Jump to content

Fundraising 2012/Translation/Обраќање на Исак

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
This page is a translated version of the page Fundraising 2012/Translation/Isaac appeal and the translation is 100% complete.

Banner

  • Прочитајте:
    Лично обраќње на
    Исак Косгеј, уредник на Википедија

Appeal

Од Исак Косгеј, уредник на Википедија

Знаењето е за секого, дури и за оние што немаат интернет. Денес, највеќето училишта во Кенија имаат сметачи. Меѓутоа, многу од нив сè уште немаат интернет, особено во руралните краишта.

Како доброволец на Википедија, моја главна улога е достава на вонмрежни примероци на Википедија. Тоа е верзијата што има само текст и се користи без интернет.

Заедно со моите пријатели одиме по училишта ширум Кенија со јавен превоз или такси, опремени само со ЦД-а, USB-клучеви, преносен сметач и проектор.

Википедија ја ставаме на училишните сметачи и им покажуваме на наставниците како работи проектот. Потоа одржуваме презентација на проектор пред целото училиште и зборуваме за важноста на Википедија.

Наставниците велат дека овој проект го смени животот на илјадници ученици и претставува пресврт во образованието во Кенија. Учениците секогаш се мошне возбудени и многу ни се благодарни за она што го правиме.

Благодарение на Википедија—и неколку долги и правливи патувања со автобус—едно цело поколение на ученици сега има пристап до најголемата енциклопедија на светот. За мене лично, ова е најдоброto нешто што ми се има случено во животот.

Кога дарувате за Википедија, вие го менувате светот. Срдечно ви благодарам.

Исак Косгеј
Студент по деловно работење и доброволец на Википедија