовно ја користам Википедија и сакав да ја поддржам.
  • За да нема реклами на Википедија.
  • Друга (наведете)

2. Каков впечаток добивте од личното обраќање на основачот на Википедија, Џими Велс?

  • Пораката е целисходна и допре до мене.
  • Напишано е на јасен и разбирлив начин.
  • Напишано е на нејасен начин кој е тежок за разбирање.
  • Делови од пораката ми делуваат збунувачки.
  • Најголемиот дел од пораката ми беше нејасен.
  • Пораката е слаба и затоа не допре до мене.
  • Друга (наведете)

3. Во која валута би сакале да дарувате?

  • јужноафрикански ранд (ZAR)
  • западноафрикански франк (XOF)
  • централноафрикански франк (XAF)
  • кениски шилинг (KES)
  • евро (EUR)
  • американски долар (USD)
  • друга (наведете)

4. Дали би дарувале дури и ако ја нема Вашата локална валута?

  • Не, би дарувал само во мојата локална валута.
  • Да, би дарувал и во странска валута.
  • Да, но би дарувал само во следниве валути:

(наведете една или повеќе)

5. Кој начин на плаќање го претпочитате?

  • Кредитна картичка
  • Дебитна картичка
  • На сметка
  • Од претплатна картичка (prepay)
  • PayPal
  • Фактурирано на сметката на мобилниот
  • Друг (наведете еден или повеќе)

6. Дали би дарувале ако Вашиот претпочитан начин на плаќање не е достапен?

  • Не, би дарувал само ако го има мојот претпочитан начин на плаќање.
  • Да, би дарувал без разлика на начинот на плаќање.
  • Друго (наведете)

7. Дали износите во десниот дел од образецот ви се чинат соодветни за валутите на располагање? [URLGOESHERE Стиснете ова] за врската.

  • Да, ми изгледаат соодветни
  • Не, превисоки се
  • Не, прениски се
  • Доколку не се, кои би биле посоодветни:

8. Стиснете на наведената врска, која ќе Ве одведе на образецот за адреса на нашата страница за дарување. Дали адресата се пишува така? [URLGOESHERE Стиснете тука] за врската.

  • Да, така се пишува адресата
  • Не, има премалку/премногу полиња
  • Ако не се пишува така, тогаш кажете ни каде е грешката и дајте пример за правилниот начин на пишување на адресите во Вашата земја:

9. Земено во целина, дали страниците, врските и полињата за информации беа јасни за разбирање на јазик лесен за употреба?

  • Да, разбрав сè
  • Не, некои полиња/преводи/можности се нејасни или неточни
  • Ако не, тогаш кажете ни што би сакале да подобриме:

10. Каков е Вашиот општ впечаток од страницата за дарување?

  • Користи локална терминологија и локални можности за одговарање, предвидени токму за мојата земја.
  • Користи локална терминоологија и локални можности, но има некои неточни елементи.
  • Користи некои локални поими и можности, но има многу неточни елементи.
  • Изгледа како да е предвидена за друга земја.
  • Друго (наведете)

11. Ако имате нешто да дополните, во просторот подолу напишете подробности или мислења за страницата за дарување и пораката.

Уште еднаш Ви благодариме што ја поддржавте Викимедија, непрофитната организација што раководи со Википедија.

Вашата приватност ни е многу важна. Освен ако не се бара по закон, Вашите одговори ќе бидат познати само во рамките на Викимедија и нејзините добавувачи. Може да јавно да објавиме анонимни одговори и статистики за анкетата. Никогаш нема да го објавиме вашето име и адреса, но може да ги употребиме информациите за да Ве контактираме во врска со Викимедија и нејзините активности. Викимедија е светска организација. Одговарајќи ги прашањата, се согласувате вашите одговори да се пренесат во САД и други места, по потреба. Повеќе информации ќе најдете на правилата за приватност на Survey Monkey: URLGOESHERE