Регистриран корисник

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of the page Registered user and the translation is 88% complete.

Outdated translations are marked like this.
Other languages:
Bahasa Indonesia • ‎Bahasa Melayu • ‎British English • ‎Canadian English • ‎Chi-Chewa • ‎Deutsch • ‎English • ‎Kiswahili • ‎Lëtzebuergesch • ‎Nederlands • ‎Tiếng Việt • ‎Türkçe • ‎azərbaycanca • ‎dansk • ‎español • ‎français • ‎hrvatski • ‎italiano • ‎magyar • ‎polski • ‎português • ‎português do Brasil • ‎română • ‎sicilianu • ‎Ελληνικά • ‎беларуская • ‎български • ‎македонски • ‎русский • ‎татарча/tatarça • ‎тоҷикӣ • ‎українська • ‎հայերեն • ‎العربية • ‎سنڌي • ‎فارسی • ‎پښتو • ‎नेपाली • ‎মেইতেই লোন্ • ‎தமிழ் • ‎മലയാളം • ‎සිංහල • ‎ไทย • ‎中文 • ‎日本語 • ‎한국어

Регистриран корисник е оној корисник што направил сметка и се најавил на некој Викимедиин проект. Покрај она што го можат нерегистрираните корисници, регистрираниот корисник може да:

  • создава нови статии
  • мести нагодувања
  • заведува страници за „набљудување“
  • подига податотеки како слики, аудиоснимки и тн.
  • означува уредувања како „ситни промени“
  • создаде своја корисничка страница
  • преместува (преименува) страници

Целосен список на правата ќе најдете на Special:ListGroupRights.

Сите уредувања на регистрираниот корисник ќе се покажуваат во историјата со неговото корисничко име, наместо со IP-адреса.

Регистрираните корисници (освен администраторите и програмерите) не можат да уредуваат и преместуваат заштитени страници. Новорегистрираните корисници не можат да уредуваат полузаштитени страници и да прават било какво преместување. За новорегистрираните може да важат уште неколку помали ограничувања, зависно од викито (согласно bugzilla:12556, подигањето на медиумски содржини е автопотврдено право кај највеќето викија, со исклучок на Ризницата).

На Заендичката Ризница постојат посебни регистрирани корисници наречени „доверливи корисници“. Ризницата има многу слики од Flickr чии лиценци мораат да се проверуваат. Регистриран корисник што е упатен со Ризницата може да поднесе барање за доверлив корисник, што претставува поткласа на корисник. Администраторите на Ризницата немаат потреба од вакво право бидејќи нивниот пристап е уште повисок.

Од 12 јуни 2008 наваму, прагот на автопотврденост кај највеќето викија е четири дена, без минимален број на уредувања. Автопотврденоста на ar.wiki, en.wiki, es.wiki и pl.wiki се стекнува со минималниот број на уредувања; од март 2012 наваму, zh.wiki и es.wiki имаат највисок праг (50 уредувања), додека пак другите бараат највеќе 10. На de.wikibooks за автопотврденост треба да се почека седум дена. Во минатото беа одбиени други барања за накачување на овој праг (вид. Ограничувања на измените во поставеноста).