Jump to content

Значајни новости за Викимедија, јуни 2012

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
This page is a translated version of the page Wikimedia Highlights, June 2012 and the translation is 100% complete.

Значајни новости од Извештајот на Фондацијата Викимедија и Инженерскиот извештај на Викимедија за месец јуни 2012, со избор на други поважни збиднувања во движењето Викимедија

Значајни новости за Викимедија

Советодавната група расправаше по идниот состав на распределбата на средства

Состанок на советодавната група на Комисијата за распределба на средства во Сан Франциско

На 9-10 јуни, советодавната група за основање на идниот Комитет за распределба на средствата (FDC) се состана во просториите на фондацијата во Сан Франциско. На средбата учествуваа членови од заедницата, доверители на Викимедија, претставници од ограноците, доброволци од заедницата, членови на персоналот на фондацијата и групацијата Bridgespan и разговараа за тоа како FDC ќе ги предводи одлуките за распределба на паричните средства (над 10 милиони американски долари во 2012-13) во рамките на Фонацијата, ограноците и други групи. Врз основа на добиените препораки, Одборот на доверители подоцна ја одобри повелбата и првичните работи на FDC. Викимедијанците што сакаат да членуваат во FDC треба да се кандидираат.

Лого за проектот „Ликовен уредник“

Пуштен втор прототип на Ликовниот уредник

Пуштен е нов прототип на „ликовниот уредник“ за Викимедиините проекти, каде за прв се појави множноста за создавање и уредување на страници. Уредникот ќе им помогне на корисниците да можат да уредуваат без допрва да учат сложена викисинтакса.

Пробниот проект „Чајџилница“ заврши со охрабрувачки резултати

Чајџилницата (Teahouse) на англиската Википедија, каде новите уредници на Википедија добиваат поддршка од искусните членови, ја заврши тримесечната пробна фаза и објави извештај и статистички преглед. Во пробниот проект земаа учество вкупно 568 доброволци. Според анкетата, 70% од посетителите се изјасниле како задоволни од Чајџилницата, а не им се допаднала на само 5%. Новите корисници што биле поканети во Чајџилницата извршиле многу повеќе уредувања од оние без покана. 28 проценти од учесниците на Чајџилницата се од женски пол, во споредба со 9 проценти од општото уредништво на Википедија.

Собир на хакери во Берлин

Панорамски поглед на берлинскиот хакерски настан „Хакатон“

Над 100 учесници од 30 земји се собраа во Берлин на манифестацијата „Берлински хакатон“, во организација на Викимедија Германија и Фондацијата. Учество земаа и разработувачи на МедијаВики MediaWiki, корисници на Toolserver, системски администратори, програмери и одржувачи на ботови, творци на алатки и други технолози што работат во или со Викимедија. Исто така, заедницата дозна повеќе за проектите „Википодатоци“ (Wikidata) и „RENDER“.

Податоци и трендови

Глобални поединечни посетители за месец мај:

492,39 милиони (+4,02% во однос на април; +19,79% во однос на лани)
(Податоци од comScore за сите Викимедиини проекти; comScore ќе ги објави мајските податоци подоцна во јули)

Барања на страници во јуни:

18,1 милијарди (+0,2% во однос на мај; +22,7% во однос на лани)
(Податоци од опслужувачкиот записник, сите Викимедиини проекти, вклучувајќи мобилен пристап)

Активни регистрирани уредници за мај 2012 (>= 5 уредувања месечно):

85.200 (+0,38% во однос ма април / +3,25% во однос на лани)
(Податоци од базата, сите Викимедиини проекти освен Заедничката Ризница)

Основни показатели' (опфаќа разни статистички податоци и трендови за Викимедиините проекти) за месец мај 2012:

http://reportcard.wmflabs.org/

Финансии

Приходите од почетокот на годината до 31 мај 2012
Приходите од почетокот на финансиската до 31 мај 2012, по функции

(Во моментот на составување на извештајов, на располагање се само финансиските информации за мај 2012.)

Сите наведени финансиски информации важат за периодот 1 јули 2011 - 30 мај 2012.

Приходи $ 35,563,497
Расходи:
 Технолошка група $ 10,979,122
 Група за поддршка на заедницата/прибирање на средства $ 3,612,603
 Група за глобален развој $ 3,882,629
 Група за раководење $ 863,259
 Група за финансии/право/човечки ресурси/администрација $ 6,127,792
Вкупно расходи $ 25,465,405
Вкупен вишок/(загуба) $ 10,098,092
  • Приходите за месецот изнесуваат $659,000 наспроти планираните $162,000, т.е. околу $497,000 или 306% над планираното.
  • Приходите од почетокот на финансиската година досега изнесуваат $35,6 милиони наспроти планираните $29 милиони, т.е. околу $6,6MM или 23% над планираното.
  • Рсходите за месецот изнесуваат $3,4 милиони наспроти планираните $2,2 милиони, т.е. околу $1,2 милиони или 50% повеќе од планираното, претежно поради остварување на планирани капитални расходи.
  • Расходите од почетокот на финансиската година досега изнесуваат $25,5 милиони наспроти планираните $ 25,7 милиони, т.е. околу $252,000 or 1% помалку од планираното.
  • Готовинската состојба $29,1 милиони (на 31 мај 2012) – околу 12,5 месеци расходи.

Други поважни новости од движењето

„Африпедија“ ќе овозможи вонмрежен пристап на Википедија во оддалечените подрачја во Африка

Новата иницијатива наречена „Африпедија“ ќе овозможи пристап до Википедија во деловите од западна Африка што немаат достап до добра врска со интернет. Согласно проектот, на флеш-клучеви ќе се инсталираат вонмрежни верзии на Википедија (со Kiwix). Истите ќе се втикнат во мали енергоефикасни сметачи без екрани и тастатури (приклучнички сметачи) што се поврзуваат со локална безжична мрежа (неповрзана со интернет). Секој што има сигнал од мрежата, ќе има пристап и до содржините. Проектот е соработка на Википедија Франција со Здружението на франкофонските универзитети (AUF) и Францускиот институт (IF). Ќе започне во околу 20 универзитети во 15 земји во западна Африка.

Втор самит „Ибероконф“ во Сантијаго, Чиле

Во првиот викенд во јуни, во Сантијаго (Чиле) се одржа Вториот ибероамерикански википедиски самит („Ибероконф“). На него присуствуваа претставници од ограноците од Аргентина, Боливија, Бразил, Венецуела, Италија, Колумбија, Мексико, Португалија, Уругвај, Чиле и Шпанија, како и гости од Панама и Перу, Фондацијата Викимедија и огранокот Викимедија Германија.

„Википедиината академија“ врши испитувања за Википедија

На крајот на јуни, во организација на Викимедија Германија се одржа настанот „Википедиина академија 2012“, каде се сретнаа академски истражувачи и викимедијанци. Обете страни ги претставија извршените испитувања за Википедија и воопшто за слободното знаење. Можете да погледате разни трудови и видеоснимки.


Месечниот состанок посветен н а статистиките и активностите на Фондљацијата Викимедија одржан на 5 јули 2012 беше посветен на Годишниот план за 2012-13 наместо на вообичаената задршка на самиот месец. Видеоснимката ќе биде подигната на Ризницата кога ќе биде објавен Годишниот план.