Stewards/elections 2010/Guidelines/mk

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
Jump to navigation Jump to search
Избори 2010 Надзорници (упатство за пријавување)
Оваа страница ги упатува корисниците заинтересирани за гласање или кандидатура на изборите за надзорници. Прочитајте го секој поднаслов подолу.

Гласачи[edit]

Пред да гласате, морате:

  • да имате сметка на Мета (ова вики);
  • да имате глобална сметка (или сметка на Мета со корисничка страница што наведува врска до сметката на вашето матично вики, и врска до сметката на Мета од корисничката страница на матичното вики);
  • сметката да не ја користите главно за автоматизирани (ботски) задачи;
  • да имате извршено барем 600 уредувања пред 01 November 2009 (на едно вики, или пак уредувањата на обединети викија, кои можат да се сметаат збирно);
  • да имате извршено барем 50 уредувања помеѓу 01 August 2009 и 31 January 2010 (на истото гореспоменато вики, или пак уредувањата на обединети викија кои можат да се сметаат збирно).

Тука можете автоматски да проверите дали се квалификувате.

Преведувачи[edit]

Помогнете со преведувањето на овие страници на вашите јазици:

  • вовед (најгоре на страницата за избори);
  • оваа страница: погледајте ја кутијата за преводи десно;
  • изјави на кандидатите: одете на врските за преводи под секој поднаслов;
  • CentralNotice: погледајте ја страницата за преводи.

Предлози за учесниците[edit]

  • Доколку вашето матично вики нема известување за овие тековни избори, тогаш препорачливо е да ставите известување на тамошната огласна табла за да ги известите потенцијалните кандидати и учесници.
  • Поставајте им прашања на кандидатите, ако сакате. Ако се наложи потреба, опширните разговори ќе бидат преместени на страницата за разговор за изјавите на кандидатот. Тогаш ќе треба да оставите известување, за другите учесници да знаат каде да погледаат ако се заинтересирани.
  • Слободно оставите краток (највеќе еден до два реда) коментар со кој го објаснување вашиот глас. И тука, опширните разговори (одговори на туѓите гласови) ќе мораат да се преместат, па затоа и во овој случај ќе треба да оставите известување за другите корисници да знаат каде можат да го проследат разговорот.

Кандидати[edit]

Предуслови[edit]

Пред да се пријавите за надзорник, обратете внимание на тоа дека треба:

  • да имате глобална (SUL) сметка;
  • да имате корисничка сметка на ова Мета вики (здружена со вашата обединета сметка);
  • да имате сметка на барем еден проект на Викимедија кадешто сте активни барем три месеци.


Покрај ова, бидејќи работата на надзорникот е таква што може да го вмеша и доведе до правни последици и вмешаност (погледајте ги правилата CheckUser и Oversight), морате:

  • да имате барем 18 години () пред последниот ден на гласањето;
  • да сте спремни на фондацијата Викимедија да ѝ го соопштите вашето полно име и презиме и да приложите доказ за тоа (некаква лична исправа).

Се претпочита надзорниците да зборуваат повеќе од еден јазик, бидејќи сјуардството честопати подразбира работа на проекти на разни јазици. Исто така надзорниците треба да бидат достапни и на располагање разумно често. Ограничувањата се дадени во Правилата за надзорници. На пример, надзорниците не треба да го користат нивниот привилегиран пристап на проектите кадешто се активни за да се спречи судир на интереси, а треба да посматраат и да пружаат помош на страниците за барања за надзорништво. Доколку користите ИРЦ, повелете, придружете ни се на #wikimedia-stewardsconnect на freenode за да одговорите на барањата.

На неактивните надзорници ќе им биде оневозможен пристапот.

Пријавување[edit]

Ако сакате да станете надзорник, проследете ги следниве чекори.

Направете страница со своја изјава[edit]

  • Создајте потстраница (само отворете ја и кликнете на „зачувај“)

  • Уредете ја страницата со следниве податоци:
    • Вашето вистинско име и презиме (незадолжително);
    • врска до вашата корисничка страница на Мета, и врска до уште една активна сметка која ги задоволува предусловите.
    • листа на јазици на коишто знаете да читате и пишувате, користејќи го јазично-независниот стенографски јазик на Викимедија (видете {{user language}}).
    • краток опис на вашето учество во фондацијата Викимедија. Од особен интерес за нас е работата како администратор или бирократ, доброволната работа како член на екипата за одговарање на е-пошта или членство во Арбитражниот комитет, и било кои други информации што сметате дека се релевантни. За да добиете повеќе идеи, прочитајте изјави од други кандидати.
  • Сега создајте ја вашата страница за гласање (нема потреба да вршите било какви промени. Само создајте ја страницата):

  • Кога ќе завршите, додајте се на индексот на изјави (со кодот {{/Вашето_корисничко_име}}), додајте поднаслов на Страницата за прашања и наведете го вашиот јазик на страницата за изборите со додавање на следниов текст по азбучен редослед: "{{Se2010 candidate indexer|вашето корисничко име}}". Потоа доброволците ќе ја преведат вашата страница на различни јазици.

Приложете доказ за идентитет[edit]

Information

Доказот за идентитет (лична исправа) мора да биде примен пред 1 февруари, или во спротивно ќе бидете дисквалификувани. Погледајте ги шаблоните за е-пораки за да дознаете како се прави тоа.