Месец на украинската културна дипломатија 2022

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
This page is a translated version of the page Ukraine's Cultural Diplomacy Month 2022 and the translation is 100% complete.

Месец на украинската културна дипломатија 2022

17 февруари – 17 март    

[Друштвени медиуми: #UCDMonth] · [Врска: ucdm.wikimedia.org.ua]    



Добре дојдовте на уредувачкиот натпревар за подобрување на опфатеноста на украинската култура на Википедија.
  • Што: Ова е јавен уредувачки натпревар за создавање и подобрување на статии за културата и народот на Украина на Википедија на што повеќе јазици. Списокот на статии го подготвија месните приредувачи од Украина. Најактивните учесници ќе освојат награди.
  • Кога: Уредувачкиот натпревар ќе се одржи од 00:01, 17 февруари 2022 (UTC) до 23:59, 17 март 2022 (UTC).
  • Како: Натпреварот има четири чекори: Изберете ги статиите што ќе ги пишувате → Добијте бодови за напишаното → Целите кон што повеќе бодови → Освојте награда за вашето учество!
  • Кој: Секој википедијанец со сметка на било кое вики може да учествува во пишувањето и/или преведувањето на статиите поврзани со украинската култура, на било кој јазик. За да учествувате, ќе треба да се пријавите во одделот „Учесници“.
  • Зошто: Натпреварот го приредува Викимедија Украина во соработка со Украинскиот институт и Министерството за надворешни работи на Украина. На Википедија недостасуваат статии на најразлични теми, и со овој натпревар се трудиме да ги покриеме културните појави кои имаат значење за украинскиот народ. Со ова на читателите им обезбедуваме висококвалитетни информации.