Jump to content

Fundraising 2010/Appeal/mk

From Meta, a Wikimedia project coordination wiki

Пред десетина години кога почнав да разговарам за Википедија, луѓето ме гледаа чудно.

Деловните типови беа скептични дека е возможно доброволци од цел свет да се здружат за да направат извонреден заеднички фонд на знаење – сè со цел да споделуваат сознанија.

Без реклами. Без заработка. Без агенда.

Една деценија по основањето, секој месец над 380 милиони луѓе ја користат Википедија - речиси третина од светското население што има интернет.

Ние сме 5-та најпопуларна страница во светот. Другите четири се создадени и се одржуваат со вложување милијарди долари, огромен број вработени и безмилосен маркетинг.

Но Википедија воопшто не е комерцијална страница. Таа е творба на заедницата - дело на доброволци, статија по статија. Вие сте дел од нашата заедница. И денес ви се обраќам со молба да ја заштитиме и одржиме Википедија.

Со заеднички напори Википедија и понатаму ќе остане бесплатна и без реклами. И понатаму да биде отворена – информациите од Википедија можете да ги користите како што сакате. Да продолжиме со развој – распространувајќи сознанија насекаде, да повикуваме на сечие учество.

Секоја година ова време Ве повикуваме, и ве замолуваме Вас и сета заедница на Википедија за помош, за да го одржиме нашиот заеднички потфат со скромна донација од $20, $35, $50 или повеќе.

Ако ја цените Википедија како извор на информации – но и извор на инспирација – тогаш, се надевам, ќе делувате веднаш.

Сè најдобро,

Џими Велс

Основач, Википедија

П.С. Википедија е израз на нашата моќ - способноста луѓе како нас да прават извонредни нешта. Википедија ја пишуваат луѓе како нас, и тоа збор по збор. Средствата ги обезбедуваат луѓе како нас, донирајќи малку по малку. Ова е доказ за нашиот потенцијал заедно да го промениме светот.