Fundraising 2010/FAQ/mk

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki

Често поставувани прашања 2010

Каде одат парите?[edit]

Парите одат на луѓе и технологија. Иако Википедија и другите прокети на Фондацијата Викимедија се меѓу петте најпосетени мрежни места во светот, ние имаме само 302 вработени (вид. персонал). Половина од нив работат на технологија, има мала екипа за досег во јавноста и доброволни активности, а остатокот работат на прибирање средства и административни задачи. Покрај ова, донациите се наменети и за инфраструктура (опслужувачи и проточност), без која Википедија не може да работи и да се развива.

Во основа, Фондацијата Викимедија постои за да дава поддршка и развој на огромната мрежа од доброволци што ја пишуваат и уредуваат Википедија и сродните проекти -- а тоа се над 100,000 луѓе ширум светот.

Во ратки црти, што е Википедија?[edit]

Википедија е најголемата и најпопуларната енциклопедија на светот. Таа е интернет-енциклопедија, слободна за употреба, и без никакви реклами. Содржи над 16 милиони доброволно напишани статии на преку 298 јазици, и ја посетуваат над 430,000,000 милиони луѓе месечно - со тоа Википедија е петто најпосетено мрежно место во светот. Таа е плод на соработка помеѓу милиони корисници кои додаваат и уредуваат содржини во текот на изминатите девет години: секој може да ја уредува Википедија, и тоа во секое време. Википедија е најголемата збирка на заеднички сознанија во историјата на човештвото, и луѓето што ја поддржуваат ги сплотува љубовта кон знаењето, интелектуалната љубопитност, како и мислата дека заедно знаеме многу повеќе отколку што може да знае секој од нас поединечно.

Каде можам да најдам повеќе финансиски информации?[edit]

Годишен извештај за 2008–2009 г.
Годишен извештај за 2008–2009 г.

Годишниот извештај на Фондацијата Викимедија за 2008–2009 г. ја обработува претходната фискална година (1 јули 2008 - 30 јуни 2009), со осврт кон следната година. Ова е нашиот втор годишен извештај. Годишниот извештај е преглед на финансиите и програмските активности на организацијата, како и позначајните настани и достигнувања.

Позначајни настани:

  • Пуштање на Иницијативата за употребливост
  • Приклучување кон организацијата Creative Commons
  • Конференција „Викиманија“ во Александрија (Египет)
  • Започна процесот на отворена стратегија и планирање
  • Успешно собрани средства и проширување на основната дејност

Преземете го Годишниот извештај за 2008-2009 г.:

НајгореДонирајте сега

Дали Фондацијата Викимедија е добротворна организација?[edit]

Да. Фондацијата Викимедија е даночно-ослободена непрофитна организација [501(c)(3)] со седиште во Сан Франциско, САД. Можете да го прегледате писмото за даночно ослободување и финансиските извештаи со годишната евиденција.

НајгореДонирајте сега

Зошто да донирам на Фондацијата Викимедија?[edit]

Фондацијата Викимедија има за задача да им овозможи лесен пристап до информации на луѓето ширум целиот свет, бесплатно и без реклами. Ние сме непрофитна организација, и затоа зависиме од финансиска помош. Вашата донација непосредно го помага најголемиот енциклопедиски проект во светот: Википедија, петта најпопуларна страница во светот и најголемата енциклопедија во историјата на човештвото.

НајгореДонирајте сега

Какви ви се плановите? Кон што целите?[edit]

Како што изјави основачот Џими Велс: „Замислете свет во кој секоја личност има слободен пристап до целокупното човеково знаење“. Кон тоа се стремиме — и за да го постигнеме тоа, потребна ни е Вашата помош.

