Jump to content

Википодатоци/Белешки/Предуслови

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
This page is a translated version of the page Wikidata/Notes/Requirements and the translation is 100% complete.

Википодатоци (Wikidata) доби неверојатно големо внимание, дури и пред воопшто да напишеме еден ред од кодот. Ова многу нè охрабрува, но истовремено води и до крајно високи очекувања. Википодатоци претставува многу нешта за многу луѓе. Се темели на идеи, предлози и технологија која движењето Викимедија ја развива речиси една деценија, но и долго пред тоа. Очигледно е дека, иако Википодатоци се движи напред и носиме одлуки, сепак нема да можеме да ги оствариме сите очекувања.

Овињ кратки белешки имаат за цел да ги приберат сите основни предуслови за Википодатоци, за да се осигура дека дискусијата и прибирањето на идеи од заедницата има добра основа за да биде целисходно.

Следниве предуслови се неприкосновени:

  1. Википодатоци ќе биде Викимедиин проект, и ќе го раководи и одржува Фондацијата Викимедија. Ова значи дека Википодатоци ќе ги следи начелата и напатствијата на движењето Викимедија.
  2. Програмот на кој ќе работи Википодатоци ќе биде под лиценца за отворен код, и ќе зависи само од програми што се исто така со отворен код.
  3. Поставеноста на Википодатоци мора што полесно да се вклопи во постојната инфраструктура на Фондацијата Викимедија. Ова значи дека треба да се вклопи во истото складиште, резерви и оперативна инфранструктура колку што е можно подобро. Ова бара употреба на МедијаВики, PHP, MySQL и тн.
  4. Содржината на Википодатоци ќе се нуди под слободна лиценца.
  5. Содржината на Википодатоци ќе се извезува во формати од слободни стандарди.
  6. Успехот на Википодатоци не се мери по количеството на складирани податоци, туку по создавањето на здрава заедница и нејзината полезност за Википедија и други места.
  7. Википодатоци не се занимава со вистината сама по себе, туку со искази и нивните извори (наводи). Тие може и да се косат.
  8. Википодатоци ќе биде сосема многујазичен и достапен на сите јазици на Викимедиините проекти.
  9. Изразливоста на Википодатоците ќе биде ограничена. Секогаш ќе постојат примери на знаења што Википодатоците нема да може да ги пренесе. Се надеваме дека изразливоста ќе се зголеми со текот на времето.
  10. Програмерите на Википодатоци не одлучуваат за неговата содржина, исто како што програмерите на МедијаВики не ги одредуваат содржините на Википедија. Википодатоци може да има свои уредници, но тие нема да имаат посебни права во заедницата.

Следниве предуслови служат како битни насоки што ќе ги примениме во осмислувањето на Википодатоци:

  1. Википодатоци е друштвено-технички систем. Наместо да се напрега самиот да биде многу интелигентен, тој ќе зависи од заедниците на Викимедија.
  2. Првата цел на Википодатоците е да послужи во вистински случаи на Википедија, а не да овозможи некаков хипотетички облик на совршенство во знаењето
  3. Википодатоци мора да ја одржи рамнотежата помеѓу лесна употребливост и изразливост на исказите. Корисничкиот посредник не треба да се усложнува само за да може да покрие неколку исклучителни случаи.
  4. Што претставува исклучителен случај, а што не, ќе се утврди по тоа колку често случајот се појавува на Википедија. Наместо да се занимаваме со прераскажани докази и хипотетички примери, ние ќе ја анализираме Википедија и ќе востановиме колку често се јавуваат дадени случаи.
  5. Да бидеме прагматични. Завршеното е подобро од совршеното.
  6. Википодатоците ќе има многу податоци кои може да послужат за истражување. Истите мора да бидат лесно употребливи.
  7. Википодатоци ќе има API-посредник за создавање на алтернативни кориснички посредници кои се поинтелигентни од стандардниот посредник на Википодатоци.
  8. Википодатоците ќе можат да го уредуваат и луѓе и роботи. Меѓутоа, луѓето што раководат со ботовите мора да ја имаат предвид нивната голема одговорност да не ја преплавуваат заедницата и да не бидат пренаметливи.