Stewards/elections 2009/Guidelines/mk

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
Jump to navigation Jump to search
Избори 2009 Надзорници (упатство за пријавување)
Оваа страница ги упатува корисниците заинтересирани за гласање или кандидатура на изборите за надзорници. Прочитајте го секој поднаслов подолу.

Гласачи[edit]

Пред да гласате, морате:

  • да не бидете блокирани на Мета (ова вики).
  • со една корисничка сметка на барем еден Викимедиин проект:
    • да имате барем 600 уредувања пред 1 февруари, 2009;
    • да имате барем 50 уредувања помеѓу 1 февраури, 2009 и 1 февруари, 2009;
    • да имате сметка на Мета со корисничка страница поврзана со вашето матично вики;
    • да не бидете бот.

Тука можете автоматски да проверите дали се квалификувате.

Преведувачи[edit]

Помогнете со преведувањето на овие страници на вашите јазици:

  • вовед (најгоре на страницата за избори);
  • упатство (оваа страница);
  • изјави на кандидатите: одете на врските за преводи под секој поднаслов;
  • CentralNotice: погледајте ја страницата за преводи.

Предолзи за учесниците[edit]

  • Доколку вашето матично вики нема известување за овие тековни избори, тогаш препорачливо е да ставите известување на тамошната огласна табла за да ги известите потенцијалните кандидати и учесници.
  • Поставајте им прашања на кандидатите, ако сакате. Ако се наложи потреба, опширните разговори ќе бидат преместени на страницата за разговор за изјавите на кандидатот. Тогаш ќе треба да оставите известување, за другите учесници да знаат каде да погледаат ако се заинтересирани.
  • Слободно оставите краток (највеќе еден до два реда) коментар со кој го објаснување вашиот глас. И тука, опширните разговори (одговори на туѓите гласови) ќе мораат да се преместат, па затоа и во овој случај ќе треба да оставите известување за другите корисници да знаат каде можат да го проследат разговорот.

Кандидати[edit]

Предуслови[edit]

Пред да се пријавите за надзорник, обратете внимание на тоа дека:

  • се согласувате да се придржувате кон правилата за надзорници;
  • имате активна корисничка сметка на ова Мета вики;
  • имате сметка барем на еден проект на фондацијата Викимедија каде сте биле активни барем три месеца.

Покрај ова, бидејќи работата на надзорникот е таква што може да го вмеша и доведе до правни последици и вмешаност, морате:

  • да имате барем 18 години пред последниот ден на гласањето;
  • да сте спремни на фондацијата Викимедија да ѝ го соопштите вашето полно име и презиме и да приложите доказ за тоа (некаква лична исправа).

Се претпочита надзорниците да зборуваат повеќе од еден јазик, бидејќи сјуардството честопати подразбира работа на проекти на разни јазици. Исто така надзорниците треба да бидат достапни и расположливи разумно често. Помеѓу другите ограничувања, надзорниците не треба да ги користат своите посебни права на проектите каде се активни, со цел да се избегне судир на интереси, а треба да посматраат и да пружаат помош на Мета на страниците за побарувања (како барања за дозволи, статуси на бот и checkuser податоци). Доколку користите ИРЦ, повелете, придружете ни се на #wikimedia-stewardsconnect на freenode за да одговорите на барањата.

На неактивните надзорници ќе им биде оневозможен пристапот.

Пријавување[edit]

Ако сакате да станете надзорник, проследете ги следниве чекори.

Направете страница со своја изјава[edit]

  1. Направете подстраница на страницата со наслов „Stewards/elections 2009/statements/Ваше_корисничко_име“.
  2. Зачувајте ја со следниов текст, со кој ќе се постави формулар за вашата номинација:
    {{subst:sr-new statement 2009}}
  3. Уредете ја страницата со следниве податоци:
    • Вашето вистинско име (изборно);
    • врска кон корисничката сметка на Мета, како и врска кон друга активна сметка која ги усполнува предусловите.
    • листа на јазици на кои знаете да читате и пишувате, using the language-independent Wikimedia shorthand (видете Вавилон).
    • краток опис на вашето учество во фондацијата Викимедија. Од особен интерес е ако сте администратор или бирократ, учесник во доброволни задачи како членување во тимот за одговањате на е-пошта или Арбитражниот комитет, а можете да ставите и секакви други информации за кои сметате дека се релевантни. Можете да ги погледате изјавите на други кандидати за да добиете повеќе идеи.

Кога сте подготвени, внесете ја вашата подстраница во страницата за избори со тоа што ќе го додадете следниов текст, запазувајќи го азбучниот редослед: „{{:Stewards/elections 2009/statements/Ваше_корисничко_име}}“. Доброволците ќе ја преведат вашата изјава на разни јазици.

Приложете доказ за идентитет[edit]

Information

Доказот за идентитет мора да биде примен пред 1 февруари, или во спротивно ќе бидете дисквалификувани. Погледајте ги шаблоните за е-пораки за да дознаете како се прави тоа.