Секој месец, Википедија ја користат над 430,000,000 милиони луѓе ширум светот. Можете да ја користите на интернет, преку мобилен уред, на DVD, во книги и многу други облици. Се трудиме да привлечеме што е можно повеќе луѓе, и постојано го подобруваме квалитетот на информациите што ги нудиме. За таа цел:

  • значително го олеснуваме придонесувањето со знаења. Неодамна воведовме крупна иницијатива за подобрување на корисничкото искуство, додавање на текст и мултимедијални податотеки. Повеќе информации ќе добиете на проектната страница.
  • создаваме ресурси за образование и обука, со цел за придобивање на повеќе учесници: наставници, професори, ученици, студенти, фотографи, режисери, научници, библиотекари, архивари, кустоси, разни аматери, и разни други лица. Имаме значајна мрежа од 38 ограноци ширум светот која постојано расте. Ограноците ангажираат вакви лица и ги поттикнуваат да ја подобрат Википедија. Повеќе информации ќе најдете на проектната страница.
  • развиваме нови технологии и постапки за проверка на квалитетот кои не се косат со основните начела на отвореност на Викимедија. Се работи за методи на означување на уредувања и утврдување на потенцијално проблематични промени.
  • ја консултираме глобалната заедница на уредници, но и стручњаци и мислители ширум светот со цел да развиеме иновативни стратегии за досег до што повеќе лица, со ресурси од што повисок квалитет, и сè поголем број на доброволци. Повеќе информации за стратешката петолетка ќе најдете на проектната страница.
  • развој на богати шеми со податоци како поддршка на работата на движењето на Викимедија. Погледајте го нашиот месечен извештај и порталот за статистики.

И секако, имаме за цел и да го заштитиме досегашниот труд: да се намали ризикот од технички катастрофи што би можеле да збришат делови од досега сработеното. Затоа содржините редовно ги копираме на многу разни места. Ние не сме возбудена новопечена фирмичка што ќе замре за некоја година -- работиме долгорочно и со трајни успеси.

НајгореДонирајте сега

Како одржувате рамнотежа помеѓу отвореноста на Википедија и доверливоста на содржините?[edit]

Сметаме дека Википедија се подобрува со што поголемо учество. Но истовремено имаме строги стандарди. Водејќи се по тие стандарди, Википедија стекна почит од научниците, академиците, новинарите и фондациите.

НајгореДонирајте сега

Што е Фондацијата Викимедија?[edit]

Фондацијата Викимедија (Wikimedia Foundation, Inc.) е матична организација на разни проекти за слободни содржини, од кои најистакнат пример е Википедија, наградената интернет-енциклопедија. Википедија е основана во јануари 2001 од страна на Џими Велс, кој во јуни 2003 ја основаше и Фондацијата Викимедија. Уште од почетокот, постоиме со една цел: слободно и отворено споделување на знаење. Не продаваме информации и не прифаќаме рекламирање. Сето ова е возможно преку вашите донации. Образовните содржини од овие проекти ги нудиме во што повеќе облици. Од особена важност е тоа што даваме помош во подрачја со ограничена поврзаност и пристап, и им овозможуваме да учествуваат со слободни образовни содржини.

Поседуваме над 400 опслужувачи на кои работат проектите, заедно со сите придружни домени и заштитни знаци. Даваме поддршка и на стратешкиот развој на програми за МедијаВики (MediaWiki) и поврзаните алатки, што овозможува учество од поголем број луѓе и поголема делотворност на постоечката доброволна заедница. Тука спаѓаат и алатките што се наменети за одржување на висок квалитет. Развиваме образовни ресурси, работилници за поддршка и, со интелигентно размислување, се стремиме да придобиеме нови учесници и да ја прошириме Викимедија како меѓународно движење за слободно знаење.

Во сето ова имаме поддршка од нашите локални ограноци што се организирани во голем број земји.

НајгореДонирајте сега

Кои проекти ги поддржувате?[edit]

Фондацијата Викимедија ја поддржува Википедија, интернет-енциклопедија и една од петте најпосетени страници во светот. Од нејзиното основање во јануари 2001 и основањето на Фондацијата Викимедија јуни 2003, ние бележиме просто неверојатен развој. Википедија на англиски јазик (нашиот прв проект) веќе има над 6,000,000 статии. Збирно, Википедиите на сите јазици имаат вкупно 47,000,000 статии.

