Универзален правилник на однесување/Проект
![]() | This page in a nutshell: Универзалниот правилник на однесување (УПО) има за цел да определи универзална основа на прифатливо однесување за целото Викимедиино движење и сите негови проекти. |
Универзалниот правилник на однесување (УПО) е направен со намера да обезбеди глобална основа за прифатливо однесување во рамките на целото движење без толеранција за вознемирување. Создаден е во процес на соработка во две фази. Во I фаза изготвивме нацрт на правилата. Во II фаза направивме нацрт на напатствијата за спроведување. Правилата беа ратификувани од Одборот на доверители на 2 февруари 2021 г. а напатствијата за спроведување беа ставени на гласање во целата заедница во март 2022 г. Заедницата искажа поддршка за напатствијата, притоа предлагајќи неколку подобрувања. Комитетот за работи на заедницата (CAC) побара некои делови од напатствијата да бидат изменети од комитет за преработки предводен од заедницата. Овој процес на доработка заврши, и второто гласање во заедницата ќе се одржи на 17 до 31 јануари 2023 г.
Преглед
Универзален правилник на однесување (УПО)
УПО е клучна иницијатива произлезена од разговорите на заедницата и стратешкиот процес поврзани со „Викимедија 2030“. Стретешките групи се советуваа со викимедијанци од глобалните аедници. Беа разработени десет препораки кои ќе му дадат насока на движењето во неговата визија за 2030 г. Една од препораките да „Обезбеди безбедност и вклучителност“ подразбираше изготвување на нацрт за Правилник на однесување — УПО. УПО беше разработен советувајќи се со заедниците ширум Викимедииното движење во поглед на контекстот, постоечките локални правила, како и структурите за спроведувањето на правила и решавањето на спорови. На оваа страница ќе најдете претходни разговори во заедницата во врска со Универзалниот правилник на однесување.
Советувањето за УПО се одвиваше во две фази. Во I фаза, од јуни до декември 2020 г. беа направени истражувања и разговори со заедниците за тоа како би изгледал УПО. Од ова произлезе УПО, кој беше одобрен од Одборот на доверители на 2 февруари 2021 г. II фаза официјално започна во февруари 2021 г. и исто така подразбираше глобални разговори и изготовка на нацрт-напатствија за спроведување, процеси и патеки за УПО од страна на заеднички комитет од доброволци и персонал. Периодот за преработка на Напатствијата за спроведување започна во април 2022 г. со Комитетот за преработка, чија главна цел е да собере мислења на заедницата дадени при гласањето и да ги внесе во преработениот документ.
Универзален правилник на однесување — Правила
Универзалниот правилник на однесување (УПО) е предвиден како збир од правила кои обезбедуваат универзална основа за прифатливо однесување ширум целото Викимедиино движење и сите негови проекти. Во него е изложено што се смета за прифатливо и неприфатливо однесување, и тоа ќе важи за секој што содејствува со и учествува во семрежни и вонмрежни Викимедиини проекти и простори. Погледајте го целиот текст на правилата.
Универзален правилник на однесување — Напатствија за спроведување
Овие напатствија даваат рамка за спроведување на Универзалниот правилник на однесување. УПО веќе е ратификуван од Одборот на доверители. Вклучува спречувачки, утврдувачки и иследувачки дејства, како и други дејства за справување со кршењето на Универзалниот правилник на однесување. Со спроведувањето ќе се занимаваат (иако не исклучиво) назначени функционери на разни семжрени и вонмрежни Викимедиини проекти, настани и поврзани простори вдомени на платформи од трети лица. Ќе се врши на организиран и навремен начин, доследно ширум сето Викимедиино движење.
Напатствијата за спроведување на УПО се состојат од два дела:
- Превентивна работа
- Подигање на свеста за УПО, препорачување на обука за УПО, меѓу другото.
- Реактивна работа
- Подбробно опишување на постапката на поднесување
- Обработка на пријавени прекршоци
- Обезбедување ресурси за пријавени прекршоци
- Укажување на спроводителни дејства против прекршоци
Ќе се основа нов комитет наречен Комитет за координација на Универзалниот правилник на однесување (U4C). U4C е предвиден да биде врховно одлучувачко тело ако локалните тела не успеат да го спроведат Универзалниот правилник на однесување. U4C ќе биде ускладен со другите одлучувачки тела како Арбитражните комитети и Комитетот за подружници. U4C ќе биде воспоставен од страна на Комитет за изградба. Овој комитет ќе има членови од заедницата на доброволци, персоналот на Фондацијата Викимедија и персонал од нејзините подружници. Комитетот за изградба ќе ги планира чекорите кои се потребни за фунционален U4C.
