Википедија на Месечината

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki
Jump to: navigation, search
This page is a translated version of the page Wikipedia to the Moon and the translation is 100% complete.

Other languages:
العربية • ‎অসমীয়া • ‎беларуская • ‎български • ‎روچ کپتین بلوچی • ‎বাংলা • ‎català • ‎کوردیی ناوەندی • ‎čeština • ‎dansk • ‎Deutsch • ‎Zazaki • ‎Ελληνικά • ‎English • ‎Esperanto • ‎español • ‎eesti • ‎euskara • ‎فارسی • ‎français • ‎Nordfriisk • ‎Gaeilge • ‎galego • ‎Alemannisch • ‎עברית • ‎हिन्दी • ‎magyar • ‎Հայերեն • ‎interlingua • ‎Bahasa Indonesia • ‎Ido • ‎italiano • ‎日本語 • ‎ქართული • ‎ಕನ್ನಡ • ‎한국어 • ‎Lëtzebuergesch • ‎lietuvių • ‎मैथिली • ‎македонски • ‎മലയാളം • ‎Bahasa Melayu • ‎မြန်မာဘာသာ • ‎Bân-lâm-gú • ‎Napulitano • ‎Nederlands • ‎occitan • ‎ਪੰਜਾਬੀ • ‎polski • ‎پښتو • ‎português • ‎português do Brasil • ‎русский • ‎سنڌي • ‎српски / srpski • ‎Basa Sunda • ‎svenska • ‎ไทย • ‎Türkçe • ‎українська • ‎Tiếng Việt • ‎粵語 • ‎中文
ToTheMoon Header png.png
Почетна I фаза: сценарија II фаза: гласање III фаза: работа IV фаза: завршница За потфатот ЧПП
done done done done

Група научни ентузијасти од Берлин планираат да испратат свое самоделно возило на Месечината. Воедно, сакаат со него да ја понесат и Википедија. По повод 15-годишнината на Википедија, ја покануваме нашата глобална заедница на уредници да го изготвиме најсилната временска (и вселенска) капсула на сите знаења.

Википедија на Месечината – накратко

Поминаа речиси 40 години откако „Војаџер 2“ со себе во далечната вселената понесе порака од човештвото сместена на т.н. „Златна плоча“. На неа имаше поздрави, извесни звучни записи и слики ...но не и збирот на сите човекови сознанија.

„Вонредни научници“ се една од петте екипи кои преостанаа да се натпреваруваат во конкурсот „Lunar XPRIZE“ на Google. Нивната цел е да стасаат на Месечината во 2017 г., безбедно да го спуштат возилото на нејзината површина, истиот да провози 500 метри и да испрати слики назад на Земјата. Едно вселенско возило обично нема многу место за да носи дополнителни работи, туку сета носивост е посветена на научни инструменти. Возилото што го гради екипата „Вонредни научници“ има простор за таква апаратура, но со себе ќе носи диск со содржини од Википедија, кој е овозможен од огранокот Викимедија Германија.

Зошто просто не направиме примерок од Википедија и да го ставиме на дискот? Бидејќи дискот има мошне ограничена носивост на податоци, на него не би можела да се смести една од поголемите јазични изданија на Википедија (и тоа без историја на преработки, слики и снимки). Но, поважно од тоа е што Википедија е глобален проект и има содржини на преку 300 јазици. Дури и да успееме на Месечината да донесеме само краток преглед на Википедија, ова сепак ќе биде претставително за збирот на целото човеково знаење. Со ова ќе се пренесе не само квалитетот на работата на Викимедиината заедница, туку и нејзината културна разновидност, различните перспективи и многу гласови.

Како ова да се изведе? Како да одредиме? Во Wikimedia Deutschland|Викимедија Германија сметаме дека најдобар начин да одлучиме за тоа како Википедија да патува по вселената е да се потпреме на нејзината силна страна: Ова е јубилеен подарок за сите Викимедиини заедници ширум светот. Ајде да поразговараме а ова како глобално движење и да соработуваме на вики. Ова е единствен потфат сам по себе, бидејќи никогаш досега не биле повикани сите Викимедиини заедници да одлучат и да работат на проект со ограничен простор … и време. За да го запазиме рокот за достава на дискот за месечевото возило, ќе треба да работиме заедно и на рокот за уредување. Нашата цел е да ги завршиме разговорите во заедницата, да имаме одлуки и веќе подготвени содржини до Меѓународниот ден на доброволците (5 декември 2016):

5 декември 2016 г. 39 милиони статии, 300 јазици, илјадници уредници. Еден диск од околу 20 ГБ.

На оваа страница на Мета е предвидена да помогне во постапката сè до одржувањето на Викиманија во јуни 2016 г. Дотогаш ќе треба да решиме како да постапуваме како глобална заедница и во нашите поединечни јазични заедници. Ова е навистина смел пофат! Сите подробности ќе ги најдете на потстраниците „За потфатот“ и „ЧПП“.

Да ја одведеме Википедија на Месечината! Ни треба вашето мислење и вашите идеи во тековните разговори за можните работни сценарија. Уредувајте!

Поврзано