Покрај Википедија, Фондацијата Викимедија ги поддржува и следниве проекти:

Исто така работиме на постојан развој на МедијаВики, програмот со отворен код на кој работат сите наши јавни страници. Помагаме со организирањето на настани за досег во заедниците и поттикнуваме нови учесници во проектите. Нудиме и примероци за преземање и архиви на базата на содржини на Википедија.

Повеќе информации ќе најдете на страницата за нашите проекти.

НајгореДонирајте сега

Кој и како раководи со Фондацијата Викимедија?[edit]

Фондацијата Викимедија има персонал од 302 вработени, под раководство на извршниот директор Сју Гарднер. Персоналот служи за поддршка на работата на стотици илјади доброволци кои учествуваат на проектите на Викимедија со својот придонес од содржини. Фондацијата Викимедија ужива поддршка и од огромен број на доброволци што учествуваат во комитети, како стажисти, или „ад хок“.

Одборот на доверители раководи со мисијата и визијата на Фондацијата, врши контролни прегледи и развива долгорочни планови, врши надзор, и пружа поддршка во прибирањето на средства. Одборот е врховното тело на организацијата, утврдено со закон. Погледајте го записникот од состаноците и решенијата донесени од Одборот. Членовите на Одборот делумно се избираат од заедницата на учесници во проектите. Како помош на Одборот имаме и Советодавен одбор, со кој претседава Анџела Бизли Старлинг.

Седиштето (канцелариите) е во Сан Франциско (САД), кајшто работи најголем дел од персоналот. Сите членови на одборот и останатиот персонал работат далечински.

Се стремиме да работиме на високотранспарентен начин, и затоа ги објавуваме нашите клучни начела и правила и финансиските информации за организацијата.

НајгореДонирајте сега

Како се финансира Фондацијата Викимедија?[edit]

Викимедија се финансира главно од донации од стотици илјади поединци, но и со неколку подароци во облик на опслужувачи и вдомување (вид. добродетели).

Фондацијата Викимедија добива донации од над 50 земји од светот. Просечниот износ на донацијата е прилично мал, но бројот на донациите дава вкупна сума што ни овозможува да продолжиме со работа. Донациите ги добиваме во текот на целата година, но еднаш годишно организираме формален апел за прибирање средства.

Немаме намера да воведеме реклами како извор на приходи.

Фондацијата Викимедија има статус на даночно-ослободена организација [501(c)(3)] во САД. Донациите од други земји може исто така да ослободуваат од данок. За повеќе иинформации, погледајте ја страницата даночно изземање. Кликнете тука за да видите како да донирате со PayPal, MoneyBookers или по пошта. За сите други видови на донирање, обратете ни се на donate(_AT_)wikimedia.org.

НајгореДонирајте сега

Колку пари треба да се приберат?[edit]

Планот за 2010-11 г. бара средства од $20,4 милиони, за 28% повеќе од минатогодишниот план од $15,9 милиони (2009-10 г).

Повеќе подробности за финансиите ќе најдете во нашите финансиски извештаи. Еве го нашиот План за 2010-11 г. (PDF), а имаме и придружна страница Прашања и одговори.

НајгореДонирајте сега

Кој друг ве поддржува?[edit]

Највеќето средства доаѓаат од поединци -- луѓе како Вас. Имаме и средства некои приватни и заеднички фондации, како и компензациски придодеси од корпорации. Сите нив можете да ги видите на страницата Добродетели.

НајгореДонирајте сега

Каде можам да дознаат повеќе за вашите понови активности?[edit]

За фискалната година 2008-09, преземете го Годишниот извештај за 2008-2009 г: PDF-верзија (2,0 МБ)

НајгореДонирајте сега

Како да донирам?[edit]

За да донирате, посетете ја страницата за собирање средства. Можете да донирате со сите поважни кредитни картички (како VISA, Mastercard, Discover и American Express), PayPal, Moneybookers, со непосредно плаќање на сметка, или со чек на име на Фондацијата. Ги примаме (речиси) сите валути.

НајгореДонирајте сега

Каде да испратам чек?[edit]

Чековите испраќајте ги на:

Wikimedia Foundation, Inc.
P.O. Box 98204
Washington, DC 20090-8204
USA
Note: donations by check are processed directly at our centralized lockbox location which is in Washington, DC.

