Избори на Фондацијата Викимедија/2021
Изборите завршија на 31 август 2021 г. Повеќе не се прифаќаат гласови.
Исходот е објавен на 7 септември 2021 г. Мислења за изборите можете да дадете на страницата за поизборна анализа.
Избори за Доверители 2021 |
Главна страница |
Кандидати |
Информации за гласањето |
Единечен пренослив глас |
Исход |
Расправа |
ЧПП |
Прашања |
Приредување |
Преведување |
Документација |
Изборите за Одбор на доверители 2021 се презакажани за 18 - 31 август 2021 г. поради технички потешкотии со SecurePoll. Прочитајте повеќе.
Изборите за Одбор на доверители 2021 се одржаа од 18 до 31 август 2021 г. Членовите на Викимедиината заедница имаат прилика да изберат четири лица со тригодишен мандат. Повикот за кандидати заврши на 29 јуни 2021 г.
Прочитајте ги прашањата за кандидатите и нивните одговори.
Табела на кандидати
Стиснете на името на кандидатот за да дознаете повеќе.
Гласање
Гласањето траеше од 18 до 31 август 2021 г. Информациите и напатствијата за гласање се на оваа страница.
Пред да гласате, прочитајте го претставувањето на кандидатите и оценката на способности направена од тековниот Одбор.
Напомена: Ако гласот ви биде одбиен, не се обидувајте да се најавите на гласачкото вики. Ако системот одбие важечки глас, почнете ја гласачката постапка одново. Со оглед на тоа што гласачкиот образец повторно ќе биде празен, не е лошо да ги запишете вашите избори на посебен документ или да направите екранска снимка пред да го поднесете образецот.
Дознајте повеќе за Одборот на доверители од ова кратко видео:
Времеслед
- 15 April: Board of Trustees resolution about the upcoming elections
- 29 April: Call for Election Volunteers
- 9 June – 29 June: Call for Candidates
- 30 June – 2 July: Announcement of confirmed candidates
- 7 July – 3 August: Candidates campaign period
- 18 August: Voting period opens
- 31 August: Voting period closes
- 1 September – 7 September: Vote counting and processing
- 7 September: Announcement of vote results
- September: Board of Trustees appoints selected candidates
Водителите на изборите изготвија графичка претстава на времеследот. Ова може да послужи за споделување на информации за изборите. Графиконот е достапен на повеќе јазици.
Походни активности
Ова е список на предвидени походни активности во тек на походниот период. Понатамошните активности се во разработка, и списокот постојано ќе се подновува. Членовите на заедницата се добредојдени да додаваат дополнителни активности на списокот подолу. Ако додавате активности, ставате врска до страница со повеќе информации за нив.
- 3 јули во : Средба на кандидатите со приредувачите со цел информирање за походот.
На оваа средба приредувачите ќе одговараат на прашања од кандидатите. - 4 јули во : Средба на кандидатите со заедниците од Блискиот Исток и Северна Африка (MENA)
- 7 јули: Кандидатите почнуваат со одговарање на прашањата поднесени од заедницата : списокот објавен на 2 јули.
- 10 јули: Средба на кандитиатите со заедниците од Средна и Источна Европа (СИЕ)
- 17 јули во : Средба на кандидатите со шпанскојазичните заедници
- 21 јули во : Средба на кандидатите со Комисијата за работи на заедниците при Одборот на доверители
- 23 јули во : Средба на кандидатите со заедниците од цела Африка и Блискиот Исток
- 28 јули во : Средба на кандидатите со заедниците од цела Европа
- 31 јули во : Средба на кандидатите со заедниците од цела Азија и Тихоокеанија
- 1 август во : Средба на кандидатите со заедниците од Америките
Досег
Излезноста претходните гласања беше околу 10 % глобално. Поголема излезност имаше во заедниците со поддршка од доброволци. Некои од нив достигнаа излезност од 20 %.
Изборни доброволци
Дали сакате да ни помогнеме да ја подобриме излезноста во вашата заедница? Не ви е потребно искуство со избори. Изборните доброволци можат да помогнат во разгласувањето за изборите за Одборот во нивната заедница. Добредојдени се доброволци од сите википроекти! Целиме да имаме барем по еден изборен доброволец од википроекти за најзастапените 30 со подобни гласачи. Помогнете ни да саставиме поразновиден и поделотворен Одбор на доверители со тоа што ќе ја вклучите и вашата заедница во изборите!
Разговори
Изборите за Одбор на доверители се предмет на тековен разговор во разни краишта од светот. Приклучете се!
- Разговор на Телеграм за изборите
- Водителската екипа на изборите за Одбор тука ќе објавува известувања и новости.
- Изборни добробволци од Јужна Азија
- Тука ставете врска за другите да можат да се приклучат на разговорот
Екипа
- Изборна комисија
- AbhiSuryawanshi
- Carlojoseph14
- HakanIST
- KTC
- Mardetanha
- Masssly
- Matanya
- Ruslik0
- Водители (Стратегија и управување на Движењето)
- Ким Гил: усогласување
- Xeno: англојазични заедници и Мета
- Џеки Кернер: англојазични заедници и Мета
- Civvi: италијански заедници
- Маќеј Наѓикевич: полски заедници
- Маутон Посупе: франкојазични заедници
- Оскар Костеро: шпанскојазични заедници и Латинска Америка
- Денис Бартел: германојазични заедници, Северна и Западна Европа
- Мехман Ибрагимов: рускојазични заедници, Средна и Источна Европа
- Раван ел-Таје: арабојазични заедници и Блискиот Исток
- Мерват Салман: арабојазични аедници и Близок Исток
- Зита Заге: Потсахарска Африка
- Сем Ојејеле: јорупски заедици и Западна Африка
- Кришна Ч. Велага: Јужна Азија
- Јенгчин Ко: корејски заедници и Источна Азија
- Рамзи Мулијаван: индонезиски заедници, Јустоисточна Азија и Тихоокеанија
Позадина
Изборите за Одбор на доверители требаше да се одржат во 2020 г. со цел да се одберат тројца членови. Во април 2020 г. Одборот издаде соопштение дека гласањето е одложено. Во април 2021 г. Одборот ја соопшти намерата изборите да се приредат истата година. Одборот настојува да ја зголеми разновидноста и учеството во изборите.
Одборот се прошири на 16 места со цел подобро покривање на зголемениот работен обем и стручни способности во управувањето со Фондацијата Викимедија. Ова проширување делумно се должи на препораки од надворешено разгледување на управувањето.
- 3 нови места избрани од заедницата и подружниците
- 3 нови места избрани од Одборот
Во 2021 г. ќе се гласа за четири места, од кои за три ќе бидат обновени, а четвртото е од одобреното проширување на Одборот. Другите нови места одобрени од заедницата и подружниците ќе бидат избрани во текот на 2022 г. заедно со двете места од подружниците на кои ќе им дојде редот да се обноват (вкупно четири).