Fundraising 2009/appeal/mk

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
Jump to navigation Jump to search

Need help? See the Translation FAQ or Meta:Babylon. All translators should also subscribe to translators-l to be kept up-to-date (and to ask questions).
General Fundraising Translation Guidelines: Fundraising 2009/Translations.

Апел од основачот на Википедија, Џими Велс[edit]

Денес ве замолувам да дадете доброволен прилог во поддршка на Википедија.

Википедија ја започнав во 2001, и во текот на изминатите осум години со восхит вчудоневиденост гледав како ми се придружуваат стотици илјадници доброволци за да ја изградиме најголемата енциклопедија во историјата на човештвото.

Википедија не е комерцијална веб-страница. Таа е дело на заедницата, во целост напишана и основана од луѓе како вас. Секој месец Википедија ја користат над 340 милиони луѓе - речиси една третина од светското население кое користи Интернет. Вие сте дел од оваа наша заедница.

Верувам во нас. Верувам дека Википедија постојано се подобрува. Тоа е впрочем и целата идеја. Некој ќе напише нешто, друг малку ќе го подобри, и така сето време се подобрува. Ако денес тоа ви користи, замислете си колку можеме да постигнеме заедно за 5, 10, 20 години.

Кај Википедија се работи за моќта на луѓето како нас да создаваат извонредни нешта. Википедија ја пишуваат луѓето како нас, збор по збор. Луѓе како нас ја финансираат. Ова е доказ за нашиот колективен потенцијал да го измениме светот.

Треба да го заштитиме просторот кадешто се одвива оваа важна работа. Треба да ја заштитиме Википедија. Треба да се погрижиме да остане бесплатна и без реклами. Сакаме да остане отворена – можете да ги користите информациите од Википедија како што сакате. Сакаме постојано да расте – да шири знаења насекаде и да привлекува сечие учество.

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која ја создадов во 2003 со цел да можеме да работиме со Википедија, да ја развиваме, негуваме и заштитиме. За десет милиони американски долари годишно, и со кадар кој не брои ни 35 луѓе, Викимедија ја раководи петтата најчитана веб-страница во целиот свет. Од Вас барам помош за да можеме да продолжиме со нашата работа.

Замислете си свет каде секој на планетава би имал слободен пристап кон севкупното човеково знаење. Кон тоа се стремиме. И со вашата помош, тоа и ќе го постигнеме.

Ви благодарам што ја користите Википедија. Вие сте дел од оваа приказна: Ве молам донирајте денес.

Џими Велс

Основач на Википедија