Fundraising 2009/thank you/mk

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
Jump to navigation Jump to search

Need help? See the Translation FAQ or Meta:Babylon. All translators should also subscribe to translators-l to be kept up-to-date (and to ask questions).
General Fundraising Translation Guidelines: Fundraising 2009/Translations.

Notice[edit]

  • Благодарница од
    основачот на Википедија Џими Велс

Quote[edit]

  • „Замислете си кога секој на светот би можел да има удел во слободниот и целосен пристап кон севкупното човеково знаење.“
  • — Џими Велс, основач на Википедија

Благодарница од основачот на Википедија Џими Велс[edit]

Восхитен сум. Што да кажам? Ви благодарам.

Штотуку ја завршивме најуспешната акција за собирање на средства во нашата историја. Собравме $7,5 милиони долари за неполни 8 недели.

Неверојатно. Но не ме изненадува.

Во 2001 јас ставив облог на луѓето, и никогаш не се разочарав.

Вие ја создадовте најголемата збирка на човеково знаење на сите времиња: 14 милиони енциклопедиски статии на 270 јазици, која и понатаму расте и се подобрува секој ден. Вие ја поддржавте, вие ја финансиравте и вие ја заштитивте.

За Википедија не плаќаме со реклами. Вие плаќате. Википедија е петтата најпосетена веб-страница на светот – 340 милиони луѓе во изминатиот месец – а ние работиме со сопствени сервери и го плаќаме нашиот минимален персонал исклучиво од донации.

Благодарение на вашите донации Википедија и понатаму е слободна и бесплатна за употреба, без никакви реклами. Со вашите донации ние неуморно шириме слободен пристап до знаења ширум целиот свет.

Ви благодарам за сето она што го давате за Википедија да стане стварност. Вашите коментари ме инспирираат, и се чувствувам почестен што можам да ја посведочам вашата страст за Википедија.

  • „Кога немам одговори на некои прашања во животот, вие сте секогаш тука за да ме спасите!“ - Лорен Сиера
  • „За мојот 6-годишен син Википедија претставува прекрасен прозорец кон светското знаење“. - Пилгрим Берт
  • „Википедија е од многу голема важност за сите. Таа претставува голема победа за човештвото.“ - Фернандо Борба
  • „Пред сè Википедија ѝ излегува во пресрет на една едноставна потреба: непосреден пристап до висококвалитетни информации на секоја тема што можете да си ја замислите. Затоа на драго срце ја поддржувам.“ - Жоао Нунес

Ова е восхитувачка приказна. Како неа нема друга.

И ако досега немате дадено некаков придонес за да ја поддржите Википедија, знајте дека не е предоцна. Сè уште можете да дадете донација во поддршка на слободното и отворено споделување на знаења. Само кликнете тука.

Исто така би ви препорачал да ги поддржите нашите пријатели:

Ви благодарам уште еднаш.

Википедија засекогаш,

Џими Велс

Основач на Википедија