Прибирање средства 2012/Превод/Обраќање на Мајк К

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
This page is a translated version of the page Fundraising 2012/Translation/MikeC Appeal and the translation is 100% complete.

1

Кога бев дете, почнав да купувам книги за мушичарење. До денес имам насобрано над 600 книги на таа тема. Имам мушичарено ширум светот. Некои мислат дека е некаков езотеричен спорт, но јас сум заљубен во мушичарењето.

По 28-годишен стаж во Воздухопловните сили на САД, го пропатував светот, па се пензионирав и се преселив во Монтана, каде човек може да мушичари и планинари колку што сака. Кога не сум во природа, пишувам на таа тема на Википедија.

Никој не ме плаќа за ова. Уредувам бидејќи сум убеден во задачата на Википедија: дека севкупното човеково знаење треба да стои на располагање секому на светов. И тоа бесплатно.

Википедија е непрофитна, и сметам дека само така треба да биде. Не работи за акционери, не полни банкарски сметки. Така Википедија може да се посвети на нејзината задача и нејзините начела. Затоа давам мал прилог секоја година.

Годинава, се надевам дека ќе ми се придружите да дадеме нешто за возврат.

Bio

Мајк Клајн израснал во јужна Калифорнија, пред да замине во Воздухопловните сили на САД во екот на Виетнамската војна. Служел 28 години и се пензионирал како потполковник во 1996 г. Сега живее во Монтана, каде работи како стратешки консултант. На Википедија, Мајк пишува за географијата и природонауката на Монтана и нејзините национални паркови. И секако, на тема мушичарење, користејќи се со неговата библиотека од над 600 книги.