Тековна состојба
Напаствијата за спроведување на УПО беа ставени на разгледување во заедницата на 6 јануари 2022 г. Одборот на доверители на Фондацијата Викимедија објави изјава на 24 феврурари 2022 г. во поддршка на гласањето во заедницата по предложените напатствија за УПО.
Потоа, од 7 до 21 март 2022 г. се одржа гласање во заедницата. Се одвиваа дискусии и разговори чија цел беше да ја запознаат заедницата со УПО и Напатствијата за спроведување, така осигурувајќи се дека викимедијанците ќе можат да гласаат информирано.
Гласањето заврши и исходот беше објавен. Откако CAC ги разгледа добиените мислења, беше препорачан втор комитет претежно сочинет од членови на комитетите за Правила за УПО (I фаза) и Напатствија на спроведување (II фаза) со цел да ги измени напатствијата на четири полиња на задршка кои беа посочени во периодот на гласање: читливост и преводливост, приватност на обвинувачот наспроти обвинениот, обука и признание. Комитетот за преработка веќе ја заврши својата работа. Сега се изготвуваат преводи на преработениот нацрт воочи гласањето на почетокот на 2023 г.
Времеслед
Преработки на Напатствијата за спроведување | ||
---|---|---|
Настан/Остварување | Датум | Состојба |
Комитетот за преработка разгледува коментари и прави нацрт за потребните измени | јуни – август 2022 | Завршено |
Советувања со заедницата за преработените Напатствија за спроведување | септември 2022 | Завршено |
Конечни преработки согласно советувањето | октомври – ноември 2022 | Завршено, се преведува |
Гласање во заедницата по преработените напатствија | јануари – февруари 2023 | Претстои |
Extended content | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
Застарена историја на проектот | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
ИсторијаУПО е клучна иницијатива произлезена од разговорите на заедницата и стратешкиот процес поврзани со „Викимедија 2030“. Стретешките групи се советуваа со викимедијанци од глобалните заедници. Беа доставени 10 препораки кои ќе му дадат насока на движењето во неговата визија за 2030 г. Една од препораките, да „Обезбеди безбедност и вклучителност“ подразбираше изготвување на нацрт за Правилник на однесување — УПО. УПО се разработува советувајќи се со заедниците ширум Викимедииното движење во поглед на контекстот, постоечките локални правила, како и структурите за спроведувањето на правила и решавањето на спорови. На оваа страница ќе најдете претходни разговори во заедницата во врска со Универзалниот правилник на однесување. Советувањето за УПО се одвиваше во две фази. Во I фаза, од јуни до декември 2020 г. беа направени истражувања и разговори со заедниците за тоа како би изгледал УПО. Од ова произлезе УПО, предвиден да важи за сите активности на Викимедииното движење. Одборот на доверители на 2 февруари 2021 г. го објави неговото одобрение на УПО, иако овој Правилник на однесување не доби одобрение ниту од глобалната, ниту од поединечните заедници. II фаза подразбира тековни глобални разговори и изготвување на нацрт за остварувањето и примената на УПО. Ова официјално започна во февруари 2021 г.
Помеѓу 2018 и 2020 г. стратешкиот процес за „Викимедија 2030“ ги повика доброволците да го оценат најдобриот пат за Викимедииното движење кон иднината. Работејќи со работни групи, семрежни дискусии и присуствени настани ширум светот, во мај 2020 г. дојдовме до 10 препораки и начела. Една од овие препораки беше да се „Обезбеди безбедност и вклучителност“:
Клучен дел од оваа препорака беше да се создаде Правилник на однесување — УПО. Намерата е да обезбеди „универзална основа за прифатливо однесување во рамките на целото движење без толеранција за вознемирување“. Викимедиините заедници работат во многу разновидни контексти, па затоа ниеден правилник на однесување нема да може да ги покрие сите ситуации и проблеми. Доколку Условите на употреба бидат преработени за да го вклучат правилникот, учесниците и локалните проекти се замолуваат да го почитуваат и да градат локални правила врз основната рамка која ја утврдува УПО. Според Изјавата на Одборот на доверители , проектот за УПО има две фази. Првата фаза („I фаза“) подразбираше истражување, дијалог со заедницата и заинтересираните страни, како и со заеднички комитет на доброволци и вработени назначен од персоналот кои изготвија нацрт на предлог-текстот на УПО. Предложениот текст беше поднесен за ратификација од Одборот на доврители на 13 октомври 2020 г. Одборот го одобри текстот на 2 февруари 2021 г. Втората фаа („II фаза“) започна на 2 февруари 2021 г. кога Одборот го одобри нацрт-текстот на УПО разработен во I фаза. Втората фаза на проектот се задржува на тоа како да се спроведува УПО. Како и во првата фаза, потребни ни се мислења од разни заедници ширум Викимедииното движење за да ги утврдиме одговорностите и да определиме јасни патишта за спроведување. |