Претпочитаме чекови во американски долари, и тоа од сметки во САД. Чековите од странски банки и други валути се мошне скапи за исплата, што ја намалува вредноста на донацијата. Ако немате сметка во САД, тогаш ќе биде најдобро да платите со Paypal или друг вид на електронски пренос на пари.

НајгореДонирајте сега

Каде да испратам обрасци, писма и други материјали за Фондацијата Викимедија?[edit]

Сите преписки и документи од секаков вид испраќајте ги на нашиот безбеден поштенски фах:

Wikimedia Foundation, Inc.
P.O. Box 98204
Washington, DC 20090-8204
USA
Note: donations by check are processed directly at our centralized lockbox location which is in Washington, DC.

НајгореДонирајте сега

Можам ли да донирам акции?[edit]

Фондацијата Викимедија прифаќа донации во облик на акции. Можете да префрлите акции од Вашето брокерство на нашето - на брокерот дајте му наше име, бројот на инвестиционата сметка и DTCC-број.

Account holder name: Wikimedia Foundation, Inc.
Financial broker: Smith Barney
Investment account number: 546-0356C-14-782
DTCC Clearing account number: #0418

НајгореДонирајте сега

Дали за донацијата важи даночно ослободување?[edit]

За поподробни информации на оваа тема, погледајте го списокот на земји кајшто постои даночно ослободување.

НајгореДонирајте сега

Како ќе добијам даночна потврда кога ќе донирам?[edit]

Ако донирате со PayPal или кредитна картичка, даночната потврда ќе ја добиете по е-пошта (секако, доколку сте ја навеле во образецот за донирање). Донациите со чек во износ поголем од $50 добиваат даночна потврда по пошта, ако сте навеле Ваша адреса. Можете да побарате даночна потврда и на адресата giving(_AT_)wikimedia.org (наведете контактни поатоци, методот со кој сте донирале и износот на донацијата).

НајгореДонирајте сега

Можам ли да донирам наменски за некоја конкретна цел?[edit]

Добротворните организации во САД како Фондацијата Викимедија, се обврзани да ги почитуваат ограничувањата наложени од дарителите. Ова значи дека ако сакате донацијата да биде наменска, ние или ќе го испочитуваме барањето, или ќе ви го вратиме износот. Но пред да го направите тоа, имајте предвид дека општонаменските донации ни се многу пополезни. Секое наменско ограничување наложува дополнителни административни и проектни трошоци, и ја зголемува внатрешната сложеност на она што го правиме.

НајгореДонирајте сега

Зошто има минимален износ за донирање?[edit]

Минималниот износ за донирање изнесува $1. Добиваме донации од луѓе што не се при пари, и навистина сме им преблагодарни. Ако дарот Ви значи Вам, тогаш ни значи и нам. Но неретко извесни луѓе користат механизми за донирање како нашиов за да испробаат украдени кредитни картички, т.е. за да видат дали работат. Бидејќи се пробни, ваквите донации обично се прават со мошне мал износ: така, заклучивме дека минимумот од $1 успешно ги одвраќа од вакви активности.

НајгореДонирајте сега

Како можам да разгласам?[edit]

Разгласете како што сакате и можете! Кажете им на приајтелите и семејството. Кажете им како ја гледате Википедија. Прашајте ги дали ја користат и какво значење има за нив. Користете го следниов текст како потпис на дното од пораките што ги праќате по е-пошта:

Ја создадовме најголемата збирка на заедничко знаење во историјата. Помогнете ни да ја заштитиме Википедија. Донирајте сега: http://wikimediafoundation.org/wiki/Support_Wikipedia/mk

НајгореДонирајте сега

Какви ви се правилата за приватност на дарителите?[edit]

Заштитата на приватните податоци на дарителите ја сфаќаме многу сериозно. Повеќе за ова ќе најдете на страницата Правила за приватност на дарителите. Накратко, не покажуваме, продаваме или разменуваме е-пошти на дарители со никого.

НајгореДонирајте сега

Како можам да ја контактирам Фондацијата?[edit]

Погледајте ги информациите на страницата „Контакт“.

НајгореДонирајте сега