Jump to content

Значајни новости за Викимедија, март 2012

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
This page is a translated version of the page Wikimedia Highlights, March 2012 and the translation is 100% complete.

Позначајни новости од Извештајот на Фондацијата Викимедија и Техничкиот извештај за март 2012, со избор од други важни настани од движењето Викимедија

Значајни новости за Фондацијата Викимедија

Разработката на МедијаВики преоѓа на распределена контрола на ревизии

Кодното складиште на МедијаВики беше претворено од Subversion во Git (распределен систем за контрола на верзии, првично осмислен од Линус Торвалдс и други за јадрото на Linux) за јадрото на МедијаВики и оние негови додатоци што се користат на проектите на Викимедија. Еве ги очекуваните подобрувања: Пониска бариера за програмскиот код, отстранување на извесни технички мани на Subversion што им го отежнуваа животот на програмерите и побрза достава на подобрувањата до корисниците.

Презентација на Arabnet, со која образложивме „Зошто на арапскиот свет му треба посилна Википедија на арапски јазик...“

Патување по арапските земји за зголемување на учеството во Википедија

На крајот од март, Бари Њустед и Мушира Еламрави од одделението за Глобален развој на Фондацијата Викимедија посети неколку арапски земји (Јордан, Мароко, Либан и Египет). Таму се сретнаа со локалните Википедијанци и разни установи потенцијално заинтересирани за партнерство со цел да помогнат во развојот на арапската Википедија. Иницијативата за арапски јазик претставува стратешки приоритет за фондацијата.

Подобрувања на изгледот на мобилната Википедија

Бета-верзијата на Википедија за мобилни уреди претрпе неколку измени со цел да добие попрофесионален изглед и подобро да им служи на корисниците. Тука спаѓаат измените во подножјето, почист изглед на скривањето и откривањето на поднаслови, и преработено пребарување на цел екран. Има и нова експериментална функција што го олеснува пристапот до наводите.

Податоци и трендови

Глобални поединечни посетители за февруари:

476 милиони (-1,3% во однос на јануари; +25,4% во однос на лани)
(податоци comScore за сите проекти на Викимедија; comScore ќе ги објави мартовските податоци во подоцнежниот дел на април)

Барања на страници за март:

17,3 милијарди (-4,7% во однос на февруари; +13,6% во однос на лани)
(Податоци од опслужувачкиот записник, сите проекти на Викимедија, вклучувајќи мобилен пристап)

Активни регистрирани уредници за февруари 2012 (>= 5 уредувања/месец):

85.163 (-3,6% во однос на јануари / -1,7% во однос на лани)
(Податоци од базата, сите проекти на Викимедија освен Заедничката Ризница)

Основни показатели за февруари 2012: http://reportcard.wmflabs.org/

Финансии

(Во моментот на составување на извештајов, на располагање се само финансиските информации за февруари 2012.)

Сите наведени финансиски информации важат за периодот 1 јули 2011 - 29 февруари 2012.

Приходи $ 30,198,838
Расходи:
 Технолошка група $ 6,623,737
 Група за заедници/прибирање средства $ 3,042,089
 Група за глобален развој $ 2,707,697
 Група за раководење $ 641,421
 Група за финансиски/правни/ЧР/административни работи $ 4,027,709
Вкупно расходи $ 17,042,652
Вкупно остаток/(губиток) $ 13,156,186
  • Приходите за месецот изнесуваат $ 824.000 наспроти планираните $ 272.000, т.е. околу $ 552.000 или 203% повеќе од планираното.
  • Приходите од почетокот на годината досега изнесуваат $ 30,2 милиони наспроти планираните $ 24,6 милиони, т.е. околу $ 5,6 милиони или 21% повеќе од планираното.
  • Расходите за месецот изнесуваат $ 2,1 милиони наспроти планираните $ 2,2 милиони, т.е. околу $ 49.000 или 2% помалку од планираното.
  • Расходите од почетокот на годината досега изнесуваат $ 17 милиони наспроти планираните $ 18,9 милиони, т.е. околу $ 1,9 милиони или 10% помалку од планираното.
  • Готовинската состојба изнесува $ 31,4 милиони (на 29 февруари 2012) – околу 13 месеци расходи.
Видео за месечните показатели на Фондацијата Викимедија и активности на фондацијата за месец март (5 април 2012)

Други поважни новости од движењето

Нов Викимедиин проект: Википодатоци

Започна разработката на Википодатоци (Wikidata) - првиот нов проект на Викимедија од 2006 наваму. Википодатоци ќе биде „слободна, соработна, повеќејазична помошна база на податоци, каде ќе се собираат структурирани податоци за поддршка на Википедија, Заедничката Ризница. другите Викимедиини проекти, но и многу други места.“. За разработката на проектот е задолжен led германскиот огранок на Викимедија, кој ќе ѝ ја предаде таа надлежност на самата Фондација во 2013.

Учесници во Викимедиината конференција во Берлин

Претставени реформи на Викимедиината конференција

Кон крајот на март, 120 претставници на организации од движењето Викимедија (ограноци, Одборот на доверители, разни лица вработени во Фондацијата и неколку работни групи) се состанаа во Берлин на овогодишната глобална Викимедиина конференција 2012. На презентациите со наслов „состојбата на ограноците“, секој огранок накратко ги излкожи своите активности во текот на изминатата година (Ризница / Мета: ден 1, ден 2, ден 3 / YouTube). Одборот на доверители донесе неколку решенија во врска со прибирањето на средства, нивна распределба и модели на здружување со движењето Викимедија („улоги во движењето“). На овој настан многу ограноци ја усвоија и Берлинската спогодба и со тоа формално го основаа „Здружението на ограноци на Викимедија“, орган кој би требало да ја подобри соработката помеѓу ограноците и да ја доведе до „нов степен“.

Месец на историјата на жените

По повод Месецот на историјата на жените се одржаа разни збиднувања (мрежно и вонмрежно) со цел да се подобри застапеноста на жените во проектите на Викимедија. Меѓу исходите од овие настани можат да се споменат новите подобрени и избрани статии на Википедија, новите слики на Ризницата и прилозите на Викивестите.

Научно списание објави рецензентски статии на Википедија

Научното списание со отворен пристап PLoS Computational Biology соопшти дека почнува со објавување на „Тематски страници“ - рецензентски текстови на поединечни теми, што ќе излегуваат не само во списанието, туку и како нови статии на Википедија. Надлежните изразија надеж дека уредниците ќе ги подновуваат и другите јазични верзии во склад со објавеното. Првиот објавен пример е статија за цикличното преместување кај белковините.